Прво појавување во јавноста на Хари и Меган по три месеци - Канал 5

Прво појавување во јавноста на Хари и Меган по три месеци

Британскиот принц Хари и неговата сопруга актерката Меган по три месеци прв пат се појавија заедно во јавност.

Прво појавување во јавноста на Хари и Меган по три месеци

Тие дури за оваа прилика го ускладиле својот изглед.

Принцот Хари и Меган Маркл по три месеци повторно се појавија во јавноста со видео обраќање.

По неколку недели шпекулации за нивната разделба, парот стави крај на шпекулациите со заедничко појавување, што воедно беше и нивно прво појавување по три месеци.

Принцот Хари и Меган за снимањето видео по повод Светската министерска конференција за борба против насилството врз децата дури се појавуваат во сличен „аутфит“.

Во својот говор тие го истакнаа проблемот со онлајн насилството. И двајцата носеа значки со мотив од афион во чест на војниците загинати во Првата светска војна.

Ова е нивно прво појавување по три месеци, откако последен пат се видени заедно во Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ

Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија.

Мицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ

Во касарната „Илинден” во Скопје во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше презентиран дел од новата опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од над 40 милиони евра.

Еве што порача при посетата на Армијата во касарната Илинден во Скопје премиерот Христијан Мицкоски.

„Добар ден и од мене,

Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија.

Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што, еве, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата.

Исто така би сакал да се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството, за посветената работа.

Се разбира, сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност, за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена. Сведочевте на прекрасна вежба. На сите оние старешини коишто се дел од Генералштабот, дел од единиците, и се разбира, најголема благодарност до луѓето, до војниците, коишто сето ова кое што денеска го видовте, го извршија беспрекорно.

Ние остануваме, како Влада, посветени да ги исполнуваме сите барања од страна на НАТО Алијансата.

Пред неколку дена, во посета кај нас беше главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, господинот Гринкевич, којшто јасно кажа дека сите инфраструктурни проекти коишто во моментот ги движиме, вклучително и средствата коишто ги одвојуваме, претставуваат пример за многу земји членки на НАТО и тие, во нашиот случај, достигнуваат и до четири проценти, што навистина за нас претставува една цел која што ќе се обидеме, во годините коишто следат, да ја одржиме.

Четири проценти од бруто-домашниот производ, имајќи предвид дека номиналниот бруто- домашен производ во последно време расте со стапка од осум проценти и повеќе, ќе претставува предизвик, но секако ние, како Влада, имаме приоритет да инвестираме во нашата македонска Армија и да ја направиме Армијата поконкурентна, иако таа, можам да кажам, е навистина исклучително конкурентна.

Така што, еве, уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите учесници и, како што кажав, на сите оние коишто допринесуваат денеска македонската Армија да изгледа конкурентна вака како што е.

Ви благодарам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамилтон не престанува да зборува за Ким: Не и е грижа за лошите коментари

Легендата на Формула 1, Луис Хамилтон повторно јавно проговори за својот однос со ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан.

Хамилтон не престанува да зборува за Ким: Не и е грижа за лошите коментари

Ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, ја спомена својата девојка Ким Кардашијан додека им се обраќаше на фановите во Силверстоун пред Големата награда на Велика Британија во четврток, 2 јули.

Ова не е прв пат Хамилтон некако да ја искаже својата љубов кон Ким пред сите, истото го направи и во Монако.

Откако публиката аплаудираше, еден од возачите се пошегува и праша: „Дали е поради брзиот автомобил или поради новата девојка?“ Хамилтон се насмеа на тоа и одговори: „Да, добро прашање“. Потоа Хамилтон му се заблагодари на својот тим од Формула 1, а потоа ја спомена и својата девојка, со која медиумите го поврзуваат од февруари.

„Кога ќе поминете една година со овој тим, сфаќате дека Ферари сè уште е најлегендарниот тим на сите времиња, иако минуваше низ тежок период. Тоа е неверојатен тим и сите одлично ме прифатија. Првата година, се разбира, беше многу тешка, но сега конечно гледаме дека целиот вложен труд нè враќа таму каде што сакаме да бидеме.“

На крајот, со насмевка додаде: „И секако, секако, тука е Ким“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик

Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик, работат против правото на дијаспората да гласа поради страв од уште поголем пораз .

Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик

СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии.

Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората, затоа што токму тие луѓе заминаа од државата поради нивното катастрофално раководење со Македонија. Свесни за исходот, одат против носење на нов Изборен законик.

Од друга страна пак, го имаме Апасиев и Левица на кои никогаш не им е доста од повеќе пари, па од кога ја исцедија сопствената партија, побараа повеќе пари за финансирање на кампњата, нешто што едногласно беше прифатено за новиот Изборен законик. Меѓутоа, глумецот Апасиев сака да се претстави како тврдокорен и тој договор што го прифатија позади завесата за нов Изборен законик, не му одговара пред завесата и не сака да го потпише договорот, за да се покаже пред своето мало гласачко тело како Робеспјер.

Очигледно е дека ниската доверба како и падот на рејтингот на СДС и Левица ги наведуваат на политички блокади наместо на конструктивна работа. Наместо да помогнат државата да ги исполни реформските цели и да го задржи темпото во користењето на средствата од Планот за раст, тие избираат конфронтација и опструкција.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Наш приоритет останува спроведување на реформите, носење на квалитетни законски решенија и обезбедување на еднакво избирачко право за сите македонски граѓани, вклучително и за дијаспората.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер