Маскирани напаѓачи пукаат врз камионџија при обид да го киднапираат- му го украдоа камионот (Вознемирувачко видео)
2Маскирани напаѓачи пукаат врз камионџија при обид да го киднапираат- му го украдоа камионот (Вознемирувачко видео)
3Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк
МакедонијаПуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – КлечовцеЗа оваа делница одвоени се 35 милиони денари. Поставен е асфалтен слој во должина од 5.600 метри, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, Коце Трајановски, пратеници од Собранието на РСМ, претставници од Владата на РСМ и претставници од месните заедници низ кои поминува регионалниот пат, денеска ја пушти во сообраќај делницата Бељаковце – Клечовце. За оваа делница одвоени се 35 милиони денари. Поставен е асфалтен слој во должина од 5.600 метри, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта. Рехабилитацијата на овој патен правец, соопштија од Општина Куманово, е реализирана согласно Годишната програма на ЈПДП за 2025 година, преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонија пат, од каде се издвојуваат средствата за обнова на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), односно општините. - Реконструкцијата на патниот правец Бељаковце – Клечовце се одвиваше во повеќе фази: земјени работи на коловозната лента, проширување на трасата, кастрење по текот на целата делница, порамнување, тампонирање и асфалтирање на завршниот слој, се наведува во соопштението. Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта изјави дека инвестира во регионалните и локалните патишта бидејќи биле запоставени во минатото, а со реконструкција на патиштата се надева дека жителите кои се отселиле ќе се вратат да живеат тука. - Ова е еден прекрасен крај со плодно земјиште блиску до река Пчиња. Тука се направи пругата во Бељаковце, а со регионалниот пат ние сакаме и автопатски да го поврземе овој дел од Куманово. Како јавно претпријатие за државни патишта сега инвестираме во регионалните и локалните патишта бидејќи факт е дека во Македонија тие се запоставени и тоа е причина луѓето де се иселуваат од овие села. Се надевам дека овој пат ќе придонесе и за разводот на овој регион, ова е земјоделски крај и луѓето ќе почнат да се враќаат тука и да живеат, вели Трајановски. Како Јавно претпријатие Државни патишта врз основа на нашата програма за 2025 година, посочи тој, направен е договор со Јавното претпријатие Македонија пат и има околу 30 милиони евра, од кои 300 милиони денари се предвидени за реконструкција, рехабилитација и поправка на овие локални патишта. Тој нагласи дека Општина Куманово не е запоставена, како една од поголемите општини во државата јавното претпријатие за државни патишта ќе инвестира 85 милиони денари за тековната година. - Следниот пат којшто ќе го прави Македонија пат оваа година преку јавното претпријатие Државни патишта е патот од село Пчиња до село Вак’в и со тоа ќе ја исполниме програма за оваа година. Следната година заедно со градоначалникот и пратениците ние ќе утврдиме кој места ќе бидат приоритет и да бидат направени рехабилитирани локалните патишта, а кои се во надлежност на Јавното претпријатие Државни патишта. За 2025 година имавме контакти со сите градоначалници на локалните самоуправи во Република Македонија со пратениците и со населението и така ги одредивме приоритетите за 2025 истата процедура ќе биде за 2026 година, кажа Трајановски. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски се заблагодари на разбирањето на менаџерскиот тим на јавно претпријатие за државни патишта и на јавно претпријатие Македонија пат за реконструкција на оваа патна траса. - Од страна на граѓаните коишто живеат во овој дел на општина Куманово стигнаа голем број на барања и апели да се реконструира оваа траса која што претходно беше уништена поради изградбата на пругата Куманово-Бељаковце со употреба на тешки возила и машини. Оваа е еден добар позитивен проект особено за овој дел на општината која е една од позапоставените и стопански неразвиени. Општина Куманово и државните институции со Владата ќе продолжиме да инвестираме во неразвиените делови на државата а со тоа и во неразвиените делови на општина Куманово, истакна Димитриевски. Претседателот на месната заедница на село Довезенце, Драги Додевски, вели дека по оштетувањето на патот по изградбата на пругата побарале да им го реконструираат. Тој кажа дека во село Довезенце живеат околу 50 домаќинства, а сега има изградено 82 викенд куќи. На денешниот настан биле потенцирани заложбите на Општина Куманово и државните јавни претпријатија, дека ќе продолжи процесот за унапредување и развој на руралните области во овој регион. Тагови: асфалтирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МетеоСончево и топло со мала до умерена облачностВремето денеска според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и наместа услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 19. септември 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 19. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро . Кариера Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат. Здравје и совет Јадете повеќе зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте. Здравје и совет Намалете ги калориите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место. Кариера Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа. Здравје и совет Делата се поважни од зборовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците. Кариера Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата. Здравје и совет Знаете што ви е потребно за да бидете здрави. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се. Кариера Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете. Кариера Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата. Здравје и совет Немојте да се противите . Овен 21.3-20.4. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност. Кариера Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат. Здравје и совет Бидете искрени кон себе и кон другите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка. Кариера Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем. Здравје и совет Емотивна нерамнотежа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора. Кариера На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува. Здравје и совет Спасот е во работењето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува. Кариера Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно. Здравје и совет Држете се до законите. Лав 23.7-22.8. Љубов Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право. Кариера Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се. Здравје и совет Мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаМаскирани напаѓачи пукаат врз камионџија при обид да го киднапираат- му го украдоа камионот (Вознемирувачко видео)Камион на турска логистичка компанија што превезувал какао во вредност од околу 6 милиони евра бил ограбен во Италија откако четири маскирани вооружени лица му го блокирале патот на автопат.Осомничените користеле сигнален прекинувач за да ги прекинат комуникациите, а откако не успеале да ја отворат приколката на камионот што го одвезле од местото на нападот, го напуштиле возилото и избегале, објави DHA. Камионот, управуван од логистичка компанија со седиште во Анталија, бил управуван од С.С. Камионот бил натоварен со какао во вредност од околу 6 милиони евра во Италија, а потоа се упатил кон Турција. Во среда, 16 септември, околу 18 часот, камионот што се движел по автопатот А-14 во близина на Бари, Италија, бил застрелан од автомобил. Четири вооружени лица го блокирале патот на камионот Четири вооружени и маскирани мажи излегле од возилото и, откако го користеле прекинувачот за да ги прекинат комуникациите, го скршиле прозорецот на камионот. Осомничените го извлекле возачот С.С. од возилото и го претепале, обидувајќи се на сила да влезе во нивниот автомобил. Кога не успеале, избегале, возејќи го камионот. Моментот на нападот е снимен на камера С.С., кој немал паричник или мобилен телефон со себе за време на нападот, успеал малку подоцна да ја контактира сопругата и да ѝ каже што се случило. Неговата сопруга ги известила властите во логистичката компанија во Анталија. Моментите кога напаѓачите пукале биле снимени на камерата на камионот. View this post on Instagram A post shared by Haber 7 (@haber7com) Потоа претставниците на компанијата презеле акција и ги известиле властите. Камионот, чија локација била утврдена за време на операцијата спроведена во Италија, бил пронајден. Утврдено е дека напаѓачите избегале откако не успеале да ја отворат приколката. Италијанските власти го истражуваат инцидентот, додека потрагата по четворицата осомничени кои го киднапирале камионот продолжува. Камионот е сè уште во Италија и во тек се постапки во врска со него.Тагови: камион напаѓачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook