Првите дози на европската вакцина може да пристигнат до крајот на декември - Канал 5

Првите дози на европската вакцина може да пристигнат до крајот на декември

Можно е првите дози на вакцината против ковид-19 да пристигнат веќе на крајот на декември, а добрата вест доаѓа од Оксфорд.

Првите дози на европската вакцина може да пристигнат до крајот на декември

Оптимистичката вест, во ситуацијата на уште еднана експлозија на коронавирус низ Европа, штотуку ја објавија некои британски медиуми, кои тврдат дека е многу веројатно вакцинацијата да започне наскоро со „привремено одобрување за употреба“.

Овие планови за претстојната вакцинација се засноваат врз очекувањето дека вакцината од Оксфорд, чие испитување неодамна беше запрено заради несакани ефекти, сепак ќе има успешни резултати во третата фаза и многу наскоро може да биде привремено одобрена.

Доколку се покаже точна оваа информација, тоа би значело дека првите дози на вакцината може да пристигнат во земјите на ЕУ на крајот на оваа или почетокот на следната година. Секако, дотогаш вакцината ќе треба да добие одобрение од Европската агенција за лекови, без чие одобрение дури ни Британците не можат да ја користат вакцината до крајот на 2020 година.

Патем, Европската комисија се договори со АстраЗенека, која работи со Универзитетот во Оксфорд на вакцината наречена Оксфорд, да испорача 300.000 дози по цена од 2,5 евра, а ЕУ да го преземе ризикот и да ги плати штетите за можните несакани ефекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер