Првата европска брошура за ендометријален карцином ќе биде достапна од понеделник

Првата европска брошура за ендометријален карцином ќе биде достапна од понеделник, пациентките во менопауза најчесто се соочуваат со болеста.

Првата европска брошура за ендометријален карцином денеска беше промовирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во рамки на одбележувањето на јуни - месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином - рак на ендометриум на матката. Од понеделник таа ќе биде достапна во печатена форма за пациентите на ГАК и на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Доктор Игор Алулоски на прес-конференција посочи дека пациентки во менопауза, над 50 - 55 години, најчесто се соочуваат со оваа болест.

- Какво било крварење треба да биде прегледано. Но, не секогаш карциномот почнува со крварење. По менопауза, барем еднаш во година, да се направи ултразвучен преглед. Обезитет е ризик фактор. Боди маст индекс над 30, дијабетес, хипертензија, исто така го зголемуваат ризикот од овој карцином, истакна Алулоски.

Докторите апелираат на превентивни прегледи кои можат да помогнат во раното отркивање на болеста. Генерално, овој тип карцином има добра прогноза, благодарение на раното дијагностицирање. Во споредба со ракот на грлото на матката, сè уште не постојат скрининг-методи за превенција од ендометријален карцином.

Брошурата, како што беше појаснето, е наменета за жени со ендометријален карцином, базирана на најнови научни сознанија и добрата клиничка пракса. Изработена е од страна на Европската мрежа на претставници на пациенти со гинеколошки малигни заболувања ESGO ENGAGE, преведена на македонски јазик и ревидирана од страна на професор доктор Игор Алулоски.

Инциденцата на ендометријалeн карцином бележи значителен пораст во последната деценија. Бројот на новодијагностицирани случаи во Европа во 2020 година изнесува 130.051 согласно податоците на Global cancer observatory - IARC.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, бројот на новодијагностицирани случаи со ендометријален карцином во 2021 година изнесува 254, споредено со 2012 година имало 128 новодијагностицирани случаи.

Два хеликоптера на МВР го гаснат пожарот кај село Сушево, опасноста по селото отстранета

Хеликоптер Ми-171 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево,  атар на Општина Василево.

Како што соопшти МВР, хеликоптерот исфрлил над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.

-Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење, наведуваат од МВР.

Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Министрите за надворешни работи на Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неодамна назначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков во денешниот телефонски разговор се договориле за продолжување на блиската соработка на мултилатерални платформи и размениле мислења за актуелни меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Се разговараше за актуелните прашања од руско-белоруските односи, беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања, се договоривме да ја продолжиме блиската соработка на мултилатерални платформи“, се вели во соопштението.

Лавров, се додава во соопштението, ја искористил приликата и „му честитал на својот белоруски колега за неговото именување на функцијата министер за надворешни работи на братска земја“. /МИА

Холандскиот премиер Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска, во своето последно јавно обраќање на таа позиција пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

„Од клучно значење е нашата земја да биде интегрирана во Европската унија и НАТО. Заедно сме посилни отколку сами. Особено сега, рече Руте.

Новата влада, која се очекува да стапи на должност во вторник, вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Руте е на функцијата премиер на Холандија од 2010 година, што го прави премиер со најдолг стаж во историјата на таа земја, а во октомври треба и официјално да стапи на функцијата генерален секретар на НАТО алијансата, наследувајќи го Јенс Столтенберг. /МИА

притисни ентер