ТенисПрвиот ден на УС Опен без изненадувања Првиот ден на Отвореното првенство на САД во тенис (УС Опен) мина без поголеми изненадувања и победи на фаворитите, иако некои од нив имаа тешка работа.Најдобриот светски играч Новак Ѓоковиќ го совлада Диего Шварцман со 3:0 во сетови. Енди Мареј славеше со 3:1 над Робин Хасе, додека со истиот резултат и Жо Вилфред Цонга го победи Хуан Монако. Победи од 3:0 постигнаа и Стан Вавринка и Милош Раониќ. На женскиот дел од турнирот Марија Шарапова триумфираше со 2:0 во сетови, додека пласман во следната рунда со истиот резултат обезбедија Јелена Јанковиќ, Роберта Винчи, Сара Ерани. Победа од 2:1 во сетови остварија Венус Вилијамс, Анџелика Кербер, додека Каролине Возниацки ќе игра во второто коло откако противничката Магдалена Рибарикова при резултат 1:1 во сетови го предаде мечот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Разочаран сум од НАТО, ако самитот не беше во Турција, можеби немаше ни да присуствувамДоналд Трамп во Анкара за време на самитот на НАТО упати остри критики кон алијансата, оценувајќи дека сојузниците не им дале доволна поддршка на Соединетите американски држави во нивните акции против Иран.. За време на средбата со турскиот колега, Ердоган, Трамп рече дека е разочаран од односот на сојузниците, посочувајќи дека САД со години вложуваат огромни средства во безбедноста на земјите-членки на НАТО.. Toj воедно повторои дека би сакал да ја преземе контролата врз гренланд и предупреди дека „може“ да ги повлече сите американски трупи од Европа..Тагови: Доналд Трамп НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ по пет сета во полуфиналето на Вимблдон!Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ се избори за ново полуфинале на Грен слемот во Вимблдон.Ѓоковиќ по повеќе од 5 часа врвен тенис и пет одиграни сета го победи третиот носител на турнирот во Лондон, Феликс Оже-Алијасим со 3:2 во сетови и се пласираше во полуфиналето Популарниот Ноле го совлада Канаѓанецот со 7:6, 6:3, 3:6, 7:6 и 7:6. По исцрпувачката поибеда над Феликс, Ѓоковиќ закажа реприза на минатогодишното полуфинале на Грен слем турнирот во Лондон против Јаник Синер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат ИранГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормутскиот теснец.„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО. „Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.Тагови: Иран Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook