Прво реми на ЕУРО2024, Данска и Словенија одиграа 1-1

Данска и Словенија го одиграа вечерва првиот натпревар на ЕВРО2024 кој заврши без победник, ремизирајќи 1-1 во воведниот натпревар во групата Ц.

Данска, на дуелот во Штутгарт кој од трибините го следеа 60.449 гледачи, поведе во 17 минута со голот на Ериксен.

Словенија избегна стартен пораз во групната фаза со голот на Јанжа во 77 минута.

Првото коло во групата Ц ќе биде комплетирано вечерва со дуелот меѓу Англија и Србија.

Осуммина загинати во голем пожар во трговски центар во Кина, десетици се заробени(ВИДЕО)

Осум лица загинаа, а десетици останаа заробени во зградата откако денеска избувна пожар во трговски центар во Кина, јавува кинеската државна телевизија CCTV.

Пожарот избувнал околу 18 часот по локално време во трговски центар во градот Зигонг, во кинеската провинција Сечуан. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат огромен облак од црн чад што се издига над 14-катницата.

Речиси 300 работници за брза помош и десетици возила пристигнале на местото на настанот. Противпожарната единица го изгаснала пожарот во 20 часот и 20 минути. Од центарот се спасени 30 лица. Не е познато колкумина се уште се заробени. Во јануари избувна пожар во зграда во Кина, при што загинаа најмалку 39 луѓе. Неколку дена пред тоа изгоре интернат во провинцијата Хенан, при што загинаа 13 деца, пишува CNN.

ГТЦ се распаѓа, падна дел од плафонот

Денес падна клима во Градскиот трговски центар и откорна дел од покривот.

Деловниот простор е од страната на паркот „Жена Борец“, кој во моментов е празен. Очевидци велат дека во моментот на паѓање немало минувачи, објави 4 Њуз.

Барселона добива милиони од ФИФА поради повредените играчи

Барселона минатата сезона имаше големи проблеми со повредени играчи, а не запира ниту пред почетокот на новата сезона.

На списокот со повредени каталонски фудбалери има четворица, а она што е интересно е што нивната заедничка вредност според Трансфермаркт се проценува на 310.000.000 евра.

Младиот Гави е повреден подолго време, Френки Де Јонг наскоро би требало да се врати на тренинзите, а Педри и Роналд Араухо се повредија на неодамна одиграното Европско првенство и Копа Америка.

Педри се повреди во победата на Шпанија над Германците, по навистина непромислениот старт на Тони Крос, додека Араухо доживеа пех за време на четвртфиналниот натпревар од Копа Америка против Бразил.

Затоа Барса уште некое време нема да може да смета на нив, но сепак има малку подобра страна на оваа приказна.

Имено, Каталонците ќе добијат вкупно 3.200.000 евра како обештетување од ФИФА за повредениот двоец, односно 2.500.000 за Арауха, а 700.000 за Педри.

Да потсетиме, Барселона во февруари годинава имаше дури 12 повредени играчи.

притисни ентер