Марка неодамна објави дека долговите на Барселона во јуни годинава изнесуваат дури 488 милиони евра.
Поради големите долгови, Барселона се согласи да ги намали платите на играчите и членовите на стручниот штаб на клубот, со што заштеди 122 милиони евра оваа сезона и 50 милиони евра во следните три години.
Тукетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси да можел, откако Аргентинецот изрази желба да го напушти клубот минатото лето.
"Гледајќи од економска страна, би го продал Меси. Кога ќе погледнете што би добиле и што би заштедиле. Ла Лига воведува ограничувања на платите", рече Тукетс.
Тој додаде дека клубот ќе доцни со исплати на платите во јануари.
"Играчите нема да добиваат плати во јануари. Тие имаат две исплати. Едната во јануари, а другата во јуни. Овој јануари нема да има исплати. Ова е одложено исто како и другите исплати," рече Тукетс.