Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)
1Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветПрва средба на кинески и канадски лидер од 2017 година, Си и Карни ги затоплуваат билатералните односиКинескиот претседател Си Џинпинг денеска разговараше со канадскиот премиер Марк Карни, на првата официјална средба меѓу лидерите на двете земји од 2017 година, објавија кинеските државни медиуми.Средбата се одржа на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја меѓу лидерите на двете земји, кои имаат затегнати односи, и во време кога двете земји се под притисок од зголемените американски царини. На почетокот на состанокот, Си го покани Марк Карни да ја посети Кина. „Ве покануваме повторно да ја посетите Кина како премиер на Канада“, рече Си. Карни рече дека е „воодушевен од поканата да дојде во Кина за продлабочување на дијалогот“ и дека е желен тоа да се случи. Кинескиот претседател ја поздрави „позитивната насока“ во која се движат односите на неговата земја со Канада. „Односите меѓу Кина и Канада неодамна добија позитивен пресврт благодарение на заедничките напори на двете страни“, рече Си. Односите меѓу Пекинг и Отава се заладија во 2018 година по апсењето во Канада на функционер на кинеската технолошка група „Хуавеј“ и притворањето во Пекинг на двајца Канаѓани обвинети за шпионажа. Во јули, Марк Карни објави дополнителна царина од 25 проценти за увоз на неколку категории кинески челик. Следниот месец, Пекинг објави дека ќе започне со воведување привремена царина од 75,8 проценти за увоз на канадска канола, која се користи за храна и биогорива. Карни сега се обидува да контактира со Пекинг за да се спротивстави на царинската офанзива на САД што ја загрозува неговата економија. Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија вчера во Бусан, Јужна Кореја, да ги намалат некои американски царини за Кина во замена за укинување на ограничувањата за ретките минерали и зголемување на купувањата на американска соја. Зборувајќи претходно на паралелниот самит на извршните директори на АПЕК во Гјонгџу, Карни рече дека светот минува низ „најдлабоките нарушувања од падот на Берлинскиот ѕид“. „Стариот свет, светот на уредно проширување на трговијата и отворени инвестиции засновани на правила, светот на кој се темелеше толку голем дел од просперитетот на нашите нации, вклучително и Канада, тој свет е исчезнат“, рече Карни на собирот.Тагови: Марк Карни Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканХаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)Албанското Министерство за здравство и социјална помош објави прелиминарен список на повредени за време на денешниот опозициски протест во Тирана. Според официјалните податоци, еден повреден полицаец, двајца претставници на медиумите, од кои едниот е странски државјанин, и неколку демонстранти биле примени во Универзитетската болница за трауматологија до 13:45 часот, објави Телеграфи. Министерството објави дека сите примени во болницата се во стабилна состојба, свесни и ја добиваат потребната итна медицинска помош. Според албанските медиуми, екипите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот за да им укажат прва помош на повредените и да ги пренесат во болница, а меѓу оние што биле лекувани имало и еден демонстрант на кого му се слошило за време на протестот. Протестот на опозицијата во главниот град на Албанија започна со голема тензија откако граѓаните собрани на плоштадот Скендербег ги фрлија првите пиротехнички средства. За време на протестниот марш по булеварот кон зградата на Владата, некои од демонстрантите ги нападнаа зградите на одредени државни институции по трасата на движењето со разни предмети. Ситуацијата дополнително ескалираше кога демонстрантите се собраа пред канцеларијата на премиерот. Во тоа време, врз полицајците беа фрлени камења и молотови коктели, на што безбедносните сили одговорија со водни топови и солзавец. Снимките од местото на настанот го покажуваат плоштадот обвиен во густ чад, вода и пламен од фрлените молотови коктели, додека тензиите во центарот на Тирана продолжуваат.Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени. Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди. Тагови: Парагвај Црн петок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоБалканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степениСнег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград. Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час. Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина. Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter