Патникот бил во карантин во јапонското пристаниште Јокохама, соопштија здравствени работници.
Како што се наведува, 78 годипниот маж, еден од околу 150 Австралијци кои биле на бродот, починал утрово во болница во Перт.
Неговата сопруга исто така е заразена, но е во стабилна состојба, пренесе „Ројтерс“.
Според официјалните податоци на владата, бројот на заразени од коронавирус во Австралија денес пораснал за еден и изнесува 26.
Премиерот Скор Морисон напишал на Твитер, дека е ражен заради смртта на патникот и истакнал дека владата ќе продолжи да прави се што е потребно за да ги заштити Австралијанците од коронавирусот.
Во таа земја вчера е забранет влез за сите оние кои патуваат од Иран заради загриженост од ширење на вирусот.
И тајланд го забележа првиот смртен случај предизвикан од коронавирус, соопштено е денс на прес конференција.
Полинал 35 годишен маж кој исто така боледувал и од денга грозница, јавува „Ројтерс“.