3Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
ЖивотПсихологијата на малиот кус страв и смеата потоаНова теорија ја објаснува онаа кратка и „слатка“ смеа откако некој безопасно ќе нѐ исплаши до скокање. Без оглед дали станува збор за познат или непознат човек кој „од никаде“ се појавува пред или околу нас, или ако случајно се заплеткаме во безопасна пајажина, повеќето од нас во еден миг биле жртва на тн. „страшна шега“. Научниците од Универзитетот на Архус, Данска, се обидуваат да дадат објаснување - зошто малиот страв толку често е придружен со смеа? Прилично застапено објаснување е тоа дека хуморот е еден вид изненадување. За споредба, успешните шеги, честопати, во својот развој поставуваат очекувања коишто, всушност, до крајот се поништуваат. Истражувањето е објавено во стручното списание „Еволушинари сајколоџи“ (Evolutionary Psychology). - Проблемот со таа теорија е што за нас, смешни се и работи што не се толку изненадувачки, а има и многу изненадувања што воопшто не ни се смешни, вели д-р Марк Хје-Кнудсен и истражувач за хумор од Данска. Има и друга, неодамна развиена теорија што вели дека хуморот бара и нарушување на нашето чувство за тоа како светот „треба да се одвива“ и речиси истовремена проценка дека ова нарушување е безопасно. Ваквите отстапувања од нормата може да имаат многу различни облици - од кршење на јазичните норми во игра на зборови и саркастични потсмевања, па сè до кршење на општествените норми кога се исмева некого (себеси или друг /-и) заради хумор. Д-р Хје-Кнудсен и неговите колеги претпоставуваат дека нешто слично може да го објасни и страшливиот шок што скоро веднаш е проследен со смеа. За да го истражат ова, научниците проучувале искуства со малите деца и популарната игра „peek-a-boo“ (којашто на македонски јазик се нарекува „Ѕе“). И тука, криењето на почетокот изгледа вознемирувачко, но ѕиркањето потоа станува смешна шега. Земен е предвид и теренски експеримент спроведен во наводна „опседната куќа“. Споредбата открива дека испитаниците се насмеале или се смешкале откако биле исплашени - во три четвртини од случаите. - „Знаменитости“ како што се опседнети куќи и хорор-филмови намерно „ги потопуваат“ гледачите во своите измислени светови за да ја зголемат нивната општа состојба на страв, што ја зголемува веројатноста за изненадување. Но, тоа запрепастување веднаш ги извлекува од тој наративен свет, па набргу се чувствуваат безбедно откако ќе ја проценат случката како бенигна, објаснува докторот. Тој вели и дека мора да ја познавате вашата публика за да може добро да ја исплашите или насмеете. - Кога гледате видео на коешто некој кого не го знаете е жртва на „страшна шега“, некој можеби нема да го забележи тоа како некаква „навреда“ затоа што тој „некој“ не им е близок... Така и „инернет-шегобијците“ мора да ги зачинат своите шеги за да добијат посилна реакција, појасни д-р Хје-Кнудсен. Научниците веруваат дека овие наоди може да им одржат лекции на шегаџиите кои планираат да исплашат некого. - Главната лекција би била: Треба да знаете која е вашата публика и соодветно да ги приспособите вашите шеги за Ноќта на вештерките. Не може да се облечете како сериски убиец и да се криете во плакарот на некоја баба. Од друга страна, не е доволно само да му кажете „Бу!“ на пријателот. Мора да предвидите кое ниво на страв само малку ќе ја надмине границата на вашата цел, за тој / таа да може да се смее потоа, истакна Хје-Кнудсен. Тој препорачува и да се избегнува претерано исмевање и потсмевање. Поточно: „Напаѓајте“ со ненавредливи шеги. Д-р Колтан Скрајвнер - психолог од Данска, кој не бил вклучен во истражувањето, се согласува со новото истражување. Испитувајќи ја психологијата на „авантуристите кои сакаат да се плашат“ заради смеа и забава, тој заклучил дека тн. „опседнети куќи“ и сл. се доживуваат како забава само ако количината на искусениот страв е умерена и соодветна. - Многу луѓе, вклучително и глумците, мислат дека повеќе страв е секогаш подобро за личноста која се плаши. Сепак, истражувањата покажуваат дека тоа не е така. Наместо тоа, луѓето ја бараат тн. „слатка точка“ на стравот, каде што забавата е максимум. Ова, исто така, посочува дека хуморот може да биде една од алатките што глумецот или шегаџијата може да ги користи или поттикна, за да им помогне на луѓето да стигнат до таа точка, вели Скрајвнер. И тој нагласува оти секој човек има различна „слатка точка“ на страв. Така, мора да се знае дека ист вид „страшна шега“ не одговара на сите луѓе. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветДвајца израелски војници загинаа во напад- Израел почна воена операција на Западниот БрегИзраел започна антитерористичка операција во областа Хеброн на окупираниот Западен Брег, по нападот во кој загинаа двајца војници, соопштија израелската армија и разузнавачката служба Шин Бет.„Силите започнаа прецизни, целни и темелни пребарувања на целата област за да лоцираат и демонтираат терористичка инфраструктура и оружје, додека ги испрашуваат осомничените“, соопштија армијата и Шин Бет во заедничка изјава објавена на Телеграм доцна синоќа. Операцијата, во која учествуваат армијата, разузнавачките служби, граничната полиција и цивилната администрација, е ограничена на подрачјето од кое дејствувале напаѓачите и се очекува да трае неколку дена, се вели во соопштението. ⚡️🇮🇱🇵🇸 — IDF and Shin Bet expanded West Bank operations, launching widespread raids and detaining suspects. A targeted counter-terrorism campaign is underway in Hebron, home to the individuals who killed Staff Sgt. Ron Jonathan Roitman and Sgt. Yuval Shai Swilem in a recent Judea shooting. — IDF / Ynet ➡️ The Hebron operation will last several days. Residents in active zones can only exit through three designated checkpoints after security screening and questioning. Anyone raising suspicion is immediately detained. — MaxOsint Intel (@maxosintintel) October 24, 2026 Според армијата, двајца израелски војници се убиени, а тројца други се ранети во пукотница во близина на Хеброн претходно во петокот. Двајца осомничени палестински напаѓачи од Хеброн се убиени. Нетанјаху објави затворање на сите премини кон Западниот Брег Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека безбедносните сили спречиле сериозен напад. Тој, исто така, објави планови за блокада на палестинската територија, што значи дека сите премини кон Западниот Брег ќе бидат затворени. Парламентарни избори се одржуваат во Израел во вторник, а конфликтот со Палестинците е клучно прашање на кампањата. Десничарските политичари се обидуваат да привлечат гласачи ветувајќи остар одговор на палестинското насилство, додека најчесто избегнуваат да зборуваат за сè почестите напади од страна на радикалните израелски доселеници врз Палестинците на Западниот Брег, пренесува ДПА. Војската соопшти дека ќе бидат преземени дополнителни мерки за подобрување на безбедноста во областа, вклучително и уривање на нелегални објекти што би можеле да претставуваат закана за безбедноста на местото на нападот. Безбедносните сили, додадоа тие, спроведуваат и антитерористички операции на десетици локации низ Западниот Брег. На жителите на погодената област ќе им биде дозволено да ја напуштат зоната преку три назначени излези, откако ќе бидат проверени, се вели во соопштението. Мерките вклучуваат и блокада на Хеброн и Халхул и воспоставување контролни пунктови на патот. Повеќе од 1.100 Палестинци се убиени на Западниот Брег од октомври 2023 година Израел го зазеде Западниот Брег, заедно со Источен Ерусалим, за време на Шестдневната војна во 1967 година и оттогаш го држи под окупација. Денес, меѓу три милиони Палестинци, таму живеат околу 700.000 израелски доселеници. Ситуацијата на окупираниот Западен Брег дополнително се влоши по масакрот извршен од Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година и последователната војна во Газа. Според податоците на палестинското Министерство за здравство, повеќе од 1100 Палестинци се убиени на Западниот Брег од тогаш, за време на израелските воени операции, вооружени конфликти и напади.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКинезите ја претставија новата Омода-има термовизија, караоке и три вида погон (ВИДЕО)Omoda, кинески бренд кој привлекува сè повеќе хрватски клиенти, претстави нов теренец долг речиси пет метри. Model X ќе понуди хибриден, plug-in хибриден и целосно електричен погон, а меѓу најавената опрема се издвојува систем за термичко снимање со домет до 90 метри. Omoda X е нов и значително поголем модел, претставен на 20 октомври во Вуху, Кина, на настанот Chery International User Summit. Според порталот Motor1, не се објавени ниту цената ниту датумот на можно пристигнување на европскиот пазар. Скоро пет метри и нагласени теренски способности Omoda X е долг 4954 милиметри, широк 1920 милиметри и висок 1702 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2700 милиметри. Дизајнот е базиран на насоката прикажана на помалиот модел Omoda 4, со остри рабови и изразени геометриски форми на каросеријата. Производителот најавува и убедливи теренски способности. Растојанието од земјата е 200 милиметри, а според објавените спецификации, возилото треба да може да преминува водни пречки подлабоко од 700 милиметри. Максималната дозволена тежина на приколката е 1.800 килограми, додека дозволеното оптоварување на покривот е 75 килограми. Термичко снимање, караоке и 39 прегради Кабината има дигитална инструмент табла од 10,25 инчи и централен екран од 13,2 инчи. Производителот наведува и вкупно 39 прегради за складирање. Меѓу поинтересните елементи на опремата е интегрираниот систем за термичко снимање, за кој Omoda тврди дека има опсег до 90 метри. Понатамошни детали за неговите функции сè уште не се објавени. Гребен на покривот навестува напредни можности за автономно возење, а Omoda најавува повеќе од 20 функции за помош на возачот. Режимот Open Mic караоке е одговорен за забавата, во кој виртуелните чудовишта на екранот реагираат на тоа колку добро или лошо пеете. Три вида погони Понудата ќе вклучува целосно хибридни, plug-in хибридни и целосно електрични верзии. Plug-in хибридните и електричните верзии треба да бидат достапни со погон на две или четири тркала. X has arrived! Let the CROSSVOLUTION begin! 🔥 SUV versatility. Off-road spirit. Sports car DNA. All in one. OWN MY EDGE. I AM X. /OMODA /OX /OMODAJAECOO OMODAXNight /2026InternationalUsersSummit https://t.co/nO1pQrJ8Ci — OMODA & JAECOO GLOBAL (@OMODAJAECOO_) October 21, 2026 Податоците за моќноста, капацитетот на батеријата, досегот и потрошувачката сè уште не се познати. За да процениме колку Omoda X би можел да биде интересен за хрватските клиенти, ќе мора да почекаме информации за европската понуда и цени.Тагови: караоке погон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаРибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни На социјалните мрежи се појави објава со фотографии од двајца рибокрадци во Дојранското Езеро. Во објавата се вели и дека езерото нема концесионер. Во коментарите на ФБ се бара итна реакција на надлежникте и казни за рибокрадците. Секако, побарано е Министерстото за екологија и Општината да се грижат повеќе за езерото и што е можно побргу преку транспарентна постапка да биде избран концесионе, кој одговорно ќе стопанисува со Дојранското Езеро. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38