Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор
Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)
1Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор
2Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)
3Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветПрво учество на ЕУ на Самит на АСЕАН Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста денеска и утре ќе учествува 47-от Самит на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во малезискиот главен град Куала Лумпур. Ова ќе биде прво учество на Европската Унија на еден Самит на АСЕАН, што, како што соопшти Европскиот совет, ја покажува растечката важност на соработката меѓу Унијата и оваа организација на земјите од регионот на Југоисточна Азија. Во пресрет на заминувањето за Куала Лумпур, Кошта порача дека неговото учество на овој Самит е важен сигнал за продлабочување на односите меѓу ЕУ и АСЕАН. - Тоа е признание за ЕУ како сигурен и предвидлив партнер за АСЕАН. Ние сме две регионални организации кои ги делат истите цели: градење мир, стабилност и просперитет преку соработка и интеграција, истакна Кошта. Според Европскиот совет, ЕУ и АСЕАН како партнери имаат заеднички интерес за подобрување на безбедноста, отворената трговија и поврзаноста. - Реафирмирањето на цврстата посветеност на Унијата кон ефективен мултилатерализам и кон меѓународен поредок базиран на правила, ќе биде клучна порака во обраќањата на претседателот Кошта, се додава во соопштението. Предвидено е на маргините на Самитот на АСЕАН, Кошта да има билатерални средби со повеќе лидери од регионот. Партнерството меѓу ЕУ и АСЕАН се интензивираше во последниве години, откако во 2020 година двете организации за интензивираа својата соработка станувајќи формални стратешки партнери и започнувајќи нова ера на поблиски политички и економски односи. Првиот Самит ЕУ- АСЕАН се одржа во Брисел на 14 декември 2022 година, на 45 годишнината од воспоставување на дипломатски односи меѓу двете организации. Кошта утре од Куала Лумпур ќе отпатува за Абу Даби, каде ќе се сретне со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Предвидено е Кошта и Ал Нахјан да разменат мислења за билатералните односи меѓу ЕУ и ОАЕ, како и за клучни меѓународни и регионални прашања.Тагови: Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договорПо одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба.По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците, соопштија од Минстерството. -Министерот Сулејмани смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.– стои во соопштението.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово.Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето. Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПродолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец. Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето. Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец. Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош. Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи. View this post on Instagram A post shared by News24 Albania (@news24al) Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.Тагови: солзавец Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook