Пукање на Кони Ајленд,осум ранети, едно лице во критична состојба - Канал 5

Пукање на Кони Ајленд,осум ранети, едно лице во критична состојба

Осум лица се ранети во пукање на Кони Ајленд во Бруклин, а едно од нив е во критична состојба, соопшти денеска полицијата.

Пукање на Кони Ајленд,осум ранети, едно лице во критична состојба

Пукањето се случи синоќа околу 22:30 часот, објави ABC7NY. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле пет лица со прострелни рани, кои потоа биле пренесени во локалните болници.

Според полицијата, се очекува четворицата повредени да закрепнат.

Досега не се извршени апсења, а истрагата за околностите на пукањето е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија

Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија-порача првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија

-4 месеци работиме на правна проблематика и најдовме начин како Општина Кавадарци да формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија. Овој одел ќе биде формиран за 15 дена, истакна првиот човек на Кавадарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Американската администрација го покани рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Г20, кој во декември ќе се одржи во Мајами, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Рубио ја соопшти информацијата по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

За да ги решите проблемите, мора да се среќавате со луѓето со кои не се согласувате или со кои имате одредени проблеми. Затоа го поканивме претседателот Путин на Г20“, изјави Рубио.

Според него, самитот би можел да биде можност Путин да разговара не само со американскиот претседател Доналд Трамп, туку и со други светски лидери. Вашингтон се надева дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата, но засега нема потврда дека Путин ќе отпатува во Мајами..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Бесплатни специјалистички прегледи за периферна артериска болест во Карпош

На иницијатива на ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Општина Карпош, започнаа бесплатни специјалистички прегледи за пациенти со периферна артериска болест. 

О. Карпош: Бесплатни специјалистички прегледи за периферна артериска болест во Карпош

Прегледите се реализираат во соработка со одделенијата за кардиологија и радиологија при ГОБ „8 Септември“ и ќе траат пет работни дена. Пациентите ќе имаат можност да направат и артериски доплер, дијагностичка метода за проценка на протокот на крв низ артериите.

Околу 30 пациенти, пријавени преку матичните лекари од територијата на Општина Карпош, ќе ја искористат можноста за бесплатен преглед. Активноста има за цел да придонесе кон навремена превенција, дијагностика и следење на здравствената состојба на граѓаните.

Општина Карпош продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за унапредување на здравствената грижа и подобрување на условите за превенција и навремена дијагностика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер