Пуштен од затвор по 43 години - бидејќи НЕ Е ВИНОВЕН! - Канал 5

Пуштен од затвор по 43 години - бидејќи НЕ Е ВИНОВЕН!

Неверојатна животна приказна! Џејмс Роберт Мекаркин поминал цели 43 години во затвор од кои 39 за убиство за кое тврдел дека не го извршил. Сега, 4 децении подоцна, полицијата откри дека човекот не е виновен!

Пуштен од затвор по 43 години - бидејќи НЕ Е ВИНОВЕН!

61 годишниот Џејмс Роберт Мекаркин кој бил затворен како момче од 18 години, вчера излезе од затворот „Broad River“ во Колумбија.

Тој бил помилуван минатиот месец, откако полицијата одново го отворила случајот за убиство во Честер од 1973 година, за кој Мекаркин и уште еден човек биле прогласени за виновни.

Новата истрага покажала дека двајцата мажи, затворени пред 4 децении, на денот на убиството воопшто не биле во Честер!

- Слободен сум! Воздухот мириса поинаку, како слобода! - рекол Роберт по излегувањето од затвор.

Од 43 години во затвор, тој 39 одлежа за убиство кое не го извршил.

Убиството на 74 годишниот Клод Килијан, во далечната 1973 во сервис за миење коли, било нерасветлено до 1977 година. Во 1977 за убиството се обвинети Џејмс Роберт Мекаркин и Реј Чарлс Деграфенрејд, по лажно сведочење на Мелвин Харис.

Џејмс бил осуден да умре во затвор. Тоа и ќе се случело ако првиот црн шериф во областа Честер, Алекс Андервуд, не ги зел работите во свои раце. На 11 октомври годинава Андервуд веќе можел да соопшти дека Мекаркин е невин и треба да биде ослободен, и дека обвинителите и полицајците во 1977 година погрешиле! Мекаркин е помилуван на 11 октомври, но на затворот во Јужна Каролина му требале уште 5 недели пред да го пушти несреќниот човек на слобода!

- 39 години се обидувам да најдам некој што ќе ми поверува дека не сум го извршил убиството. Сега сум слободен човек. Но ова не е крај. Уште сум осуденик. Сакам сите да знаат дека не го убив Клод Килијан - вели Мекаркин.

Вториот осуден, Реј Чарлс, подолго време се наоѓа во одделот за затвореници со ментални проблеми. Таму се нашол откако биле попусти сите негови обиди да убеди некого дека не е виновен за убиството. Тој дури и имал сведок кој кажувал дека Реј бил на сосема друго место кога било извршено убиството.- му помагал на човек да го поправи повече километри подалеку од местото на убиството. Но сведочењето не помогнало по лажниот исказ на Мелвин Харис, и тоа го скршило Реј Чарлс Деграфенрејд.

Всушност, Џејмс Роберт Мекаркин, Реј Чарлс Деграфенрејд и Мелвин Харис биле уапсени за кражба две недели по убиството на Килијан, и тие ја произнале кражбата.Харис бил ослободен откако ги наклеветил другите двајца дека извршиле убиство, а пред самиот да почине в затвор во 1992 година поради друго убиство, признал дека лажел! Признал дека тој го убил Килијан! Тоа го признал и пред адвокатот на Мекаркин, но судијата пресудил дека на Харис не може да му се верува.

Дури во 2015 Андервуд го прифатил барањето на семејството на затвореникот, случајот одново да се отвори.

Мекаркин очекува и вториот неправедно осуден, Реј Чарлс, да биде пуштен на слобода за да се борат за правда. Што значи тоа по цел изгубен живот зад решетки, а без вина!


/ извор: thestate.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите

Патничките возила Škoda Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq се повлекуваат од српскиот пазар поради ризик од повреди, беше објавено во системот за брза размена на информации NEPRO за опасни производи.

Во Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите

Повлекувањето се однесува на моделот или моделите Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq на Шкода, а видот на ризикот е: Ризик од повреди, објави Телеграф.

Овој случај е регистриран под број на повлекување 134/2026, од 13.11.2026 година. Категоријата на случајот е повлекување на потрошувачки производи.

На засегнатите возила, навлегување на влага може да предизвика корозија на завртката за монтирање на управувачот. Доколку оваа корозија напредува, монтирањето на управувачот може да биде компромитирано. Ова може да доведе до губење на контролата врз возилото (губење на способноста за управување) и да го зголеми ризикот од повреди на учесниците во сообраќајот.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивниот модел е засегнат од повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот или надлежните институции.

Кај возилата опфатени со повлекувањето на моделот „48LS“, завртката за монтирање на механизмот за управување ќе биде заменета со нова, поотпорна на корозија. На веб-страницата www.skoda-auto.rs/ е можно да се провери, со користење на VIN бројот (број на шасија на возилото), дали возилото е опфатено со повлекувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри

Заменик-командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мостафа Езади, рече дека непријателот директно влегол на бојното поле.

Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри

Зборувајќи на погребната церемонија за 110 лица убиени во војната меѓу Иран и Ирак во 1980-тите, позната таму како „Света одбрана“, денеска во Техеран, заменик-командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мостафа Езади, рече дека непријателот директно влегол на бојното поле откако сфатил дека неговите агенти и платеници не се способни да се соочат со Исламската револуција, објави Тасним њуз.

Тој рече дека агресорите се обиделе да го распарчат Иран, да го соборат неговиот политички систем, да го лишат од неговите нуклеарни и ракетни капацитети, да го ослабат Фронтот на отпорот и да ги ограбат неговите нафтени ресурси, како што направија во Венецуела, во обид да го понижат иранскиот народ.

Генерал-мајор Езади истакна дека воените капацитети и одвраќањето на Иран достигнале ниво каде што командантите на ракетните линии на фронтот лансираат ракети со боеви глави тешки два тона на растојание од 1.500 километри, со што ги попречуваат непријателските планови насочени кон безбедноста и моќта на земјата.

Тој додаде дека непријателските бази на копно и море биле подложени на разорни напади од страна на иранските борци, истакнувајќи дека стравот од воените капацитети на Иран ги навел самите противници да признаат дека нивните ракетни залихи и ресурси се значително исцрпени.

Заменик-командантот на ИРГК нагласи дека иранските вооружени сили ќе одговорат веднаш и ефикасно на агресијата и ќе ги натераат напаѓачите да се покаат за своите постапки, во случај на каква било закана, без оглед на нејзиниот интензитет или природа. Тие исто така ќе дејствуваат „без никакви географски ограничувања“ за да ги уништат корените на угнетувањето и ароганцијата, додаде тој.

Изјавите дојдоа откако Врховниот лидер на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, ја нагласи важноста на одржувањето висока борбена готовност и максималното ниво на одвраќање од потенцијални закани. На неодамнешниот состанок со високи воени команданти, Врховниот лидер нареди итен и силен одговор на каква било закана, без географски ограничувања, нагласувајќи дека ако непријателите обноват воени или терористички напади, иранските вооружени сили и народот ќе одлучат кога ќе завршат и под кои услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За рекордна сума е продаден светлечкиот меч на Дарт Вејдер (ВИДЕО)

Светлечкиот меч што го користел Дарт Вејдер во филмовите „Империјата го возвраќа ударот“ и „Враќањето на Џедајот“ е продаден на аукција за 4,87 милиони долари, поставувајќи нов рекорд за колекционерски предмети од серијата „Војна на ѕвездите“.

За рекордна сума е продаден светлечкиот меч на Дарт Вејдер (ВИДЕО)

Мечот бил користен во познатиот дуел за време на кој Вејдер му открива на Лук Скајвокер дека е негов татко, изговарајќи една од најпознатите реплики од филмската сага: „Јас сум твојот татко“, објави АП.

Аукциите „Херитиџ“, кои ја организираа продажбата како дел од „Ултимативната аукција на Војна на ѕвездите“, соопштија дека тоа е најскапиот реквизит од серијата што всушност бил користен за време на снимањето.

YouTube video

Претходниот рекорд беше поставен во јули, кога светлосниот меч на Скајвокер, заедно со реквизит што ја претставува неговата отсечена рака, беа продадени за 3,75 милиони долари.

Аукцијата вклучува и 27 други светлечки мечеви од „Војна на ѕвездите“, како и предмети од сите девет епизоди од филмската серија и други филмови и телевизиски продукции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер