Првото што ќе го забележите ќе ви открие што ве очекува во блиска иднина - Канал 5

Првото што ќе го забележите ќе ви открие што ве очекува во блиска иднина

Погледнете ја оваа слика и тоа што прво ќе го здогледате ќе ви открие важни детали и ќе ви укаже на проблемите кои ве мачат и секако ќе ви дадат насоки како да ги поминете животните препреки.

Првото што ќе го забележите ќе ви открие што ве очекува во блиска иднина

Сликата, односно она што го гледате на неа може да прогнозира што ве очекува во животот.

Дали гледате жена со чадор? Маж со виткана коса? Едрилица или чад?

1. Жена со чадор

Ваков чадор е симбол на аристократијата, кралство, царство но и врска помеѓу небото и земјата. Посакувате да се заштитите од овој свет, од луѓето и општеството, но сте отворени кон небото.

За вас тоа претставува простор за одмор и изразување на креативноста. Одморете се, насочете се кон себе, кон креативноста и духовноста.

2. Маж со виткана коса

Маж со виткана коса е симбол на итрината, идеите, реализација која ќе ви помогне да ги остварите посакуваните цели. Важно е да не претерате, целта да не ја изгуби својата вредност.

Одговорот открива дека ве очекуваат интересни промени. Конечно ќе ги добиете потребните сила и издржливост. Време е за акција и успех.

3. Едрилица

Ако видовте едрилица тоа укажува дека благосостојба ќе заплива во вашиот дом. Вие сте личност со просперитет, големи планови и јасни цели.

Важно е вашиот брод да не потоне од голем товар – чувајте го вашето здравје. Потрудете се повеќе време да поминувате со вашето семејство и пријателите.

4. Чад

Доколку прво забележавте чад, тој симболизира душа која напушта тело. Премногу сте зафатени, а вашата душа бара спокој.

Ве повикува, да ја послушате и “нахраните“. Негувајте ја вашата душа, бидејќи сe друго е минливо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во брак

Светската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.

Фото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во брак

Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември.

Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс.

Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите.

Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост.

„Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек. Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот.

Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година.

„Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој.

Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“.

На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

На покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Министерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА.

Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена.

Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени.

На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина.

Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена.

Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер