КошаркаПрвиот тестиран НБА кошаркар од корона: Нашата иднина ќе зависи од нашите следни чекори Ѕвездата на НБА, Стивен Кари откри дека тој бил првиот играч во НБА лигата, кој бил тестиран за коронавирус. И тој имал многу добра причина за тоа.Во текстот што го напиша за Time, ѕвездата на Golden State Warriorsa потсети на настаните од почетокот на март. Само што се вратил по четиримесечната пауза од паркет поради скршената рака, кога коронавирусот во Соединетите држави престана да биде апстрактен феномен на други континенти и стана во голема опасност. "Тоа беше на 6 март. Тогаш кога работите станаа вистински. Ноќта пред тоа, го одиграв првиот натпревар по неколку месеци и почнаа да кружат гласини што може да значи вирусот за лигата. Таа ноќ, јас почнав да се чувствувам болен. Температурата растеше. Прво на 38, а потоа на 38.5. Првото нешто што помислив беше: „Кои се шансите? Дали е можно тоа навистина да ми се случува?“ После толку месеци чекање да се вратам на паркетот поради скршена рака и две операции, само сакав да играм, но заканата од овој мистериозен вирус ме заклучи во просторија за да ги заштитам сите за кои се грижам - мојата сопруга, децата, соиграчите, навивачите ... Јас бев првиот играч во НБА, тестиран за „Ковид-19“. За среќа, тестот беше негативен. Но, тоа искуство ме погоди, навистина ме погоди “, напиша Кари, меѓу другото. Излезе дека тој се разболел од обичен грип и брзо бил како нов. Сепак, само една недела подоцна, центарот на Јута, Руди Гоберт беше позитивен и НБА-лигата беше стопирана, како и другите натпреварувања во Америка. Истата недела спортовите ширум светот беа прекинати. "Имаме единствена можност да го зближиме човештвото, нашата иднина ќе зависи од нашите следни чекори. Без разлика дали тоа е дарување крв, храна, грижа за постарите соседи или едноставно останување дома, малите гестови во време на криза можат да направат одлични потези што ќе направат разлика". , го комплетираше својот есеј кој преку неговата фондација, "Јади. Играј. Научи." веќе дистрибуира еден милион оброци на жителите на Оукланд на кои им треба помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕрдоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за ТурцијаТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција..Во интервју за Ал Џезира, кое целосно треба ќе се емитува денеска, Ердоган изјави дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа. Претседателот на Турција во интервјуто изјави и дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со враќањето на Турција во програмата за воени авиони Ф-35 и дека чека да биде исполнето. Турција претходно беше исклучена од мултинационалната програма Ф-35 во 2019 година откако го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400, за кој Вашингтон тврдеше дека може да ги загрози „Стелт“ авионите..Тагови: Ердоган Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
МакедонијаСДСМ: Изјавите за „намалена инфлација“, се наменети исклучиво за пропагандни целиСтандардот на граѓаните опаѓа - Мицкоски и ВМРО-OКГ немаат економски резултатиОваа Влада на Мицкоски од почеток во 2024 година се занимава само со пропаганда. Без ниту еден реален резултат на полето на економијата и европските интеграции - двете основни теми во нивните предизборни ветувања. Единственото во што се успешни е криминалот и корупцијата. Зошто Мицкоски постојано во медиумите ја споредува економијата со 2022 година? Затоа што во 2022 година беше пикот на енергетската криза, кога инфлацијата кај нас достигна рекордни 19,8 % ама и во целиот свет. Кога денешната состојба ја споредуваш со најлошиот можен период во поновата економска историја, секој резултат изгледа како „огромен успех“. Реалните податоци на Државниот завод за статистика за јули 2026 година покажуваат сериозен пораст на цените, транспортот и кај угостителските услуги. Овие поскапувања директно го јадат буџетот на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за основните прехранбени производи. Анализата базирана на податоци од Државниот завод за статистика и Народната банка покажува дека куповната моќ на денарот од 2022 година до денес е намалена за околу 30% кај основните производи. Она што во 2022 година можеше да се купи за 1.000 денари, денес чини 1.300 денари. Изјавите за „намалена инфлација“, објавите на статистики и графиконите што Мицкоски ги црта на табла се наменети исклучиво за пропагандни цели. Ниту еден збор, ниту графикон, не може да го убеди граѓанинот дека живее подобро - народот чувствува и живее многу полошо. Кумулативниот ефект е јасен: цените се заглавени на високо ниво. Ако еден производ во 2022 година поскапел за 16 %, а во 2026 година поскапел за дополнителни 2,3 %, граѓаните денес го плаќаат значително поскапо отколку пред кризата. Инфлацијата паѓа на хартија, но цените сè поскапени, и се уште растат. Падот од 16 % на 2,3 % значи само дека цените продолжуваат да растат, но со побавно темпо. За да поевтинат производите во маркетите, стапката на инфлација би морала да биде во минус (дефлација). Се додека бројката е позитивна - цените одат нагоре. Намалената инфлација во моментов не значи олеснување на животот, туку само стагнација на веќе паднатиот стандард. Заради својата неспособност и политика на криминални тендери, оваа Влада за само две години ја задолжи Македонија со повеќе од 2,5 милијарди евра. И тоа не во време на криза, кризата со нафтените деривати дојде многу подоцна. Посебно треба да се напомене дека Орбановиот кредит од 1 милијарда евра (кинески пари) е заем што е под истрага во Унгарија. Покрај тоа што земја кандидатка за членство во ЕУ зема кинески пари, во истрагата ќе бидат посебно разгледувани каматните стапки и сомнежите за исплатени провизии. Владата не усвои ниту една единствена мерка што ја предложи СДСМ во кризата, а со која ќе се заштити животниот стандард. Денес Владата предводена од Мицкоски продолжува со задолжувања секоја недела. Речиси не поминува недела без нов кредит. Пензискиот фонд е загрозен, тоа го констатираше и ММФ. Вториот пензиски столб е под знак прашалник, со реална опасност од национализација на парите што граѓаните ги уплаќале како дополнителна сигурност. Не е потребна никаква статистика за граѓаните да видат како живеат. Доволно е да погледнат во своите фрижидери и паричници. Сè е празно. Нема графикон што ќе им објасни дека живеат добро и дека сме трета економија во Европа. Статистиката, лажните вести и Гебелсовата пропаганда не полнат стомаци. Единствениот пат на Македонија е патот кон Европската Унија, отворање на нов пазар од над 450 милиони жители, претпристапни фондови, грантови и бесповратни средства. Европа нема алтернатива. Изолацијата што ја спроведува ВМРО-ОКГ и Мицкоски заради своите лични интереси носи богатство и сигурност само за нив. Граѓаните повеќе не сакаат пропаганда и лаги. Сакаат правда и подобар живот за себе и за своите семејства. Скопје, 16.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во 2022 година во јули инфлацијата била над 14 проценти, сега е 2,3 процентиИнфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската унија, а земјава е втора во регионот според трошоците за живот за месец јули, вели премиерот Мицкоски.Инфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската унија, а земјава е втора во регионот според трошоците за живот за месец јули, вели премиерот Мицкоски, кој направи споредба со периодот од пред четири години кога, како што рече, инфлацијата била двоцифрена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06