„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
Други спортовиПрвите луѓе на европското и светското карате во МакедонијаРазвојот на карате спортот во земјава биле главна тема на денешната средба на претседателот на Светската и Европската карате федерација Антонио Еспиноз и генералниот секретар на Европска карате федерација со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.Првите луѓе на европското и светското карате се во посета на Република Македонија во пресрет на Балканското првенство, кое викендов ќе се одржи во Охрид, а ќе учествуваат околу 250 каратисти од десет држави од регионот. - Разговаравме за развојот на карате спортот во нашата држава, односно за мерките и активностите кои Македонија веќе ги има имплементирано во овој спорт и кои веќе даваат резултати. Имав чест да ги запознаам гостите и со деталите околу организацијата на Балканското првенство во карате, кое ќе се оддржи во Охрид, овој викенд, рече Спасески. Балканското првенство е целосно финансиски и логистички поддржано од АМС и, како што соопшти Агенцијата, ќе претставува вистински тест за тоа дали Македонија ќе може да одговори на предизвикот да организира Европско првенство на кое би учествувале над 40 земји. - Каратето е спорт кој има долга традиција во нашата земја, одлични резултати на меѓународен план, но високо котира и во регионот. Токму затоа, ова балканско првенство ќе биде доста квалитетно и ќе претставува одлична подготовка за Светското првенство, кое во текот на следниот месец ќе се одржи во Бремен, Германија, истакна Спасески. На средбата, според соопштението, биле разменети мислења и околу можноста за вклучување на каратето во програмата на официјални спортови на олимписките игри. - Нашиот став во оваа насока е концизен и неприкосновен, а тоа е дека даваме максимална поддршка на иницијативата каратето да стане олимписки спорт, со што Македонија ќе има изгледни шанси да се закити со највисоките спортски одличја – олимписките медали, посочи Спасески. Еспиноз изразил желба Република Македонија што поскоро да биде домаќин на некое големо меѓународно натпреварување. - Наидов на одлично разбирање кај властите во Македонија, кои се одговорни за развојот на спортот, а особено ме радува фактот што соработката меѓу Агенцијата за спорт и националната карате федерација во Македонија е на високо ниво. Тоа, впрочем го покажуваат и резултатите на македонските каратисти на меѓународните натпревари, нагласи Еспиноз. Тој денеска ќе го посети Охрид и ќе одржи средба со претседателите на карате федерациите од државите кои ќе учествуваат на Балканијадата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСДСМ: Ходник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со РубиоХодник дипломатија - екскурзија со педесет души, ходник со Рубио, 5 милиони за антимон а Гета чинеше повеќе.Премиерот од Америка со порака за најголем „успех“ од посетата: грант од пет милиони долари за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка. И со разговор во ходник со државниот секретар Марко Рубио, кој дома го продава како средба на ултра високо политичко ниво. Страшно е човек што ја води владата на земјата, неформално муабетење во ходник да го претстави како официјална средба. Средба од тој ранг се води во кабинет, во сала, со агенда и записник. Не во ходник. Не раскопчан. Не без вратоврска. Не со раце во џебови. Нема основна култура. Нема почит кон институција и кон соговорник. Нема политички бонтон. Како од пазар. Ама после изјавата дека тој е институција, што би имал почит кон други институции. Арамија е тоа. Обезбедување што го следи (затоа што е сепак загрозена личност, се виде по Фејсбук) во маици со кратки ракави и дречливи бои. Часовници од шеесет илјади евра. Неиспеглан костим и кошула од десет илјади евра – да ја импресионира американска бирократија. Еве како нè претставува самопрогласената елита. Како во кафеана. Додека сопствениот народ го нарекува талог, елитата баш се покажа. На ниво. Поведе околу педесет луѓе на народен грб. Резултатот е пет милиони долари за рудник. Знаете ли колку е тоа малку? За заштита на животна средина, на подземни води, на воздух од прашина од ископ - не стигнува ни десет пати повеќе. Антимонот не е леб и не е плата. Тоа е метал за воена индустрија. Се копа, се дроби, се топи. Од јаловината влегува во почва, во бунар, во растение. СЗО има строг лимит во вода за пиење. Европа такви ископи ги запира затоа што отровот останува, профитот заминува. Пет милиони на туѓа компанија за природен ресурс значи три работи: државата сама не работи; нема буџет за луѓето и за реките околу Крива Паланка; се дава нанадвор поради провизија. За настап на прослава фрлија 5,53 милиони евра народни од Лотарија, пари што требаше да завршат во буџет за граѓаните на Македонија. Се враќа од Америка со пет милиони долари. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Делегацијата поскапа од почетокот на дупката. Ова не е дипломатија, ова е екскурзија. Ходникот не е кабинет. Грантот не е рудник. Нема агенда. Нема заедничко соопштение од Стејт Департментот. Нема потпис. Има ходник и Фејсбук-статус на арамијата Мицкоски - институција, елита. Тоа не е политика туку режија. Македонија не се мери со ходник. Се мери со тоа што останува во земјата откако ќе си заминат. Останува јаловина. И сметка. Ходникот не е Белата куќа. Фејсбук-статусот не е договор. Македонија не станува посериозна затоа што премиерот здогледал државен секретар. Станува посериозна кога ќе престане да лаже арамијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал не донесе возбудувања само на теренот.Беше бурно во претседателската ложа на стадионот „Метрополитано“, на големото дерби на Мадрид, кое заврши со победа на домаќинот од 2-1. Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, беше во центарот на вниманието. Како што пренесуваат шпанските медиуми, незадоволството на Перез не било предизвикано од резултатот на натпреварот, туку од фактот што Атлетико го поканил Енрике Рикелме – неговиот противкандидат на изборите за претседател на Реал Мадрид во 2025 година – во ВИП-ложата. Перез освои 65 отсто од гласовите на тие избори, но Рикелме беше првиот сериозен противкандидат на актуелниот претседател на Реал. Според информациите на новинарот Пако Гонзалез од радиостаницата „Кадена КОПЕ“ (Cadena COPE), самата вест дека Рикелме ќе биде меѓу гостите предизвикала бурна реакција кај првиот човек на мадридскиот клуб. Оваа информација потоа ја потврди и Хуанма Кастањо. Наводно, Перес побарал објаснување зошто Рикелме бил поканет во претседателската ложа, а ситуацијата станала толку непријатна што тој се заканил дека ќе го напушти стадионот доколку се сретне со него. Сè се случи пред почетокот на натпреварот, така што исходот од дербито немаше никакво влијание врз реакцијата на Перез. Интересно е што челниците на двата мадридски гиганти претходно, според традицијата, заедно ручаа, и токму тогаш претседателот на Реал наводно дознал дека Рикелме ќе биде гостин на Атлетико. На крајот, претставниците на Атлетико успеаја да ја смират ситуацијата уверувајќи го Перез дека нема да се сретне со Рикелме, по што атмосферата во ложата се врати во нормала. Сепак, тоа беше само вовед во многу непријатна вечер за Реал. Атлетико победи на градското дерби на теренот, додека тренерот на Реал, Жозе Мурињо, по натпреварот имаше бројни забелешки за судењето. Така, „Ел Мадрилењо“ овој пат имаше два фронта – еден на тревникот на „Метрополитано“, а другиот неколку ката погоре.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДенеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин ќе биде италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани.Како што соопшти Европскиот парламент, на состанокот, кој е на маргините а Генералното собрание на Обединетите нации, ќе учествува и претседателката на ова тело, Роберта Мецола. Групата „Пријатели на Западен Балкан“ вклучува 7 земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија. Земјите од иницијативата имаат за цел да го одржат Западен Балкан високо на политичката агенда на Европската унија и да го поддржат регионот на неговиот европски пат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook