Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
2 Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
ЖивотПрво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поправки во Скопје, денеска АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари. - Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на животната средина и одржливост. Овој настан има за цел да ја подигне свеста и да ги поттикне граѓаните да станат дел од оваа значајна иницијатива, се наведува во соопштението од АРНО. На настанот најавено е обраќање на Ирина Јаневска (АРНО), која ќе зборува за важноста на Центарот за поправки, додека Антонио Даниловски (АРНО) ќе ги претстави активностите што ќе следат во Центарот, како и двата повика за јавноста – за мајстори и за донации на играчки. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе ја истакне поддршката на општината за проектот. По прес-конференцијата, ќе следат работилници за поправки со средношколци од СУГС „Георги Димитров“, кои ќе работат на реупотреба на производи и поправка на играчки. Поправените играчки ќе бидат донирани на деца од семејства со помалку можности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMSМинистерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан. Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски силиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, објави на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави. Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник. Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери. Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter