Први случаи на мајмунски сипаници во Куба и Индонезија - Канал 5

Први случаи на мајмунски сипаници во Куба и Индонезија

 Куба го потврди својот прв случај на мајмунски сипаници, соопшти синоќа Министерството за здравство.

Први случаи на мајмунски сипаници во Куба и Индонезија

Болеста е откриена кај турист кој пристигнал од Италија минатата недела. Пред да покаже симптоми, Италијанецот патувал на различни дестинации во западните провинции на карипскиот остров. Во четвртокот му се слошило и побарал лекарска помош. Неговата состојба и понатаму е критична, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Индонезија, исто така, го пријави својот прв случај на ова вирусно заболување. Станува збор за 27-годишен маж кој живее во главниот град Џакарта. Портпаролот на Министерството за здравство изјави дека тој се вратил од патување во странство на 8 август, а првите симптоми се појавиле пет дена подоцна.

Светската здравствена организација ги прогласи мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба. Оваа болест зафати 40.000 луѓе во повеќе од 80 земји. Пријавени се и неколку смртни случаи. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука.

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта.

Професионализмот и големиот креативен потенцијал на уметниците ги одразуваше не само нивните индивидуални квалитети, туку и префинетоста во заедничкото музицирање што беше видливо уште при првата композиција од репертоарот, меланхоличната мелодија „Хризантеми“ од Џакомо Пучини.

Диригентката Бисера Чадловска, како и секогаш, и овојпат покажа голема уметничка зрелост, креативност и енергичност.

-За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука. Изведовме неколку композитори, Џакомо Пучини, Бенџамин Бритн, Џовани Батиста Перголези, но и македонски автори како Ристо Аврамовски, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Програмата беше специјално креирана за фестивалот „Охридско лето“, рече маестра Чадловска, која од 2022 до 2024 година беше и музички селектор на „Охридско лето“, а во 2021 година ја диригираше програмата на свеченото отворање на 61. издание на фестивалот.

Маестра Чадловска редовно диригира со Симфонискиот и Оперскиот оркестар во Националната опера и балет, но, како што кажа, првпат со Камерниот оркестар на најголемата национална установа од областа на културата во земјава.

Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ. Во своето постоење настапувал на бројни сцени надвор од Македонија, а во својот репертоар секогаш отстапува голем простор за македонските композитори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги нападна Бахреин и Кувајт

Бахреин и Кувајт утринава соопштија дека биле цел на ирански напади со ракети и беспилотни летала.

Иран ги нападна Бахреин и Кувајт

Сирените за воздушна опасност беа активирани во Бахреин само неколку часа откако американската војска соопшти дека ја завршила тринаесеттата ноќ на напади врз Иран, објави Ал Џезира.

Кувајтската војска соопшти дека во текот на ноќта ја активирала противвоздушната одбрана за да се спротивстави на иранските напади со ракети и беспилотни летала.

Кувајт е една од неколкуте земји од Заливот кои се цел на ирански напади откако пред две недели повторно избија судири меѓу САД и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата за пиење во Крушево бактериолошки неисправна

Центарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.

Водата за пиење во Крушево бактериолошки неисправна

До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути.

Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер