3Нема веќе летување во Албанија за туристи со плиток џеб- милијардерите долж целиот брегот ќе градат ново Монако
Јапонките со остра реакција по снимките како нивните мажи ги чистат стадионите на СП: Зошто ова не го правите дома?(ВИДЕО)
2Јапонките со остра реакција по снимките како нивните мажи ги чистат стадионите на СП: Зошто ова не го правите дома?(ВИДЕО)
МакедонијаПуштен е во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто во општина Гази БабаПремиерот Христијан Мицкоски присуствува на пуштањето во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто во општина Гази Баба.Во февруари лани кога почна реконструкцијата, беше посочено дека Домот на културата ќе биде на површина од 1.000 квадратни метри. „Јас немам што да додадам на тоа што ете го кажаа и градоначалникот и министерот, само сакам да кажам дека сум исклучително задоволен што еве после отприлика една година, се сеќавам тогаш директно од пат дојдовме овде кога почнуваше да се реконструира овој културен дом во Ченто. Еве денеска после една година сме сведоци на неговото пуштање во употреба, реализација за Општина Гази Баба и за културниот живот во Општина Гази Баба ова ќе биде додадена вредност. Јас му честитам на градоначалникот, честитам на пратениците во македонското собрание, на советниците на општината што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на луѓето коишто работат во општината се разбира на административците, на министерот, на Министерството за култура и на сите останати колеги во Владата коишто ја поддржуваат оваа програма којашто од буџетот финансира стотици проекти. Државата денеска е едно големо градилиште, повеќе од 1.000 проекти се изведуваат на различни локации нешто што за нас претставува навистина историско. Во првиот квартал од годината имаме реализација на капитални инвестиции и коишто е поголема од 31/32% историски високо ниво и очекувам до крајот на годината не само што ќе ги реализираме туку и да го нафрлиме бројот на капиталните инвестиции. Така што уште еднаш нека им е со среќа ова катче на жителите во Општина Гази Баба и да посакаме уште многу вакви репрезентативни објекти да ни се отвораат низ целата држава.“ , рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПлатите на грчките свештеници се зголемени на 5.000 евра, црквата ги нападна новинарите По острите реакции во грчката јавност поради драстичното зголемување на платите на највисокото свештенство, се огласи постојаниот Свет Синод на Грчката Црква.Во официјално соопштение, потпишано од портпаролот на Синодот, митрополитот Вартоломеј од Полианија и Кукуш, се наведува дека зголемувањето на платите на епископите за дури 100 проценти не претставува никаква нова привилегија, туку враќање на нивните приходи во општата рамка на јавната администрација. Според грчкиот портал zougla.gr, кој прв ја забележа и анализираше оваа законска промена, платите на грчките митрополити сега се усогласени со 90 проценти од платата на генералниот секретар на министерството. Во пракса, ова значи дека нивните плати во иднина ќе изнесуваат близу 5.000 евра бруто месечно. За да го оправда овој потег, Синодот се повика на историскиот контекст и деценискиот договор меѓу Црквата и државата. - Платите на светото свештенство претставуваат историска и трајна компензација за државата за огромниот манастирски имот што беше одземен од светите манастири во периодот од 1833 до 1952 година, без целосна и еднаква компензација - се наведува во соопштението на црковното раководство. Синодот потсетува дека овој имот бил користен за општото добро, за изградба на универзитети, болници, јавни простори, како и за грижа за бегалците и сиромашните земјоделци, и дека државата всушност го враќа овој долг преку платите на свештенството. Иако официјалните табели за плати на јавниот сектор беа објавени уште во април минатата година, портпаролот на Синодот упати остри критики кон медиумското известување, обвинувајќи одредени новинари за сензационализам. - Споменувањето на прекумерни или неточни износи често се базира на погрешно толкување или намерно искривување на реалните податоци - нагласи митрополитот Вартоломеј, апелирајќи до јавноста да пристапи кон ова прашање „далеку од претерување и без создавање евтини впечатоци“. На крајот од соопштението, Грчката црква потсети на својата хуманитарна улога во општеството, нагласувајќи дека нејзината грижа за луѓето се одвива секојдневно и тивко. Повикувајќи се на евангелската заповед „да не знае левата рака што прави десната“, Синодот објави дека свештениците продолжуваат со својата служба без потреба од медиумско рекламирање, и покрај актуелните економски и политички дебати што ги предизвика овој закон.Тагови: новинари свештеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и детеВо израелските напади и пукањата во Појасот Газа загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи и едно дете, објавија здравствените власти.Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра во градот Газа, еден стан беше уништен, а неколку други жители беа ранети, соопштија лекарите. Тие известија дека во друг инцидент, израелските сили застрелале и убиле жена во северниот град Беит Лахија. Израелската војска сè уште не коментирала за ниту еден од инцидентите. Постојано кршење на примирјето Октомврискиот прекин на огнот можеби успеа да ги запре големите судири меѓу Хамас и Израел, но не ги запре израелските напади. Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 1.010 Палестинци се убиени од израелски оган од прекинот на огнот, додека милитантите во Газа убија четворица израелски војници во истиот период. Израел вели дека неговите напади имаат за цел да спречат непосредни напади од Хамас и други милитантни групи. Хамас ретко објавува информации за смртта на своите борци. Израел и Хамас се во конфликт околу следната фаза од мировниот план на Трамп за Газа, кој бара Хамас да го предаде оружјето и израелско повлекување.Тагови: Газа израелски напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
ЖивотЗаврши судската драма: Ремек- делото на Модиљани да се врати, откако било украдено од нацистите Врховниот суд на државата Њујорк му наложи на семејството на уметничкиот трговец Дејвид Нахмад да ја врати сликата од Амадео Модиљани вредна 25 милиони долари.Врховниот суд на државата Њујорк му наложи на семејството на уметничкиот трговец Дејвид Нахмад да ја врати сликата од Амадео Модиљани вредна 25 милиони долари, која беше украдена за време на Втората светска војна, на наследниците на колекционерот Оскар Штетинер, давајќи им 30 дена да го сторат тоа. Сликата на Модиљани од 1918 година „Седнат човек со стап“, која сега вреди повеќе од 25 милиони долари, беше купена на аукција во 1996 година за 3,2 милиони долари од семејството на познатиот уметнички трговец Дејвид Нахмад, објавува „Аднкронос“. Според судот, делото било украдено или нелегално пренесено за време на бегството на еврејскиот колекционер и уметнички трговец Оскар Штетинер од Париз по нацистичката окупација. Семејството Нахмад ја оспори реконструкцијата, тврдејќи дека потеклото на сликата не е доволно јасно и дека нема убедливи докази што го поврзуваат делото што моментално е во нивна сопственост со она што му припаѓало на Штетинер. Адвокатите на семејството рекоа дека имаат намера да поднесат жалба, велејќи дека неколку сведоци и специјалистички студии фрлаат сомнеж врз идентитетот на сликата. Спорот околу сликата траеше 11 години и заврши со одлука на судот во државата Њујорк дека сликата мора да се врати во рок од 30 дена на наследниците на Штетинер, кои тврдат дека се нејзини оригинални сопственици. Наследниците на Штетинер, кои се застапувани од адвокати и компании специјализирани за враќање на ограбени уметнички дела, ја поздравија одлуката како одлучувачки чекор кон враќање на имотот украден за време на нацистичкиот прогон.Тагови: Модиљани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter