Прва титула за Вилијамс во Синсинати - Канал 5

Прва титула за Вилијамс во Синсинати

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс е победничка на Мастерс турнирот во Синсинати, САД.

Прва титула за Вилијамс во Синсинати
Американката вчеравечер во финалето за нешто повеќе од еден час игра ја совлада Ана Ивановиќ (Србија) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1. Српската тенисерка во првиот сет пружи каков таков отпор, но во вториот сет не можеше ништо да стори против пресилната за неа противничка.

За Вилијамс ова беше прв шампионски трофеј во Синсинати и вкупно 62. во нејзината кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Разочаран сум од НАТО, ако самитот не беше во Турција, можеби немаше ни да присуствувам

Доналд Трамп во Анкара за време на самитот на НАТО упати остри критики кон алијансата, оценувајќи дека сојузниците не им дале доволна поддршка на Соединетите американски држави во нивните акции против Иран..

Трамп: Разочаран сум од НАТО, ако самитот не беше во Турција, можеби немаше ни да присуствувам

За време на средбата со турскиот колега, Ердоган, Трамп рече дека е разочаран од односот на сојузниците, посочувајќи дека САД со години вложуваат огромни средства во безбедноста на земјите-членки на НАТО.. Toj воедно повторои дека би сакал да ја преземе контролата врз гренланд и предупреди дека „може“ да ги повлече сите американски трупи од Европа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ по пет сета во полуфиналето на Вимблдон!

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот,  Новак Ѓоковиќ  се избори за ново полуфинале на Грен слемот во Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ по пет сета во полуфиналето на Вимблдон!

Ѓоковиќ по повеќе од 5 часа врвен тенис и пет одиграни сета го победи третиот носител на турнирот во Лондон, Феликс Оже-Алијасим со 3:2 во сетови и се пласираше во полуфиналето

Популарниот Ноле го совлада Канаѓанецот со 7:6, 6:3, 3:6, 7:6 и 7:6.

По исцрпувачката поибеда над Феликс, Ѓоковиќ закажа реприза на минатогодишното полуфинале на Грен слем турнирот во Лондон против Јаник Синер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормутскиот теснец.

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО.

„Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер