Првични истражувања на терен за брзата пруга во септември, годишен приход од 120 милиони евра - Канал 5

Првични истражувања на терен за брзата пруга во септември, годишен приход од 120 милиони евра

Првични истражувања на терен за брзата пруга во септември, годишен приход од 120 милиони евра во товарниот сообраќај.

Првични истражувања на терен за брзата пруга во септември, годишен приход од 120 милиони евра

Првични геолошки активности и истражувања на терен за изградбата на брзата пруга на Коридорот 10 во септември, а механизација доцна наесен, најавува директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.

-Најидеален дел каде да се гради е до постоечката пруга, сигурно ќе има потреба од експропријација, но ќе се трудиме тоа да го сведеме на минимум и да нема проблеми. Од друга страна, тоа што ќе се гради до постоечката пруга е веќе пат што е трасиран и проблемите на терен се веќе познати. Постојните 235 километри ќе се трудиме да ги намалиме на 200 и под 200 километри, секаде каде ќе има можност ќе се исправат кривините, рече Ивановски, во вечешарното гостување на ТВ Сител.

Тој најави дека ќе бидат вградени 30 проценти британски компоненти, што, потенцира, ни одговара бидејќи се на второ место по квалитет во светот. - Сигурен сум дека премиерот ќе има состаноци со сите стопански комори, ќе биде понудена соработка и ќе има простор за вклучување на секоја македонска компанија, посочи Ивановски.

Набавката на брзите возови, како што рече, е одговорност на МЖ Транспорт. - Сигурно дека за пет години од сега мора да имаме нови возови, не само тоа, ние со постоечките возови нема да можеме да влеземе во Европската унија. Мора да се набават возови и локомотиви што ги исполнуваат стандарите и тоа е во планот на Владата, да се набават нови возови, рече Ивановски.

Според него, за пет години ќе се заврши и реконструкцијата и изградбата на новата пруга, а и двете ќе се користат и за патнички и за товарен сообраќај.

-Се очекува годишен приход од 100 до 120 милиони евра само во товарниот сообраќај заради тоа што пристаништата во Атина, Солун, Александропулоос и во Кавала постојано бележат нагорна линија, најбрзиот пат е преку Македонија, треба да ја искористиме нашата позиционираност, посочи Ивановски.

Бројот на станици за застанувања на патничките брзи возови ќе се утврди со проектот, но како што рече, што е можно помалку, но во исто време ќе има и конектори.

- Скопје сигурно, ќе го поврземе со аеродромот Петровец, што е новина, сигурно и во Велес и во Гевгелија, а во втора фаза ако не успееме во првата, ќе пуштиме Кочани кон Штип до Велес, за да има како луѓето да доаѓаат до централните станици за да пристапат до меѓународен сообраќај, рече директорот на МЖ Инфраструктура.

Целта е, појасни, да има брз и ефикасен транспорт поради што Министерството за транспорт во соработка со соседните држави ќе направат се што е можно да има само едно застанување.

Во однос на изградбата на железницата на Коридорот 8 кон Бугарија повтори дека и покрај многуте барања што ги испратил до раководството на бугарската железница да дојдат на средба за да се дефинира техичкото решение нема позитивен одговор. Во последниот допис што му го испратиле, рече дека му посочиле во иднина комуникацијата да биде преку Амбасадата и Министерствата за надворешни работи и за транспорт.

- Ми дојде непријатно, дури да се извинам што пишувам воопшто покана, ако нешто сакаат да работиме, да работиме. На крајот на денот ние и реално работиме. Првата фаза Куманово - Белјаковце со австриски „Штрабаг“ ја завршивме, на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка со турски „Ѓулермак“ војни водам, но пак работиме, споро но одиме напред. А нивното „домашно“ е само 500 метри од Ѓуешево до граница кое не се случува, а и од Софија до Ѓуешево нивната пруга е во страшно лоша состојба, рече Ивановски, дополнувајќи дека на техничките состаноци од бугарска страна немало проекти.

По надминување на проблемот со Бугарија, најави дека фокусот ќе биде на пругата кон Албанија со која користиме заеднички грант од ЕУ за техничко решение, а како што рече, имаме коректна комуникација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер