3Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер
ЗабаваПсихолозите откриваат зошто Леонардо Ди Каприо ги остава девојките откако ќе наполнат 25!Штом ширум светот се прошири веста дека познатиот холивудски заводник ја оставил Камила Мороне откако таа наполнила 25 години, многу психолози почнаа да се занимаваат со неговиот профил.Познатиот актер, инаку, никогаш немал девојка постара од 25 години, освен во 2000-тите кога беше млад и се забавуваше со Жизел Бундхен, која е само 6 години помлада од него. По многуте значително помлади жени кои ги оставаше кога тие беа во средина на третата деценија, стана јасно дека тој најчесто излегува со жени од сличен профил - многу помлади од него и задолжително природни русокоси, со светла кожа и сини очи. Речиси сите се манекенки на почетокот од кариерата, па многумина се прашуваат дали таквите врски се соодветни за него, со оглед што тој е во доцните четириесетти години. Ди Каприо својата последна партнерка, Камила Мороне, ја запознал кога таа имала само 12 г., а тој 22, преку нејзиниот очув Ал Пачино. Почнале да излегуваат кога таа наполнила 20 години. Стручните лица сметаат дека Ди Каприо има јасни причини поради кои се впушта во такви врски, а тоа го објаснуваат со фактот дека жените на таа возраст се „млади во душата“, и дека мажите како актерот не се заинтересирани за дами кои знаат што сакаат. Според стручњаците, околу 25-та година мозокот престанува да се развива, па оттука произлегува дека таквите партнери бараат помлади партнерки бидејќи полесно ги контролираат. Тоа значи дека мажот кој е во врска со млади жени има можност да ја обликува таа личност како што сака, барем додека таа не почне да созрева. Кај Ди Каприо, тоа подразбира дека тој ги прекинува врските откако неговите партнери ќе „пораснат“. Некои медиуми пренесуваат дека се зборува и за тоа оти славниот актер нема намера да стане родител, па раскинува токму кога неговите партнерки можеби посакале да основаат семејство. Стручњаците за парови забележуваат дека врските на актерот можеби завршуваат неславно поради неговата лоша поврзаност со партнерките. - Треба да бидете свесни дека личноста со која влегувате во врска е премногу млада за да биде на вашето ниво на интимност, кое се стекнува со долгогодишно искуство и мудрост - истакнува Лари Мишел, советник за парови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијатаХристијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем. Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари. Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата. Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата. Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка. Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ. Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ. Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата. Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“. Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата. Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи. На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција. Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка! Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем. Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги. Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност. Нашата порака до Мицкоски е јасна: Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш. Доаѓа крај на твојата криминална банда. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Тагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотерКредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка. Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер. Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се! Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00