СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата
1СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветПукање во Чикаго: Почина полицаец (ВИДЕО)Еден полицаец е убиен, а друг е во критична состојба по пукање во болница во Чикаго, соопштија официјални лица.Тие рекоа дека пукањето се случило во саботата во шведската болница „Ендевор Хелт“ и дека еден полицаец е убиен при вршење на должноста, а друг е сериозно повреден кога осомничениот, кој бил донесен во одделот за итни случаи, отворил оган врз нив, објави „NBC“. 🚨🇺🇸 BREAKING: A mass shooting is reportedly occurring at Swedish Hospital in Chicago, Illinois. Two police officers are reportedly down, SWAT units deploying to the area. Description released: Black male, short hair, minimal clothing. Developing. Source: @officer_Lew,… pic.twitter.com/e4Tg3vYQlp — Mario Nawfal (@MarioNawfal) April 25, 2026 Полицијата соопшти дека осомничениот е уапсен и дека кај него е пронајдено оружје. A suspect is in custody after two Chicago police officers were shot at a North Side hospital on Saturday morning, an alderman confirmed. https://t.co/QacqfglnxF pic.twitter.com/15wQxzqQ7s — ABC 7 Chicago (@ABC7Chicago) April 25, 2026 Се нагласува дека ниту еден од медицинските работници или пациентите не е повреден.Тагови: пукање Чикаго Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална платаДодека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, костуми од 5.000 евра македонските работници евдај врзвуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот.Цените на храната и горивата се до плафон а минималната плата од околу 26.000 денари е недоволна за достоинствен живот. Синдикална кошничка е 70.000 денари, месечните трошоците со кирија или станбен кредит надминуваат 90.000 денари. Сегашната минимална плата покрива само 31% од основните месечни трошоци на едно семејство а речиси цела минимална плата, околу 25.000 денари, е потребна само за храна и безалкохолни пијалаци. Кога на тоа ќе се додадат околу 7.000 денари за училишен прибор, 5.000 денари за превоз, 6.000 денари за облека и дополнителните трошоци за здравство, јасно е дека работничките семејства не можат да врзат крај со крај. Затоа СДСМ по третпат го поднесе Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари. 600 евра е минимум потребна плата за македонските работници да можат да живеат од сопствениот труд. Пари има, но власта ги троши за погрешни работи. Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има 100 милиони евра за владин авион, мебел, службени автомобили и привилегии за функционерите, а да нема пари за работниците. Власта нека скрати од сопствениот луксуз и нека ги насочи парите кон зголемување на платите и заштита на животниот стандард. Минималната плата од 600 евра затоа што работниците заслужуваат достоинствен живот, а не секојдневна борба за преживување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФудбалерот Даниел Николовски загина во сообраќајна несреќаТажната вест ја утрово ја потврди Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово.„Во раните утрински часови, во сообраќајна несреќа, животот го загуби нашиот Даниел Николковски. Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел. Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим. Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб. На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство. Почивај во мир, Даниел. 🕊️ Летај високо, ангелу.“- стои во објавата.Тагови: Даниел Николовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изгледПотврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики.Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија. Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија Позитивно е оценета и динамиката на јавните инвестиции. Капиталните расходи во периодот јануари–јули годинава бележат раст од 40% на годишно ниво, што претставува 46% од ревидираната цел за целата година и што според Агенцијата ја одразува силната реализација на крупните инфраструктурни проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д. „Фич“ очекува економската активност да продолжи да биде поддржана од силните јавни инвестиции и приватната потрошувачка. Дополнителен потенцијал за повисок раст на среден рок Агенцијата препознава во продолжувањето на инфраструктурните проекти и спроведувањето на реформите во рамки на инструментите на Европската Унија. Како фактори што го поддржуваат кредитниот рејтинг, „Фич“ повторно ги издвојува поповолните показатели за управување и повисокиот БДП по жител во однос на земјите со споредлив кредитен рејтинг, како и посветеноста на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој се оценува како значајно реформско сидро на среден рок. Во однос на фискалната рамка, „Фич“ ја нотира целосната примена на Законот за буџети од 2028 година, како и потребата од постепена фискална консолидација, при што очекува намалување на дефицитот на среден рок. Агенцијата ги нотира и реформските активности за подобрување на наплатата на приходите, вклучително и воведувањето на е-фактурирањето. Агенцијата нотира релативно поволна структура на долгот на општа влада имајќи го предвид големото учество на мултилатерални и билатерални кредитори во истата, а очекува бруто-долгот на општата влада да се стабилизира на просечно ниво од 52,7% од БДП во периодот 2026–2028 година, односно под утврдениот. Потврдата на кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед претставува значаен сигнал до меѓународните финансиски пазари и инвеститорите за стабилноста и перспективите на македонската економија, особено во услови на зголемени глобални економски и геополитички предизвици. Министерството за финансии продолжува со политиките насочени кон одржлив економски раст, засилена реализација на капиталните инвестиции, структурни реформи и постепена фискална консолидација, со цел зајакнување на економските фундаменти, конкурентноста и животниот стандард на граѓаните.Тагови: МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter