Публикувани копии од важни историски и културни документи за Македонија - Канал 5

Публикувани копии од важни историски и културни документи за Македонија

Државниот ахрив на Република Македонија почна со публикување едиција на копии од документи верни на оригиналот кои се чуваат во неговите депоа. Од октомври тие ќе можат да се купат во сите сувенирници кои се под надлежност на Министерството за култура. Целта е граѓаните и особено помладите генерации поавтентично да се запознаат со македонското културно и историско минато.

Публикувани копии од важни историски и културни документи за Македонија

Први пет документи кои се публикувани се Фрагменти од Евангелието по Лука од 12 век, Решението за прогласување на Илинден 2 август за национален празник на Македонија од 1944 година, Решението од АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен од 1944 година, Законот за името на Народна Република Македонија од 1946 година и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава во 1991 година.

- На ваков начин сите ќе може да ја запознаат историјата на нашата држава преку автентични документи. Главниот мотив беше она што е чувано долги години во нашите депоа можеби и потонато во заборав да биде извадено пред очите на јавноста и да му биде достапно на секој заинтересиран за случувањата од нашата богата историја, но и да може да ги едуцираме помладите генерации за настаните од нашето славно минато, потенцира на денешната промоција директорот на Архивот Филип Петровски.

Најави дека списокот на документи кои ќе бидат публикувани во рамки на оваа едиција ќе се проширува.

- Натаму ќе може да ги видиме и писмата на Гоце Делчев, Тодор Александров, документи потпишувани од Методија Андонов Ченто и плејада други револуционери кои работеле бескомпромисно на остварувањето на вековниот идеал на Македонците за слободна и независна Македонија, рече Петровски.

Значајно е, нагласи тој, дека публикуваните документи се со печат од архивот и потпис од одговорните лица што, како што посочи, ја потврдува нивната оригиналност.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска посочи дека овој проект на Државниот архив кој, како што истакна, е голем трезор на нашето богато не само културно, туку и историско наследство, е во функција на запознавање на македонските граѓани со важни моменти и настани од нашата богата македонска историја.

- Овој проект ќе помогне сите генерации, особено оние кои доаѓаат по нас најнепосредно да можат да стекнат сознанија за историјата, да се навратат на сите овие најзначајни појави и процеси и во поновата историја, да се потсетат на сите заложби на македонскиот народ, неговата револуционерна и духовна сила во остварувањето на државотворните цели, потенцира министерката.

Смета дека проектот е значаен и во контекст на афирмација на Македонија како држава со богато политичко, историско, револуционерно минато, како држава која поминала низ различни историски премрежија во градењето на својот идентитет.

Информира дека покрај во сувенирниците овие важни историски документи ќе може да се купат и во Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј и сите институции кои, како што рече, имаат продажни репрезентативни сувенирници. За таа цел Државниот архив треба да склучи договори со овие институции. Цената, рече таа, ќе биде ниска, со цел тие да бидат достапни за што поголем број граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија.

На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки?

Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер