ЖивотПрво скенирње на земјата под Стибера кај ПрилепИма многу градби кои чекаат археолошки истражувања. Античкиот локалитет од пред 17-тина века (најголем процут имал во 2-риот век од нашата ера, а бил активен до 3-4 век) најпознат по мермерните статуи, по 70 години истражување за првпат доби геофизичко скенирање на почвата на локалитетот. Многу градби има под земјата на археолошкиот локалитет Стибера кај прилепското село Чепигово. Скенирањето оваа недела го врши Археолошкиот музеј на Република Македонија во соработка со прилепскиот Завод и музеј. Археолозите и истражувачите се фасцинирани со првичните наоди кои треба да се обработат во целина преку софтвер. -Првичните резултати покажуваат мноштво ѕидови под земјата. Тие податоци треба да бидат обработени во посебен софтвер каде што ќе добиеме појасна слика за поголема површина. Тоа што сега го гледаме се, буквално, пресеци на земјата и врз основа на тоа може да ги инерпретираме како ѕидови, како модерна интервенција или нешто друго. По завршувањето на теренскиот дел на работата со геоснимањето, ќе ги обработиме податоците, ќе ги споиме на едно место за да добиеме поширока и појасна слика за тоа каде се наоѓа тој објект под земјата. Ние даваме насоки каде треба да се концентрира ископувањето. Многу делови се кријат под земјата. Со сегашниве истражувања може да забележиме дека на неистражените делови до истражениот дел со Агората за кои понатаму ќе се види што претставуваат тие објекти, објаснува Радомир Ивановиќ од Археолошки музеј на Македонија. Истражувањата ги мерат геофизичките карактеристики на почвата, а се бараат аномалии кои се појавуваат во земјата. Тие асоцираат дека станува збор за некаква инфраструктура, како што се ѕидови, канали и друго. -Ние на одредени полигони ја скенираме целата површина и врз основа на резултатите на тие рефлексии, аномалии што ги бараме, може да кажеме во кој дел од скенираната површина се наоѓа архитектурата и аномалиите кои ги гледаме. Оваа година на Стибера поставивме доста големи полигони кои ги скенираме, покриваме голема површина и ќе се дадат насоки каде да се концентрираат археолошките истражувања, вели Ивановиќ. Целта на овие скенирања е точно да се лоцираат местата каде има подземја градби и идните археолошки истражувања да бидат ефективни. -Со тие скенирања, она што го претпоставуваме да се потврди дека на оние пунктови каде што очекуваме има градби под земјата и во кои правци тие се простираат. За да знаеме во иднина како да ги насочиме нашите археолошки истражувања. Ова е за првпат во прилепскиот регион да се скенира со таа техника од Археолошкиот музеј. Она што го претпоставуваме, веќе го гледаме на екранот на тој скенер, а се однесува на градбите, смета Душко Темелкоски, археолог од прилепскиот Завод и музеј. Уредот за геоскенирање е набавен 2014 година, а поактивно се користи од 2019 година. Оттогаш се организирани неколку обуки за користење на овој и други уреди за неинвазивни истражувања во државава. За четири години се скенирани 15 локалитети во земјава, на шест се истражува и се потврдени добиените резултати. Препорачливо е пред да се копа, прво со скенерот да се ѕирне што се крие под земја. -Сметам дека во иднина, прво треба да се користи овој метод пред да се почнат археолошки истражувања. Така ќе се дадат насоки каде да се истражува. На тој начин се штедат пари, време и ресурси, нагласува Радомир Ивановиќ од Археолошкиот музеј на Република Македонија. Под земјата се кријат многу јавни, репрезентативни градби, зашто Стибера била значаен град во римското време од 1 и 2 век со 20 000 жители, со денешен еквивалент на преку 200 000 жители. Инаку, во Стибера која археолозите ја нарекоа „Македонска Помпеја“ сѐ уште се чека да се откријат луксузните живеалишта и некрополата. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ФудбалДимитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуацијаСтоле Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите. Тагови: Столе Димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКако настанала „коњската сила“?Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина. За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак. Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута. Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута. Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери. Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе. И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962. Извор: Б92Тагови: коњски сили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјатаСо свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината. -Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски. Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните. Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.Тагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter