Други спортовиПрвото злато за Нов Зеланд во историјата на Зимските олимписки игри Сноубордерката од Нов Зеленд Зои Садовски-Синот освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, во дисциплината „slopestyle“и испиша историја за спортот во својата земја. 20 -годишната Зои стана првата натпреварувачка од Нов Зеланд која освоија златен медал на едни Зимски олимписки игри. Покрај Зои Садовса на победничкиот подиум се искаќија и освојувачките на среброто и бронзата, Американската Џули Марино и Тес Коди од Австралија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПечат од камен, стар 35 века и ранохристијанска амајлија се пронајдени во Турција (ФОТО)Археолозите кои го ископуваат туркменскиот локалитет Карахојук во централна Турција открија два ретки артефакти со разлика од речиси два милениума. Едниот е камен печат стар 3.500 години, на кој се врежани хиероглифи на лувискиот јазик, и доцноримска христијанска амајлија што содржи исклучително тенок златен лист за кој се верува дека содржи пасус од Библијата. Откритијата даваат впечатливи докази за долгата историја на населбата, и додека лувискиот печат укажува на организиран административен центар што постоел во доцното бронзено време, амајлијата нуди многу поличен увид во христијанските верувања, кои се користеле за заштита на дете кое живеело на истото место во текот на четвртиот или петтиот век од н.е., објавува „Турки Тудеј“. Христијанската амајлија е откриена во мал бакарен сад, а археолозите пронајдоа златен лист на неа кој бил дебел само околу 0,1 милиметар. Иако натписот сè уште не е целосно дешифриран, тимот за ископување верува дека текстот веројатно е земен од Библијата и дека амајлијата му припаѓала на мало дете, кое требало да го заштити од болест, несреќа или натприродни сили. Предметите беа откриени за време на третата сезона на ископувања на локалитетот во населбата Џумхуриет во Коња. Ископувањето започна по шест години површински истражувања и се спроведува со дозвола од турското Министерство за култура и туризам, а во него учествуваат претставници на турските универзитети и Универзитетот во Чикаго во Соединетите Американски Држави.Тагови: печат камен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКон Крушево тргна 48. Илинденски коњички маршОд црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници.Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници кои на 2 Август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден... Таму е Елизабета Дамјановска Спасеноска, Бети тргнаа ли коњаниците и кои се нивните пораки пред маршот кон Крушево? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТуристи фатиле Полјак, кој снимал голи деца на плажа во Хрватска- уапсен е Полицијата во Стон уапси 61-годишен полски државјанин под сомнение дека фотографирал голи деца на плажата Прапратно. Мажот, кој веќе е осуден за истото кривично дело, е уапсен откако капач го дојавил, пишува Полициската управа Дубровник-Неретва, објави Индекс. Тој бил фатен од капачи Инцидентот се случил на 23 јули на плажата Прапратно. Се сомнева дека 61-годишниот Полјак фотографирал голи деца додека си играле на плажа и во морето. Неговото однесување било забележано од граѓаните, кои го задржале додека не пристигнала полицијата. Повратник во притвор По апсењето, полицијата го претресла шаторот во кампот каде што престојувал Полјакот и автомобилот што го користел. Пронајдени се мобилен уред и три USB мемориски стикови, кои се конфискувани и ќе бидат претресени според судска наредба. Истражувањето потврди дека мажот е повратник, кој отслужил затворска казна во 2007 година за истото кривично дело сторено на Раб. Во сабота, на 25 јули, осомничениот беше изведен пред истражен судија, кој му изрече мерка притвор. Апел до родителите Полицијата истакнува дека ваквите случаи ја покажуваат важноста на соработката со граѓаните, чии пријави овозможуваат навремена реакција. Тие исто така апелираа до родителите да ги следат своите деца на плажа, да ги облечат во костими за капење и, доколку видат сомнително лице кое снима деца, веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.Тагови: деца Полјак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20