Прво сведочење на Кецмановиќ по маскрот во Белград–очи во очи со родителите на убиените деца - Канал 5

Прво сведочење на Кецмановиќ по маскрот во Белград–очи во очи со родителите на убиените деца

14-годишниот Коста Кецмановиќ, кој лани во црно обви 10 семејства, прв пат по година и пол ја напушти психијатриската болница и се појави во Специјалниот суд во Белград. 

Прво сведочење на Кецмановиќ по маскрот во Белград–очи во очи со родителите на убиените деца

Јавноста успеа да го види само возилото на Брзата помош со кое момчето беше донесено во судот додека родителите на децата жртви скршени од болка доаѓаа на првото соочување со малолетникот. Тој се појави во улога на сведок на судењето против неговите родители, обвинети во случајот. Иако рочиштето беше затворено за јавност, сепак во дел од српските медиумите проструија делови од неговото сведочење, на кое момчето, на општо изненадување, вината за злосторсвата директно ја лоцирало кон неговите мајка и татко. Како друга причина навел дека бил отфрлен од другите деца.

-Мајка ми секогаш бараше да бидам најдобар. Се лутеше на мене и викаше кога не бев најдобар. Тоа нејзино однесување влијаеше да го направм тоа што го направив. Да ги немав пиштолите на татко ми, ова немаше да го направам. Оружјето ми беше на дофат на раце. , изјавил Кецмановиќ на судењето, пренесуваат Република и Блиц.

Тој денеска одговараше на прашања на обвинителството, одбраната на обвинетите и на еден од родителите на жртвите. Следното рочиште е закажано за 10 дена.

-Прашањата што беа поставени беа насочени кон утврдување на мотивот и зошто се се случило. Неговиот денешен исказ е во правец кој ќе води кон осуда., изјави Огњен Божовиќ, адвокат на семејствата на жртвите.

Таткото на момчето Владимир Кецмановиќ е обвинет поради тоа што пред масакрот го носел 13-годишниот син на стрелиште и го обучувал да пука, како и дека дома несоодветно ги чувал двата пиштола, кои момчето ги употребило. Неговата мајка Миљана, пак, е обвинета зашто на една од чаурите во училницата била пронајдена нејзина ДНК. Според најавите пред рочиштето, семејствата на жртвите имале подготвено 250 прашања за Коста.

Масакрот каков не памети Србија отвори широка јавна дебата дали со измените на Кривичниот Закон треба да се намали старосната граница на малолетниците кои извршиле тешки кривични дела, со оглед дека актуелниот ги амнестира од одговорност децата под 14 години.

-Убиецот на моето дете и на останатите деца и на Драган, ден претходно и самиот го читал кривичниот закон и тој многу добро знаел дека нема да подлежи на кривична одговорност. Имаме привилегирана положба на малолетниците во кривичниот закон. Но, што правиме со жртвите? Каков епилог имаме по 3-ти мај, ако имаме ситуација дека никој нема да одговара за убиство на девет деца. , изјави Нинела Радичевиќ, мајка на убиено девојче на 29-ти септември во гостување на „Прва.рс“

Лани на 3 мај, тогаш 13-годишниот Коста упадна во своето училиште Владислав Рибникар и смртно застрела 9 соученици и училишен чувар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Трајко Славески да си поднесе оставка, да не носи нови штетни одлуки

Филипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем.

Филипче: Трајко Славески да си поднесе оставка, да не носи нови штетни одлуки

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешнта прес-конференција го повика гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните. Филипче нагласи дека по погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, Славески нема кредибилитет да носи нови одлуки за нејзината иднина.

„Најдобронамерно денеска го повикуваме гувернерот Трајко Славески да си поднесе оставка. Да не заглавува повеќе од тоа што е веќе заглавен. Да не се обидува на несоодветен начин да се спаси себеси и премиерот Мицкоски, кој што е очигледно негов наредбодавач. Ги пратиме неговите изјави, конфузни, ги дообјаснува, ги менува, очигледно е дека обвинува без причина и очигледно е дека знае дека во еден момент, кога и да дојде тој момент, ќе мора да одговара за сето ова што го направи“, рече Филипче.

Тој потсети дека СДСМ цела година предупредува за сомнителниот капитал и финансиските трансакции поврзани со Алта банка, за што предупредуваше и Европската централна банка и други финансиски институции.

Филипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем.

„Станува збор за банка која што за пет или шест години за тринаесет пати, и тоа е невидено во банкарскиот сектор, ја зголемила својата актива. И тоа е можно само ако станува збор за пари поврзани со криминал, со корупција, со шверц на дрога и така натаму. Гувернерот Трајко Славески очигледно не постапил по закон и како што изјави дека не го познавал газдата, а имал обврска да знае кој е газда на Алта банка, затоа што требал да знае со кој човек има работа и каква е репутацијата на газдата на банката која што влегува на нашиот финансиски пазар“, рече Филипче.

Притоа Филипче посочи дека сега кога Алта банка Белград, која е мнозински сопственик на Алта банка Битола со 95 проценти, е во стечај, гувернерот неосновано повторно најавува решенија за кои нема надлежност, како што е најавата за продажба на акции.

„Сега Алта банка во Белград, која што е мнозински сопственик 95 проценти на Алта банка Битола е во стечај. Гувернерот посегнува по некаква си продажба на акциите, иако вистината е дека не може тој да ги продава акциите, ниту Народна банка наша, туку за тоа одлука треба да донесе тој кој што го управува стечајот на Алта банка во Белград, а тоа е Агенцијата за осигурување на депозитите во Србија, тие треба да ја донесат таа одлука за продажба на тие акции, затоа што парите од продажбата на тие акции ќе одат во стечајната маса на Алта банка во Србија. Сето тоа не е возможно, како што најавува гувернерот, иако знаеме дека сака, за да се обиде да ги забошити сите овие работи, да се случи за десетина дена“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?

​Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски.

Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?

Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери?

Почитувани,

Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски!

Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година.

Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае?

Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620 илјади евра, од тогашната Влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу.

Почитувани граѓани,

Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДС.

Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата

Ќерката на покојниот „крал на поп-музиката“ Мајкл Џексон, Парис Џексон, побара од судот да нареди исплата на 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко во семеен фонд наменет за неа и нејзините браќа. 

Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата

Таа наведува дека поминале повеќе од 17 години од смртта на нејзиниот татко, славниот пејач, а парите што требало да им припаднат на неговите деца сè уште не се префрлени во фондот.

Фондот бил основан во корист на неговите три деца, а тие требало да почнат да добиваат приходи кога ќе наполнат 21 година.

Во нов судски поднесок, доставен на 29 октомври, 28-годишната Парис наведува дека имотот на нејзиниот татко генерирал приходи во износ од милијарди долари по неговата смрт во 2009 година, но дека семејниот фонд – формиран за да ја обезбеди иднината на неговите деца – останал без средства.

Според магазинот „Пипл“ (People), таа побарала од судија во Лос Анџелес да одобри делумен пренос на средства во фондот на Мајкл Џексон.

Фондот е основан за добробит на неговите три деца: Принс (29), Парис и Биги (24). Според одредбите, наследниците требало да почнат да добиваат приходи од своите удели кога ќе наполнат 21 година. Исто така, предвидено е тие да добијат делови од средствата на возраст од 30, 35 и 40 години.

Парис, сепак, тврди дека таквата распределба не се случила онака како што замислил нејзиниот татко.

„Повеќе од 17 години по неговата смрт, семејниот фонд на Мајкл Џексон сè уште не е финансиран“, се наведува во судскиот поднесок.

Во документите се наведува дека Принс наближува кон својот 30-ти роденден, додека Парис во април ќе наполни 29 години, а Биги во февруари ќе наполни 25 години.

Нејзиниот правен застапник смета дека, поради отсуството на уплати во фондот, братот и сестрите сè уште зависат од одлуките на извршителот на тестаментот, Џон Бранка, кој одлучува кога и колку пари ќе добијат тие.

Адвокатите на Парис Џексон наведуваат дека имотот на нејзиниот татко остварил значителни приходи благодарение на бројни деловни зделки и продажба на имот.

Тука спаѓаат продажбата на удел во „EMI Music Publishing“ за 287,5 милиони долари во 2018 година, продажбата на ранчот „Неверленд“ за 22 милиони долари во 2020 година, како и договорот со „Sony“ од 2023 година, кој се однесува на музиката на Мајкл и други права на интелектуална сопственост.

Според поднесениот документ, овие трансакции генерирале повеќе од 1 милијарда долари во готовина, пред оданочување и покривање на трошоците. Извршителите на тестаментот претходно ја процениле вредноста на оставината на износ помеѓу две и три милијарди долари. Адвокатите се повикаа и на финансискиот извештај, според кој, во декември 2024 година, оставината располагала со околу 850 милиони долари во готовина и готовински еквиваленти.

Откако ќе се земат предвид потенцијалните обврски, Парис смета дека на располагање би можеле да бидат околу 600 милиони долари за уплата во семејниот труст.

Во документот се спомнува и ветувањето на извршителите од 2011 година, кога пред судот изјавиле дека размислуваат да поднесат посебно барање за распределба на средствата. Правниот тим на Парис Џексон тврди дека такво барање никогаш не било поднесено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер