Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
2Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
СкијањеПрвиот скијач од Јамајка помина на целта со една минута задоцнување: Ми треба масажа и пиво Бенјамин Александер е поранешен диџеј кој денес стана првиот скијач што ја претставувал Јамајка на Зимските олимписки игри.Во трката во велеслалом, поради исклучително тешките временски услови поради кои времето на трката беше одложено, а многумина не стигнаа до целта, тој заврши на 46. место. „Ова беше неверојатно тешко“, рече Александар, последниот од оние што ја завршија трката, повеќе од една минута зад освојувачот на златниот медал Марко Одермат. „Ова беше за сите што мислат дека не им е местото на скијањето. Запознајте ги вашите деца со зимските спортови порано. Да ги промениме работите. Благодарам. Уморен сум, ми треба масажа и пиво“, додаде Александар пред камерата веднаш по трката, која стана дел од спортската историја на Јамајка, како што беа натпреварувачите во боб. „Најтешката работа што сум ја направил. Само ми беше важно да завршам. Некои од најдобрите скијачи на светот не ја завршија денешната трка, така што барем јас сум пред нив“, изјавил Александар за Еуроспорт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаВо Тетово се уапсени 12 бугарски државјаниПолициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија.Полициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија на возраст меѓу 34 и 66 години, кои работеле во зградата. „Кај лицата е утврдено нерегуларно и непријавено дејствување на ова подрачје“. „Тие се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци“, велат од Полициската станица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВозете внимателно, Safe City профункционира и во околината на ОхридСВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Уредите се поставени, тие си уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање. Системот „Безбеден град“, ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедноста во сообраќајот. Апелираме, возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи а посебно да внимаваат на дозволената брзина на движење која, на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМалата Ана се избори со најтешката болест- победничкото ѕвонче повторно заѕвони (ВИДЕО)Нова радосна вест од Универзитетската клиника за детски болести.Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја помина и ја освои една од најтешките битки. Секое ѕвонење е победа на детската храброст, на семејната љубов и на посветеноста на здравствените работници. На Ана ѝ посакуваме многу здравје, среќа, насмевки и безгрижно детство. Браво, Ана! Твојата победа денес е радост за сите нас, објавија на ФБ од Министерството за здравство. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter