2Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
ФудбалПрвиот Јапонец во Астон Вила – голман, засилување и на бековската позиција Поранешниот голман на Парма и јапонски репрезентативец, Зион Сузуки, потпиша договор со Астон Вила, соопшти англискиот фудбалски клуб.Деталите од договорот не се објавени, но британските медиуми пренесуваат дека Астон Вила потрошила околу 35 милиони евра за трансферот на јапонскиот голман. Сузуки (23) е член на Парма од 2024 година и има одиграно вкупно 59 натпревари. Пред Парма, тој бранел за Сент Труден и Урава. За јапонската репрезентација има одиграно 28 натпревари. Денес Астон Вила се засили и со досегашниот бек на Атлетико Мадрид, Матео Руџери кој пристигна во Бирмингем за 25 милиони евра плус бонус од 1,5 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населениетоДваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот.Дваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот предизвикан од вирус. Кај него нема посериозни компликации како што има кај петмината пациенти кои се повозрасни и имаат придружни болести, а се приклучени на апарати за дишење. Здравствените власти велат дека само во последната недела регистрирани се 12 нови случаи на западно нилска треска. Од регистрираните 38 случаи, од кои во моментов 2 се водат како веројатни, 28 се машки, а 10 се женски, во просек на 67 годишна возраст, засега нема регистрирано заразени деца. Додека во општина Петровец и Гази Баба, поточно жаришта каде што е прогласена епидемија на жителите кои имаат над 60 години веќе им стигнуваат СМС пораки со насоки како да се заштитат, од здравство тврдат дека освен Студеничани, сите општини прскале против комарци. Најмногу и најрано е прскано во Илинден, каде што досега има три случаи, а во Студеничани каде дезинсекција годинава не се ни спровела има 2. Клековски не гледа проблем во ефективноста на сретствата што се употребуваат. Додека водените површини како езерцето во парк и Смилковското деновиве се таргет на прскање против комарци, Клековски упати и апел до сите општини да ги проверат хидрантите и да внимаваат на површините каде што може да има задржување на вода што може да придонесе за размножување на комарците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСтрашна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртвиНајмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува. Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис. Acidente entre ônibus da Saúde e caminhão deixa 22 mortos na BR-373, em Ipiranga Um grave acidente envolvendo um micro-ônibus da Secretaria de Saúde de Imbituva e um caminhão deixou ao menos 22 pessoas mortas na madrugada desta quarta-feira (19), na BR-373, em Ipiranga Pr pic.twitter.com/r6T6hdDp2p — São José Alerta (@saojosealerta) August 19, 2026 На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата. Фото: XТагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војнатаИран ги предупреди земјите од заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на воените операции на Вашингтон против Исламската република. „Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи. Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати, опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА. Претходно, министерството за одбрана на емиратите објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19