Првиот брод со украинско жито го напушти пристаништето во Одеса

Истанбулскиот договор „ја откочи воденицата“, за прв пат по 24 февруари, од почетокот војната во Украина, исплови жито од пристаништето во Одеса. 

Силосите кои поради војната со Русија стоеја полни, конечно почнаа да се празнат и преку Црното море тргнаа кон остатокот од светот. Под знамето на Сиера Леоне, товарниот брод „Разони“ отпатува кон Либан натоварен со 26.000 тони жито. Министерот за инфраструктура на Украина, Олександар Кубраков оваа вест ја проследи на Твитер, со порака „ го спречуваме гладувањето заедно со ОН, Европската комисија и Г7.

Првиот Украински брод со зрна од почетокот на руската агресија го напушти пристаништето. Благодарение на поддршката на земјите партнери и на ОН можевме целосно да го имплементираме договорот потпишан во Истанбул. За нас е важно да бидеме едни од гарантите за безбедноста на храната во светот – Напиша на твитер Кубраков.

Генералниот секретар пак на ОН, Антонио Гутереш порача дека е хуманитарен императив да се осигура постоечките житарки и други прехранбени производи да се најдат на глобалниот пазар, поздравувајќи го отпловување на бродот „Разони“.

Големото дипломатско решение со цел да се избегне кризата од недостиг на храна дојде откако Русија и Украина постигнаа договор, посредуван од Турција и Обединетите Нации. Во договорот се вклучени сите безбедносни детали, од безбедно испловување на бродовите па се до крајните дестинации. Имплементацијата и инспекцијата на овој битен план кој ќе донесе олеснителна воздишка преку Црното море, ќе се имплементира и „чешла“ преку заедничка координација со центар во Истанбул.

Oва е прв голем тест на волјата на завојувуваните земји да останат доследни на договореното. ОН и Турција го повикаа сите страни да го почитуваат договорот потпишан во Истанбул и да се воздржат од дејствија кои се против духот на договореното.

Сепак, ќе биде предизвик пловилата да се контролираат кон излезот на отворено море безбедно, бидејќи овие товарни бродови треба да поминат низ нов сигурносен премин кој е мапиран да ги избегне морските мини кои што се поставени долж крајбрежјата.

Официјални Киев и Москва по неколку месечна војна, за прв пат на 22ри минатиот месец потпишаа големи, посебни договори под посредство на ОН и Турција, со кои се договорија да се одблокира Црното море поради растечките закани за недостаток на храна на глобално ниво.

Емили Ратајковски во „жежок“ фустан на црвениот тепих

Емили Ратајковски присуствуваше на настанот на глобалната гала The King's Trust одржан во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги заврте главите со храбар фустан.

Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој стигнуваше речиси до папокот и кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Фустанот имаше и гол грб.

Глобалната гала „The King's Trust 2024“ е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, свечениот настан собра многу познати фаци, како манекенката Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз манекенката Ешли Греам.

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

Санкционирани 100 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

притисни ентер