3Кои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
Други спортовиПрво место за Малински и второ за Брезовски на Балканското триатлон првенство за кадетиМакедонскиот триатлон доживеа голем успех на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија, што викендов се одржа во Изворани, Романија. Петнаесетгодишниот Јосиф Малински освои прво место во балканска конкуренција и второ во апсолутна, а една година помладиот Марио Брезовски беше втор во балканска конкуренција и трет во апсолутна. И двајцата се членови на скопскиот ТК „Триоги рејсинг“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
ЕкономијаМицкоски: За првпат по долго време имаме извоз, кој што е поголем од увозотРаст и на извозот и на увозот во првите седум месеци од годинава, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Извозот достигнал 5,1 милијарди евра, што е раст од 8,4 проценти во однос на истиот период лани, додека увозот изнесувал 7,2 милијарди евра и е зголемен за 7,8 проценти. Во извозот најзастапени се катализаторите и деловите за автомобилската индустрија, а во увозот металите од платинската група, нафтените деривати и автомобилите. Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, додека земјите од ЕУ учествуваат со 58,7 проценти во вкупната размена. За премиерот Христијан Мицкоски, позитивен сигнал е тоа што извозот расте побрзо од увозот. Тој вели дека трендот е особено изразен во јули, а растот на увозот го поврзува со високите цени на нафтата и нафтените деривати. „За првпат можеби после долго време имаме извоз којшто е поголем од увоз, односно побрзо расте извозот отколку што расте увозот, и на тој начин се намалува дефицитот во трговската размена и во првите седум месеци во годината. Првите податоци за првиот месец од третиот квартал, тоа е јули, се навистина над нашите очекувања. Посебно кога станува збор за извозот, којшто ќе повторам побргу расте отколку што расте увозот, а увозот расте поради високите цени на нафтата и нафтените деривати. Кога би се стабилизирал тој дел од пазарот, тогаш таа разлика би била уште поголема и покриеноста ќе биде уште поголема.“ Мицкоски повторно се повика и на растот на БДП како показател за силната економска активност. Во вториот квартал економијата пораснала за 4,3 проценти, а во првото полугодие за 3,7 проценти. Премиерот очекува годинава да заврши со раст меѓу 3,5 и 4 проценти. Министерката за Финансии Гордана Димитриеска Кочоска во обајва на Фејсбук уште еднаш нагласи дека растот на македонската економија во вториот квартал е еден од најдобрите квартални резултати изминатите две ипол години. Во меѓувреме, од СДСМ повторно со критики за задолжувањето. Од партијата обвинуваат дека Владата ја носи Македонија кон јавен долг од 12 милијарди евра и дека дел од обврските на ЈПДП не се прикажуваат во јавниот долг. Реакцијата следува откако Мицкоски вчера ги отфрли обвинувањата за скриен долг од 350 милиони евра на ЈПДП, со објаснување дека станува збор за рамковни заеми што се повлекуваат постепено. Од СДСМ тврдат дека и гарантираниот долг на јавните претпријатија треба да биде опфатен во јавниот долг и најавуваат кривична одговорност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпасен крлеж од Азија ги десеткува пчелните семјества, какви мерки за заштита се неопходни? Нова закана за пчеларството.Од Азија кон Европа забрзано се шири нов крлеж кој може да ги десеткува пчелните семејства и да нѐ остави без мед. Новиот крлеж кој се шири од азија полека тропа на вратите на Европа. Последната вест која ги загрижи пчаларите од Балканот е дека во Турција и официјално е регистрирана појавата на новиот крлеж Тропилелпас. -Како резултат на работата што ја вршев во изминатите две години – особено додека следев одредени сомнителни случаи за време на теренската работа го идентификував присуството на Тропилепс.. Tоа е болест што подлежи на задолжително пријавување. Затоа, веднаш ги известив владините претставници. Претставниците на министерството за земјдолство заедно со ветеринари извршија инспекции и го потврдија мојот наод на 31 август. Во моментов е откриен во регионот Артвин а ќе се спроведат и посеопфатни истражувања дали го има во другите региони во Турција. На конференција во Охрид се собраа сите европски научници и сите претседатели и претставници на пчалрските сојузи од Балканот за да разменат искуства и информации за новата закана за пчеларството која може за само два месеци да униште цело пчелно семејство, да го намали драстично бројот на пчели и да не остави без мед ако не се преземаат мерки со време да се адаптираат и едуцираат пчеларите како овој сите паразит да го држат под контрола. -Паниката никогаш не донела ништо добро. Мораме добро да го запознаеме непријателот на пчелите за да се бориме со него. Загрижувачка е состојбата бидејќи веќе доста блиску дојден овој крлеж а турските пчелари со селидбеното пчеларње може уште повеќе да го рашират. Дури и да се преземат ситемерки неможе да се запре ширењето на овој проблем кој е само прашање на време кога ќе пристигне и ќе направи дополнителни пробелми за пчеларите кои и онака заради климатксите промени и фалсификуваниот мед полека се откажуваат од пчеларството. Проблемот со новиот крлеж според пчеларите не само што е закана за производството на мед туку уште поголеми се штетите во земјдоелството ако ги снаме пчелите во опрашувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?Дали новата стратегија за проширување на Европската Унија отвора нови видици за Западниот Балкан и Македонија? Дали новата стратегија на ЕУ за проширување ќе го забрза полноправното членство на земјите кандидатки или ќе стане попатна замена за трајната дестинација? Дел од аналитичарите во однос на позицијата на Македонија со резерва гледаат на документот кој го подготвува Брисел за постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции во зависност од напредокот во реформите. Според Петар Арсовски, понудата од Брисел е логична, особено во време кога повеќе земји кандидати не гледаат перспектива во членството, но за државава, вели, останува главниот предизвик со уствните измени. - Проблемот е дали оваа понуда ќе стане замена за трајната дестинација. Постои ризик особено имајќи го предвид референдумот во Исланд кој покажа дека постои еден неизвесен златен појас – доволно блиску, а доволно далеку до ЕУ. И постои ризик за многу од земјите кандидати имајќи ги предвид политичките недоследности во ЕУ тоа да стане некакво трајно решение. Тоа за Исланд е во ред, но за Македонија не е, бидејќи нас ни е потребна трансформативната сила на преговорите. Што се однесува до политичката понуда, било која интеграција, забрзана, постепена, итн, важи за земјите кои се во процесот на преговори. Ние не сме во процесот на преговори. Ние би можеле да се надеваме на таква забрзана понуда кога би ги решиле домашните политички проблеми, би ги ставиле Бугарите во Уставот и со тоа би ги откочиле преговорите. Тоа не значи дека нашите предизвици ќе застанат. Но, имаме шанса да се качиме на тој воз до крајот на деценијата, смета Арсовски. Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во вчерашното гостување на Канал 5 оцени дека Македонија треба да прифати бенефиции од ЕУ доколку и се понудат, но прво смета дека треба да се види што точно ќе предложи Брисел за процесот на проширување. -Процесот на европското проширување претрпе еден сериозен удар со референдумот во Исланд. Делуваше на прв поглед дека ѕвездите се наместени Исланд да го продолжи својот пат кон ЕУ, меѓутоа тоа не се случи. Доколку се стави на маса влез во единствениот пазар, членство во Шенген, Македонија тоа треба да го прифати, тука нема никакви дилеми. Да видиме дали тоа ќе биде предлогот. Затоа што, на пример, имавме цела серија на предлози во минатото, каде што се нудеа мед и млеко. На крај ништо не испадна, изјави Боцевски. Еврокомесарката Марта Кос вчера од Даблин дека оваа есен ќе биде историска за проширувањето на Унијата, а ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување. Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter