1Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна
ЖивотПсихолог: Три знаци дека треба да се вратите со вашиот поранешен партнерИако може да звучи контроверзно, а можеби дури и шокантно за некои, понекогаш враќањето со вашиот поранешен партнер е всушност добра идеја.Секако, ова не е зелено светло за да им простите на токсичните и неверни партнери кои систематски ги омаловажувале вашите чувства. Д-р Сабрина Романоф, клинички психолог на Харвард, објаснува дека помирувањето не мора да биде осудено на пропаст. „Враќањето со вашиот поранешен партнер не е нужно лош знак само по себе, ниту е осудено на пропаст“, вели таа. „Проблемот се јавува кога ништо навистина не се променило и се враќате во истата зграда што гори само затоа што ви е познато, чекајќи огнот повторно да ве проголта.“ Ако сте во контакт со поранешен партнер и размислувате за повторно да сте заедно, не сте сами, но оваа ситуација бара претпазливост. Еве три знаци дека обновата на врската може да биде добра идеја. Поминало доволно време Без да си дадете време да се излекувате и простор за личен раст, веројатно ќе продолжите да ги повторувате старите грешки. Доколку поминало доволно време двајцата да се пронајдете еден со друг без огорченост и со бистра глава, обновата на вашата врска може да биде безбедна опција. „Замислете го тоа како скршена коска: Ако заздрави правилно, со соодветен третман и закрепнување, може да стане уште посилна“, вели Романоф. „Но, ако само ставите фластер и се преправате дека сè е во ред, ќе се крши на истото место одново и одново.“ И двајцата сте работеле на себе Само времето не е доволно ако ниту еден од вас не се посветил на работа на себе. Може да поминат години, но ако не сте ги преиспитале вашите постапки, помирувањето веројатно не е добра идеја. Меѓутоа, ако е точно спротивното и двајцата сте ја презеле одговорноста за вашите грешки и активно сте работеле на нив, вашата врска овој пат би можела да функционира. „Првиот знак дека врската би можела да функционира овој пат е тоа што двете страни направиле вистински, независен напор да работат на себе за време на раскинувањето за да го поправат она што не функционирало претходно“, вели Романоф. „Не се враќате заедно само затоа што ви недостигаше еден на друг, туку затоа што двајцата созреавте како луѓе во времето кога бевте разделени.“ Раскинувањето се случи поради околности Како што е наведено погоре, оваа статија не е изговор да се вратите заедно со некој што ве предал, ве омаловажувал или се однесувал лошо кон вас. Меѓутоа, ако раскинувањето се должи на надворешни околности, како што се различни животни фази или несовпаѓање на распоредот, а тие околности се промениле во меѓувреме, повторното заедно би можело да биде разумна опција. „На пример, се боревте со врска на далечина или времето беше лошо поради хаосот во животот, а проблемите не произлегоа од несовпаѓање на фундаментални вредности“, објаснува Романов. „Ако раскинувањето се случило затоа што животот се искомплицирал, а не поради непочитување, тоа создава сосема поинаков контекст за успешно обновување на врската.“ Извор: Индекс.хрТагови: врска Психолог Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСталоне се пошегува: Не можам уште да се пензионирам, морам да ја финансирам свадбата на ќерка миАмериканскиот актер Силвестер Сталоне се пошегува за време на гостувањето во емисијата „Live with Kelly and Mark“ во вторникот вечерта дека сè уште не може да се пензионира бидејќи мора да ја финансира свадбата на својата ќерка Софија.Неговата изјава предизвика смеа кај публиката во студиото. Водителката Кели Рипа го праша актерот колку пари планира да потроши на свадбата на својата триесетгодишна ќерка, пренесе списанието „People“. „Човече, речиси ми е непријатно да го кажам тоа, но не можам да се пензионирам“, одговори актерот, повторувајќи ја изјавата. „Не, сериозен сум!“, додаде тој низ смеа. Софија ја објави својата свршувачка со своето момче, Мајкл Шихан, на 28 август. Тогаш таа сподели фотографии од романтичното запросување на Инстаграм со натпис: „Засекогаш со мојот најдобар пријател“. Во емисијата, Слај го пофали својот иден зет, нарекувајќи го „одличен дечко“. Тој исто така откри дека Шихан побарал благослов од него пред да ја запроси Софија. „Навистина ја побара нејзината рака“, рече актерот, на што водителката се пошегува дека тој „сигурно бил преплашен“. Во разговорот потоа се вклучи и водителот Марк Консуелос, потсетувајќи на познатата сцена од филмот „Роки 2“ во која ликот на Сталоне, Роки Балбоа, ја запросува Адријан. Тој на шега го праша актерот дали неговиот иден зет го поставил прашањето на начин сличен на оној во филмот. Запознавање со идниот зет Сталоне одговори со уште една филмска референца, шегувајќи се дека Шихан ветил оти нема да остава влакна во мијалникот – ветување што Роки ѝ го дава на Адријан во филмот. Актерот додаде дека неговиот иден зет бил многу самоуверен кога дошол да разговара со него, иако и неговата сопруга, Џенифер Флавин, морала да биде присутна за да ја одржи ситуацијата мирна. View this post on Instagram A post shared by Sophia Rose Stallone (@sophiastallone) Силвестер и Флавин се во брак од 1997 година. Тие ги имаат ќерките Софија, Систин (28) и Скарлет (24). Ѕвездата на филмовите за „Рамбо“ има и два сина со својата прва сопруга, Саша Зак: Серџо (47) и Сејџ, кој почина во 2012 година на 36-годишна возраст. Во интервју за „Paris Match“ од 2012 година, Флавин (58) откри дека од трите ќерки што ги има со актерот, Софија најмногу личи на својот татко. „Тие имаат многу посебна врска. Размислуваат на ист начин, па дури и имаат исти манири. Софија е љубовта на неговиот живот“, рече таа. Извор: Индекс.хрТагови: Силвестер Сталоне Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна И без да биде официјално побарано, од Бугарија пристигна одговор дека нема да ја екстрадираат Ива Михаилова на Македонија. Тамошното Министерство за внатрешни работи преку соопштение објави дека го добиле известувањето од Интерпол Скопје дека се бара со потерница, но велат дека досега бугарските власти не презеле никакви мерки за да ја лоцираат на територија на Бугарија и дека за неа нема црвено известување. Цитираат делови од уставот и европската конвенција со кои имаат право да не ја предадат на Македонија. „Потсетуваме дека според член 25, алинеја 4 од Уставот на Република Бугарија „Граѓанин на Република Бугарија не може да биде екстрадиран во друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено во меѓународен договор ратификуван, објавен и стапен во сила за Република Бугарија.“ Член 6, алинеја 1а од Европската конвенција за екстрадиција вели: „Секоја договорна страна има право да одбие екстрадиција на своите државјани.“. Постапка за екстрадиција Македонија може да отпочне преку министерството за правда само доколку бараното лице е уапсено. Оттаму велат дека ако добијат такво известување од полицијата, веднаш ќе ја почнат процедурата. Во меѓувреме претседателката Јотова се ангажирала за Ива Михаилова и алармирала бројни институции за случајот. Вели дека уште не се видела со неа поради тоа што не биле завршени медицинските прегледи во болницата. „ Во моментов најважно е да биде добро прегледана и да и се помогне да девојката. Немаме време да ги набројам сите институции до кои стигнав, но стигнав дури до главниот комесар за човекови права во Обединетите нации за да го запознаам и да ја заштитам на некаков начин. А отсега натаму какви дејствија ќе преземе Бугарија, ќе бидете информирани. “ Заложбите за Михаилова од страна на политичарите предизвика и дипломатска реакција од Македонија за што вчера во МНР беше повикан бугарскиот амбасадор Радуков. Тоа што се штити од високи државни функционери беше оценето како провокација со која се подриваат напорите за доверба и добрососедство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
СветМасакр по комеморација во Јужна Африка: Четворица загинати, меѓу повредените има и детеНајмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во пукање насочено кон група луѓе кои излегувале од комеморација за локален политичар во населбата Катлехонг, југоисточно од Јоханесбург, соопшти денеска полицијата.Осомничениот напаѓач е во притвор откако се предал на полицијата, пренесе АП. Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Полицијата првично извести дека двајца мажи загинале на самото место, но бројот на жртвите денеска се искачи на четири, откако уште две лица починале во болница. Истрагата ја води специјална единица на Јужноафриканската полициска служба, задолжена за политички мотивирани убиства. Според извештаите на локалните медиуми, некои од жртвите биле членови на младинското крило на Африканскиот национален конгрес (АНЦ), најголемата партија во јужноафриканскиот парламент. Комеморацијата била одржана за локален лидер на АНЦ, кој бил убиен претходно овој месец во напад за кој постои сомневање дека бил политички мотивиран. Полицијата не го потврди идентитетот на жртвите, туку само наведе дека тие присуствувале на комеморација за „член на политичка партија“. Во Јужна Африка се забележани високи стапки на криминал со употреба на огнено оружје, вклучително и пукања поврзани со локални политички ривалства. Извор: Б92Тагови: Јужна Африка масакр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook