ТенисПрвите носители без проблем се пласираа во третото коло на УС ОпенНосителите број 1 во двете конкуренции на Отвореното првенство на САД (УС Опен) во тенис, Серена Вилијамс и Новак Ѓоковиќ без проблеми постигнаа победи во втората рунда. Притоа Вилијамс загуби само еден гем, а Ѓоковиќ вкупно 4.Серена Вилијамс славеше над Вања Кинг со 6:1 и 6:0, додека Ѓоковиќ беше поуспешен од Пол-Анри Матје со 6:1, 6:3 и 6:0 во гемови. Кај жените од фаворитките елиминирана е Ана Ивановиќ, која загуби од Каролина Плишкова со 2:0 во сетови. За разлика од неа во третото коло се пласираа Флавија Панета, Викторија Азаренка, Елена Веснина, Петра Квитова и Јуџин Бушар. Кај мажите победи од 3:0 во сетови и пласман во третата рунда постигнаа: Енди Мареј, Жо-Вилфред Цонга, Ник Кирјос и Џон Изнер, нешто повеќе „работа“ имаше Милош Раониќ, кој победи со 3:1, а Томи Робредо направи пресврт и од 0:2 дојде до триумф од 3:2 во сетови. Елиминација доживеа Фернандо Вердаско, кој со 3:2 загуби од Андреј Кузњецов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ФудбалИсториски триумф на Швајцарија за мундијалско четвртфинале! Репрезентацијата на Швајцарија е последниот учесник во елитното четвртфинале на 23 Светско фуудбалско првенство. Швајцарската фудбалска репрезентација по понал рулет и триумф со (0-0) 4-3 над Колумбија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство По регуларниот дел од натпреварот немаше голови, мрежите мируваа и по двете продолженија од по 15 минути по што следуваше пенал рулетот, во кој поконцетрирани и попрецизни беа фудбалерите на Швајцарија кои мја добија серијата со 4-3. Со овој триумф Швајцарија го постигна својот најголем успех на светските првенства (точно е дека играла во четвртфиналето во 1938 и 1954 година, но тогаш имало помалку учесници), а за пласман во полуфиналето ќе игра против бранителот на тронот Аргентина.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за локална нестабилностПроменливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Според УХМР денеска во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Скопје без струјаОд ЕВН Македонија АД информираат дека на денес поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе скопски општини.Во општина Сопиште, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 8 во селото Горно Соње, на местото викано Коштан, а од 09:00 до 12:00 часот прекин ќе има и за дел од корисниците на улица 4 во Сопиште, на локалитетот Ветрила. Во општина Бутел, од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во близина на Сервис Бутел. Во општина Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 21. Во истиот период, од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за дел од корисниците на улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“ во општина Карпош. Во општина Ѓорче Петров, од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците на улиците „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“ и „Смилевска“, како и објектот на месната заедница, бензинската пумпа и дел од корисниците на улицата „Црногорска“. Исто така, од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата 95 и околните улици во селото Волково, во општина Ѓорче Петров. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter