Првиот пролетен ден со дожд и снег

Времето денеска кога календарски почнува пролетта ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. 

Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на околните планини од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во недела и понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

Надал: Да видиме дали сум способен да одиграм два тешки натпревара за два дена

 Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид, постигнувајќи ја третата последователна победа, прва ваква низа од летото 2022 година.

- Го издржав предизвикот. Веднаш по натпреварот не чувствувам болка, но не знам како ќе се разбудам. Мора да почекаме. Ќе видиме дали ќе можам да играм напорни натпревари во последователни денови. Се надевам дека е така. Но, ова е ново за мене. Долго време не сум имал такви оптоварувања за време на еден натпревар, изјави Надал.

Шпанскиот тенисер изрази задоволство од неговото учество на турнирот во Мадрид.

-Уживам да играм овде. Времето кога сум овде на теренот има многу вредност за мене, и на тениски и на емотивен план, призна Рафа Надал.

Ветеранот вечер од 21:30 часот ќе се соочи со Јиржи Лехечка од Чешка во осминафиналето на турнирот во шпанската престолнина.

Се зголемува бројот на загинати во нападот врз Одеса

Пет лица загинаа во вчерашниот руски ракетен напад врз градот Одеса во југозападна Украина, се вели во најновиот биланс објавен денеска од локалните власти.

Бројот на жртвите од вчерашниот руски ракетен напад врз Одеса се искачи на пет, бидејќи едно лице почина во болница, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на социјалните мрежи.

Во нападот се ранети 23 лица и тие се уште се лекуваат, додаде тој.

Одеса, црноморско пристаниште од витално значење за украинскиот извоз, е честа цел на руски напади.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

 Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

притисни ентер