ФудбалПСЖ или Челзи - прв шампон на Светското клупско првенствоЕвропскиот првак ПСЖ или актуелниот освојувач на Конференциската лига на УЕФА Челзи ќе биде победник на првото издание на Светското клупско првенство кое се игра во САД со нов формат со 32 екипи. Двете екипи остварија три победи во нок аут фазата, а воедно и двата тимаа имаа по две победи и еден пораз во групната фаза. - Ова е одлично постигнување. Имавме неверојатна сезона, завршивме во ТОП 4 во Премиер лигата, ја освоивме Конференциската лига на УЕФА и сега сме финалисти на ова натпреварување. Тоа не прави среќни, но одиме натпревар по натпревар и се надевам дека можеме да завршиме како победници, изјави менаџерот на Челзи Енцо Мареска. Од друга страна францускиот првак стигна настапува во одлична форма. - Имаме посебна сезона, а ова е уште еден чекор, а за ривал имаме многу добар тим како Челзи. Сега е време за добра подготовка, сакаме да испишеме историја за нашиот клуб, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Челзи на последните 15 натпревари има 13 победи, додека ПСЖ има серија од 10 победи на 11 натпревари притоа на 7 од 8-те дуели нема примено гол. Натпреварот се игра на Метлајф стадионот во Њу Џерси со почеток во 21 часот по македонско време. Тагови: ПСЖ Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски во Вести Плус: Се разговара, на маса се и уставни измени со одложено дејствоМакедонија има само план А за ЕУ, вели министерот Тимчо Муцунски..Во Вести Плус на Канал 5 Муцунски изјави дека се разгледуваат повеќе механизми за откочување на процесот,а повторно на маса се и уставни со одложено дејство. За назначувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален претставник во Брисел , решение кое предизвика бројни политички реакции, Муцунски вели дека за Владата тој бил најкометенетнен за оваа позиција. Се школувал во Белгија, имал двојно државјанство но и контакти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДОМ: Не ни требаат уверувања, туку јасни правила за изградба на дата центри Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира.Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат? ДОМ не е против дигиталната трансформација. Напротив, Македонија има потреба од современа дигитална инфраструктура и технолошки развој. Но, зелениот и дигиталниот развој мора да одат заедно. Во последните години сведоци сме на бројни случаи во различни области за кои институциите требаше да гарантираат дека нема да имаат негативни последици, а подоцна јавноста плаќаше висока цена поради недоволна транспарентност, слаб инспекциски надзор и недоследно спроведување на законите. Токму затоа не се доволни политички уверувања дека „нема да има штета“. Потребни се јасни и јавно достапни правила. ДОМ бара Владата да одговори на неколку клучни прашања: • Дали веќе постојат јасно дефинирани еколошки критериуми за избор на локации за дата центри? • Дали за секој проект ќе биде задолжителна проценка на влијанието врз животната средина согласно природата и карактеристиките на самиот проект? • Дали ќе се објавуваат анализи за потрошувачката на електрична енергија и вода, како и мерките за нивно одржливо користење? • Каков ќе биде системот за контрола и надзор врз работењето на дата центрите? • Дали Македонија ќе ги следи најдобрите европски практики и стандарди за енергетска ефикасност, користење обновливи извори на енергија и одржливо управување со ресурсите? Дата центрите можат да придонесат за развој на дигиталната инфраструктура, но тие истовремено претставуваат значителни потрошувачи на електрична енергија и вода. Затоа нивното планирање не смее да се сведува на политички изјави, туку мора да биде засновано на научни анализи, транспарентност и строги еколошки критериуми. ДОМ нема да прифати и поддржи било каков проект што се темели на ветувања наместо на јасни правила, независен надзор и целосна отчетност пред јавноста. Дигиталната иднина на Македонија мора да биде одржлива, зелена и во интерес на сите граѓани, а не на поединечни приватни интереси,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00
ФудбалГатузо го прекина тренингот на Лацио и го избрка највредниот фудбалер во тимот (ВИДЕО)Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, утрово го исфрли 24-годишниот Кенет Тејлор од тренингот. Снимките објавени од Радио Лацијале покажуваат како Гатузо го прекинува тренингот, луто гестикулирајќи кон холандскиот играч од средниот ред и испраќајќи го во соблекувалната. Според информациите од Радио Лацијале, на инцидентот му претходела остра вербална расправија помеѓу тренерот и играчот. Потоа Гатузо го прекинал тренингот, му се приближил на Тејлор и му наредил да замине во соблекувалната. Холанѓанецот го извадил својот маркер и го напуштил теренот, а точната причина за конфликтот сè уште е непозната. ‼️Kenneth Taylor è stato allontanato dall’allenamento di questa mattina, dopo un battibecco con Gattuso.#RadioLaziale#SSLazio pic.twitter.com/KcMBG4GeHn — Radio Laziale (@RadioLaziale) July 30, 2026 За Тејлор Кенет Тејлор пристигна во Лацио од Ајакс за време на јануарскиот преоден рок за приближно 17 милиони евра. Во 21 натпревар за клубот, тој постигна три гола и запиша две асистенции. Минатата сезона, тој стигна до финалето на Купот на Италија со тимот, каде што Лацио беше поразен од Интер со резултат од 2:0. Тејлор е највредниот играч на Лацио според Трансфермаркт, со проценка од 25 милиони евра. Раководството на Лацио го назначи Гатузо за тренер кон крајот на јуни, кога го наследи Маурицио Сари на клупата. Пред тоа, тој го водеше Хајдук Сплит, каде што помина една сезона и беше трет во првенството зад Риека и Динамо, и италијанската репрезентација, со која не успеа да се квалификува за Светското првенство откако загуби во плејофот од Босна и Херцеговина.Тагови: гатузо Лацио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook