ЗабаваПрвата арапска принцеза која се разведе и осамостои (ФОТО)Една од најуспешните и најстилизираните дами во арапскиот свет, поранешната принцеза Амира е вистиски пример за жените дека и покрај строгите правила може да живеете како сакате.Како средношколка од просечно семејство, Амира требало да го интервјуира арапскиот принц Ал Валид бин Талал ал Сауд, без да знае дека тој ќе биде нејзиниот иден сопруг. Иако тој е 29 години постар од неа, тоа не ги спречило да започнат заеднички живот и Амира постепено да стане дел од благородниот арапски свет. На прв поглед, необичната арапска принцеза се спротивставува на рестриктивните закони кои ги дискриминираат жените во нејзината земја. Таа не го носи традиционалниот хиџаб, па станала симбол на отпорот и феминизмот во исламскиот свет View this post on Instagram A post shared by Ameerah Al Taweel (@ameerahaltaweel9) Средбата на поранешната арапска принцеза со нејзиниот сопруг сите ја сметаат за судбинска и повеќето наоѓаат смисла во нејзиното име, што на персиски значи „принцеза“. Нејзината бајка започнала во 2008 година, но сепак бракот траел 5 години, по што двајцата сопружници се разделиле. Се шпекулираше дека причината за крај на бракот е тоа што принцот не сакал деца и покрај тоа што Амира сакала да се оствари во улогата на мајка. Ал Валид зад себе има два пропаднати брака и многу деца, па според медиумите Амира била негов „трофеј“ што сакал да го покажува во јавноста. Откако таа го сфатила тоа, му ги предала документите за развод и станала првата арапска принцеза која јавно му се спротивставила на сопругот. Иако себеси се гледала како лекар, тие желби не ѝ се отствариле, но тоа не ја спречило да студира и да го надградува своето образование на друго поле. Според неа, ако човек не е образован, нема сигурност и самодоверба. Затоа одлучила да студира, а потоа се вклучила во добротворни проекти, а работела и на управување со семејни фондации. Денес таа е многу успешна и се бори за правата на жените во Саудиска Арабија. Перцепцијата на општеството е целосно променета и разведените жени не се осудени на исмејување од околината, бидејќи можат да бидат независни и да носат важни одлуки. Нејзината цел е да им покаже на девојките дека не постојат принцези, ниту бајки, туку дека тие самите можат да ги направат со помош на силниот дух и трудот што ќе ги негуваат. Амира дипломирала бизнис администрација на Универзитетот „Њу Хевен“ во САД и денес е позната низ целиот свет како светски филантроп. Дека сè уште има големи цели и не ја затворила вратата на љубовта, покажува и фактот што поранешната принцеза по пропаднатиот брак се омажи за милијардерот Калиф бин Бути Ал Мухаири во 2018 година. Тие добија син, а медиумите на големо пишуваа за нејзината венчавка од бајките на Азурниот брег. изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter