ТенисПрво „на нула“, а сега се избланшира- Карлос Алкараз пак го смени имиџот (ВИДЕО)Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз постигна одличен резултат, го освои Отвореното првенство на САД на многу доминантен начин.Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз постигна одличен резултат, го освои Отвореното првенство на САД на многу доминантен начин, победувајќи го Јаник Синер во финалето со 3:1, во сетови 6:2, 3:6, 6:1, 6:4, со што стигна до уште еден Гренд слем во својата кариера, но и до првото место на АТП листата. Карлос Алкараз имаше одличен турнир, кој исто така доста шокираше со својот настап во Њујорк. На последниот Гренд слем турнир се појави со избричена глава, што доста ги изненади сите негови фанови, како и љубителите на тенисот низ целиот свет. Тој самиот зборуваше за својата коса и дека таа ќе порасне повторно за неколку дена, додека сега направи нешто друго. Реши да ја обои. Го посети својот познат фризер Виктор, кој ја избели, а сега Карлос Алкараз има „бела“ коса. View this post on Instagram A post shared by VICTOR (@victorbarbers5) Тагови: Карлос Алкараз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипедиОпштина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Центар.. За проектот „Цел Центар на точак“ за тековната година се предвидени вкупно 600.000 денари. Потсетуваме дека Јавниот повик за субвенционирање на дополнителна опрема за велосипеди и е-велосипеди останува активен. Граѓаните и понатаму можат да поднесуваат барања за субвенции за седишта за деца и/или заштитни кациги, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот, но најдоцна до 1 декември 2026 година. За дополнителната опрема се субвенционираат 30% од цената, но најмногу до 1.000 денари. „Големиот интерес од граѓаните уште еднаш покажува висока свест за одржлива урбана мобилност и користење еколошки начини на превоз“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка МурмуПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град СкопјеПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто се обратија на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид. Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава. Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕвропаПоследната порака на Олександр Сирски Во контраофанзивите оваа година, Украина успеа да поврати 700 километри од својата територија, соопшти денес началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина во заминување, Олександр Сирски.Тој на својот канал на платформата „Телеграм“ потврди дека ја напушта функцијата началник на Генералштабот и истакна дека на својот наследник, Михаил Драпати, му ја препушта армијата која „не само што ја одржува одбраната, туку и дејствува офанзивно“, пренесува „Ројтерс“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека денеска ќе биде официјализирана неговата одлука Михаил Драпати да биде назначен за нов главен командант на Вооружените сили на Украина, со што ќе го замени Олександр Сирски. „Заедно со Михаило, Јевгениј Хмар и Павло Палис, утврдивме како треба да се реорганизира Генералштабот на вооружените сили на Украина. Факт е дека Олександр Сирски постигна резултати за Украина во одбраната на Киев, офанзивата кај Харков и операцијата во Курск. Изминавме долг пат, одбраната на Украина продолжува и кон секој борец мора да се постапува достоинствено“, изјави Зеленски во објава на платформата X.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook