ПСЖ заинтересиран за Влаховиќ - Канал 5

ПСЖ заинтересиран за Влаховиќ

Актуелниот европски шампион ПСЖ е подготвен да го ангажира напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ. 

ПСЖ заинтересиран за Влаховиќ

Според „Caught Offside“, францускиот клуб почнал да го следи Србинот на почетокот на 2025 година. Оттогаш, цената на евентуален трансфер е намалена, а негова реализација во текот на летото е сè пореалена.

Интерес за Влаховиќ пројавуваат и Арсенал и Манчестер јунајтед.

Влаховиќ на 41 натпревар за Јувентус во сезоната 2024/25 има постигнато 15 голови и пет асистенции. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2026 година.

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 45 милиони евра.

Меморијален турнир во мал фудбал „Драганчо Стојановски-Прпе“2025

Во општина Илинден се одржа уште еден спортски настан.

Меморијален турнир во мал фудбал „Драганчо Стојановски-Прпе“2025

На спортскиот терен во Дељадровци пред голем број љубители се одржа Меморијален турнир во мал фудбал ,,Драганчо Стојановски-Прпе” 2025, на кој оваа година учествуваа 24 екипи од повеќе општини.

На финалниот натпревар првото место го освои екипата на ЗИГ Керамика од Бујковци, второто место Компанија Атанасовски, трето место ФК Пчиња, четврто место за Марино Докторс, за најдобар голман на турнирот беше прогласен Бане Трипуновски од Компанија Атанасовски, додека за најдобар играч беше прогласен Валентино Трајковски од ЗИГ Керамика.

И оваа година Општина Илинден го поддржа турнирот а градоначалникот Александар Георгиевски, кој беше присутен на финалниот натпревар на најдобрата им го додели пехарот и истакна дека поддршката ќе продолжи и во иднина како за овој така и за другите спортски настани.

Општина Илинден

Јавно обвинителство: Двајца осомничени за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“.

Јавно обвинителство: Двајца осомничени за насилство врз градоначалничката Арсовска

Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата „Севастополска“. Тој, како што се наведува, се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.

- Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, пред се поради ризикот да го повтори, односно да го изврши делото со кое се заканувал, но и поради опасноста од бегство.

За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост кои вклучуваат забрана за приближување и воспоставување контакт со градоначалничката и другите оштетени, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патната исправа и повремено јавување кај определено службено лице во судот.

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области. 

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи.

Според ЈО, локацијата е обезбедена, а на терен се инспектори од одделот за економски криминал на МВР. Обезбедени се снимки од видео надзор кој се прегледува и се анализира. Увид извршија и инспекциски служби за животна средина, а во постапката се ангажираат и вешти лица од областа на екологијата. По барање на јавниот обвинител, веднаш по настанот беше активиран и тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ кој собра примероци и изврши мерења на токсичните материи во воздухот во Скопје, а резултатите треба да бидат доставени до обвинителството.

Прибавена е и целокупната документација поврзана со работата на отпадот и дадени се насоки за да се извршат разговори со лица за да се утврди каков точно отпад бил складиран на локацијата и дали се почитувани законските прописи и дозволи за работа.

Двете лица кои по пожарот нападнаа новинарска екипа и натаму се во притвор во постапка и за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

притисни ентер