3Пред уништен споменик на децата бегалци во паркот Жена-борец се одбележа 80 годишнината од Граѓанската војна во Грција
На Кети Пери во последен момент ѝ го откажаа настапот во Белгија: Немав избор, несреќна сум како и вие
1На Кети Пери во последен момент ѝ го откажаа настапот во Белгија: Немав избор, несреќна сум како и вие
ЗабаваПрво државно квиз првенствоПрво државно квиз првенство ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонската квиз асоцијација (МКА) кое е отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки.Државното квиз првенство се состои од два настана, поединечно натпреварување и натпревари во двојки. Поединечното натпреварување се состои од пишани тестови со 200 прашања од осум различни области (спорт, наука, историја, свет, медиуми, животен стил, култура и забава) на кои што секој учесник треба да одговори точно, на што поголем број прашања, за два часа. Автор на квизот е Небојша Ангелов, искусен натпреварувач и победник на телевизиски квизови. Натпреварите во двојки се состојат од вкупно 200 прашања кои ќе бидат распоредени во три дела. Првите два дела се состојат од по 80 прашања и времето за решавање за нив е 45 минути, а по нивното прегледување, најдобрите парови учествуваат во третиот финален дел кој се состои од 40 прашања и се решава 30 минути. Поените од трите дела се собираат, со тоа што поените освоени во финалната рунда вредат по двојно. -Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на ова првенство односно оваа интересна и интелектуална квиз-забава, каде што можете да се натпреварувате и да го споделите Вашето знаење од разни занимливости! Единствени критериуми што е потребно да ги исполнуваат натпреварувачите е да сакаат да го покажат своето знаење и да сакаат дружба и забава и најважно, сите нешто да научиме. Ве охрабруваме, сите што имате желба да учествувате на вакви настани, да ни се придружите, велат од МКА. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНа Кети Пери во последен момент ѝ го откажаа настапот во Белгија: Немав избор, несреќна сум како и виеКети Пери вчера го откажа својот настап на белгискиот музички фестивал Верхтер Бутик во последен момент, само неколку часа пред да се качи на сцената.Пејачката (41), која требаше да биде главна ѕвезда на вечерта, им порача на своите обожаватели на Инстаграм дека „немала избор“. Одлуката е донесена поради безбедноста на публиката Пери требаше да го затвори фестивалот по настапот на Питбул, но шоуто беше откажано поради лошите временски услови. „За жал, мојот настап вечерва во @WerchterBoutique не може да се одржи поради одлуката на властите да го откажат поради предвиденото лошо време и загриженоста за безбедноста на публиката“, напиша пејачката. Таа исто така откри дека во моментот на донесување на одлуката, веќе била зад сцената и подготвена да излезе. „Бев зад сцената и се подготвував за настапот кога ми јавија за веста и ми рекоа дека настапот нема да биде можен“, додаде таа. „Исто толку сум несреќна како и вие“, продолжи таа, истакнувајќи дека ситуацијата е „целосно надвор од моја контрола“ и дека безбедноста на посетителите е на прво место. „Жал ми е што не можам да влијаам на времето, а уште повеќе ми е жал што нема да бидеме заедно вечерва“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by KATY PERRY (@katyperry) Својата објава ја заврши со разочарување што не се врати на фестивалските настапи по 2009 година. „Дури и планирав повторно да ја носам истата облека од настапот во 2009 година. Ве сакам сите и ве молам вратете се дома безбедно“, напиша таа. Заедно со објавата, таа прикачи фотографија на која седи во пругаста тренерка и бела мантија и пуши цигара, додека облеката што планираше да ја носи остана до неа. Во официјалното соопштение на фестивалот беше наведено дека програмата ќе заврши порано, во 21 часот, поради предвидените „силни грмотевици“, а настапот на Кети Пери беше закажан еден час подоцна. Одлуката е донесена за да се „осигура безбедно и организирано заминување на посетителите“. Пери има закажано уште неколку фестивалски настапи во текот на летото, вклучувајќи го и оној во Кардиф, Велика Британија, на 30 јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиОлександар Усик се откажа од сите титули и сега договара меч со легендарен боксер Олександр Усик се откажа од шампионските појаси во тешка категорија, но тоа не значи дека завршил со големите борби во професионалниот бокс.Според информациите презентирани од промоторот Еди Херн, украинскиот шампион сега би можел да ги вкрсти ракавиците со Деонтеј Вајлдер, поранешниот шампион на ВБЦ и еден од најсилните нокаути во модерната ера во тешка категорија. За оваа можност Херн зборуваше за време на преносот на DAZN од боксерски настан во Бруклин, непосредно пред дуелот меѓу Ксандер Зајас и Џерон „Брада“ Енис за обединетите појаси во супер велтер категорија, навестувајќи дека договорот за потенцијален меч меѓу Усик и Вајлдер е практично блиску до реализација. Сето ова доаѓа само еден ден откако Усик официјално се откажа од титулите во ВБА, ВБЦ и ИБФ, пренесува BoxingScene. Ваквиот потег јасно покажува во која насока сака да оди Усик на крајот од кариерата. Украинецот повеќе не е заинтересиран за задолжителна одбрана на титулата, долги преговори со федерациите и чекање задолжителни предизвикувачи. Откако двапати ги победи Ентони Џошуа, двапати Тајсон Фјури, како и Даниел Дабоу во тешка категорија, има уште неколку големи имиња од неговата ера со кои не се соочил во рингот. Еден од нив е Деонтеј Вајлдер. Усик и претходно изрази желба да се бори со поранешниот шампион на ВБЦ. Иако Вајлдер повеќе не е на врвот на кариерата како во периодот кога важеше за најопасен нокаут во дивизијата, неговото име се уште носи огромна тежина во светот на боксот. Станува збор за борец кој со години е симбол на тешката категорија, препознатлив по една од најразорните десни раце во историјата на модерниот бокс. Токму затоа потенцијалниот дуел би имал јасна спортска и маркетиншка логика за Усик, кој сака да ја заврши својата ера. Вајлдер би бил последниот голем американски борец од генерацијата врвни тешкаши со кои Украинецот не ги вкрсти ракавиците, откако на неговиот список веќе беа Џошуа, Фјури и Дубоа. Од друга страна, одлуката на Усик да се откаже од појасите покажува и дека тој повеќе не сака да биде дел од класичниот шампионски систем. Со објавувањето на титулите отвори простор за нови предизвици и борби кои немаат обврска за пласман, туку лично и историско значење. Доколку навистина се случи дуелот со Вајлдер, тој нема да биде во игра за титули, туку за престиж и заокружување на една од најголемите кариери во модерниот бокс. За Вајлдер тоа би било можност да се врати во центарот на вниманието на најголемата светска сцена. Иако резултатите во последните години му го ослабнаа реномето, мечот против Усик повторно би му донел борба која носи огромен ризик, но и шанса со еден удар да го промени текот на кариерата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна хеликоптер на саудиски нафтен гигант, загинаа 14 лица Хеликоптер на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ денеска се урна во Рас Танура, при што загинаа 14 лица, објави државната новинска агенција СПА, а пренесе „Анадолу“.Сите загинати се саудиски државјани, објави СПА, повикувајќи се на официјален извор од саудиското Министерство за енергетика. Во тек е истрага за да се утврди причината за несреќата. Рас Танура, кој се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија долж Персискиот Залив, е еден од главните центри за рафинирање и извоз на нафта во кралството.Тагови: хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07