Ужас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредите
1Ужас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредите
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
МакедонијаПрво авионско прскање против комарци во Куманово, годинава Општина Куманово денеска ги информираше граѓаните дека ќе спроведе прво авионско прскање против комарци. Прскањето ќе се спроведе во раните утрински часови по течението на реките и централното градско подрачје. Третманот ќе се изврши на површина од 1.270 хектари, по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, урбаните заедници „Бабин Дол“ „Гоце Делчев“, „Тоде Мендол“, централното градско подрачје и пречистителната станица JП „Водовод“ во село Доброшане. -Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на 1 јули годинава, (вторник), во период од 04:00 до 10:00 на територијата на општината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци. При извршување на третманот ќе се користи препаратот „Aqua K-Othrine 2 EW“, информираа денеска од општината Пчеларите треба да преземат соодветни заштитни мерки. Доколку временските услови се неповолни, тогаш авионското прскање ќе се одложи за нареден ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани. Куманово склучи два договори со компании задолжени за дезинсекција против комарци. Градот склучи договор и спроведе јавна набавка за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, за што одвои скоро два милиони денари. Општината за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари одвои над 1, 2 милиони денари. Тагови: СВР Куманово комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕвропаУжас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредитеУченик од осмо одделение нападнал две наставнички и една ученичка со нож во основно училиште во Сташков, во областа Чадца во Словачка.Една наставничка (61) им подлегнала на повредите, додека другите две повредени лица биле пренесени во болница. Полицијата и службите за итна помош биле испратени во основното училиште во Сташков утринава, по пријавите за напад со остар предмет. Според извештаите на словачките медиуми, напаѓачот е ученик од осмо одделение кој употребил нож за да нападне две наставнички и една ученичка. На местото на настанот биле испратени две возила на брза помош и два хеликоптери за спасување. Биле спроведени итни интервенции, а повредените добиле медицинска помош. Петра Климешова, портпарол на Оперативниот центар на Службата за итна медицинска помош, потврди дека дете во критична состојба било пренесено со хеликоптер во болницата во Мартин. Второто повредено лице, 44-годишен пациент со убодна рана во градите, било пренесено со хеликоптер во болницата во Жилина откако му била укажана прва помош. За жал, 61-годишна жена се здобила со тешки повреди и починала. Полицијата потврди дека го истражува насилниот инцидент, додека надлежните апелираа до јавноста да не шири непроверени информации. На местото на настанот се упатија и министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток, министерот за образование Томаш Друкер и министерот за здравство Камил Шашко. Словачкиот јавен обвинител Марош Жилинка исто така издаде соопштение, истакнувајќи дека трагедијата претставува повик општеството во целина посериозно да се соочи со појавите на насилство, омраза и растечка агресија. Во меѓувреме, училишниот совет изрази солидарност со учениците, наставниците и семејствата погодени од трагедијата. Тие нагласија дека училиштата мора да бидат безбедни места за учениците и персоналот и повикаа на системски пристап кон решавање на прашањата за безбедност во образовните институции. Полицијата ја продолжува истрагата, а дополнителни детали за околностите на нападот се очекуваат откако надлежните ќе ја завршат увидната постапка на лице место и ќе објават официјални информации. Извор: Б92Тагови: нож Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕкономијаДиректорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ ТетовоСогласно активната и транспарентна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети компанијата Леар во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон. Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено согледување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата. Димовски истакна дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови. Од страна на менаџментот на компанијата, беа презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговараше и за дополнително унапредување на работните процеси. Беше изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст. Оваа посета е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони ширум земјата, со цел да се обезбеди стабилна деловна клима и да се поттикнат нови вложувања.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Отворена истрага против три лицаНадлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09