1Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
ФормулаПрвиот човек на Мерцедес тврди дека Хамилтон ја завршува кариерата: Не може да ја надмине болкаЛуис Хамилтон размислува да стави крај на кариерата, ако треба да му се верува на Тото Волф, првиот човек на Мерцедес.Волф тврди дека Хамилтон и целиот тим на Мерцедес се разочарани од случувањата во Абу Даби и победата на Макс Верстапен, кој ја освои титулата светски шампион во Формула 1, пишува Скај Спорт. „Тој никогаш нема да ја надмине последната трка. Не можам да гарантирам дека ќе продолжи да вози во Формула 1“, рече Волф. Хамилтон на почетокот на оваа сезона потпиша нов, двегодишен договор со Мерцедес. „Тој никогаш нема да ја надмине болката предизвикана во неделата. Се надевам дека остатокот од тимот ќе може да помине низ сето тоа“, додаде Волф. Холанѓанецот Макс Верстапен го престигна Луис Хамилтон во последниот круг од сезоната во драматичен финиш во Абу Даби и стигна до својата прва титула во кариерата. По трката се појавија бројни контроверзии. Луис Хамилтон бил ограбен бидејќи на Формула 1 и била потребна драма, а кражбата ја извршиле директорот на трката Мајкл Маси, судиите и управата на натпреварувањето. Да потсетиме, последната, 22-та трка сезонава имаше посебен предзнак бидејќи во пресрет на неа водеа Хамилтон и Верстапен со по 369,5 поени. Хамилтон во последните 20 круга влезе со 17 секунди предност, но и со истрошени гуми, додека Верстапен имаше нови. И кога се чинеше дека одлуката на Мерцедес да оди во боксот ќе биде победничка, ситуацијата се промени со излегувањето на безбедносното возило. По несреќата Николас Латифи мораше да излезе на патеката. Хамилтон беше лидер во тоа време, Верстапен втор. Кога безбедносното возило излета од патеката, на Верстапен му требаа само неколку свиоци за да го престигне Хамилтон со нови гуми и да ја освои својата прва титула, или да му ја одземе осмата на Хамилтон со што ќе го престигнеше Михаел Шумахер. Во последниот круг од последната трка сезонава, Верстапен го престигна бранителот на титулата Луис Хамилтон и ја освои титулата. Мерцедес се пожали по трката бидејќи безбедносното возило ја напушти патеката пред последниот круг и на тој начин му даде шанса на Верстапен да го претекне Хамилтон. Иако водеа големи битки во текот на целата сезона, имаа неколку судири и јавно се расправаа, Хамилтон по трката му пријде на новиот шампион и му честита.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаСе огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукотВселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија.Вселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција во својата прва изјава откако вселенското летало „падна од небото“. Телескопот од 1.452 килограми (3.000 фунти) падна како што се очекуваше, помалку од три месеци откако не успеа спасувачката мисија за враќање на телескопот во повисока орбита и продолжување на неговиот век, објави Ројтерс. Сателитот што го носеше телескопот падна во горната атмосфера на Земјата со брзина од околу 22 пати поголема од брзината на звукот над индонезиската покраина Северна Суматра, околу 200 милји (322 километри) северно од екваторот. НАСА соопшти дека топлината од триење при повторното влегување го изгорела поголемиот дел од сателитот далеку над површината на Земјата, но дека некои фрагменти го преживеале падот и дека немало штета или повредени на земјата од деловите што паднале.Тагови: НАСА опсерваторија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата. Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00