Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар
2Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар
3Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
БалканПрва посета на Зеленски на Балканот од почетокот на војнатаУкраина и земјите од западен Балкан да се обединат и заеднички да произведуваат миниција, побара украинскиот претседател Володимир Зленски на самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана. Пред лидерите на шесте балкански земји, меѓу кои и претседателот Пендаровски, Зеленски предлага иформирање посебен фонд за одбранбена индустрија без да наведе повеќе детали во обраќањето. -Околу 500 одбрамбени компании оперираат во Украина во различни области и секоја од нив дава сила, но тоа не е доволно да се победи Путин. Ние имаме проблем со муницијата, кои влијаат на состојбите на бојното поле. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. Домаќинот на Самитот Еди Рама рече дека ниту Украина, ниту заедницата на народи не ја избрала војната, а дека присуството на Зеленски во Тирана е знак дека Путин не ја потиснал волјата на украинскиот народ да биде слободна. -Владимир Путин сакаше да ја избрише Украина од мапата за неколку дена. Денеска Украина цврсто стои во Европа и верувам дека посигурна од кога и да е на европскиот пат. , изјави Еди Рама, премиер на Албанија. Во своето обраќање на пленарна сесија претседателот Пендаровски оценил дека Македонија била меѓу првите земји кои и пружиле на Украина воена и хуманитарна помош 12 пакети во вредност од 60 милиони евра. „Денес од Тирана, мора да ветиме дека и натаму ќе ја пружаме нашата непоколеблива поддршка, се додека не се постигне мировен договор, кој ќе ги одрази аспирациите на украинскиот народ, оцени Пендаровски пред лидерите, кои сепак според информациите биле поделени, но потоа се согласиле околу содржината на декларацијата за Украина, откако биле прифатени сугестиите на Вучиќ. -Сега е декларација со милион вообичаени работи за рускиот напад на Украина, но нема санкции и не се споменуваат санкции. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија. На самитот во Тирана учествуваат и хрватскиот премиер Пленковиќ, црнгороскиот претседател Милатовиќ, и претседателките на Косово и Молдавија Османи и Санду, како и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЧиј бил предлогот Струшките вечери на поезијата да се спои со Центарот за култура во Струга? Чија била идејата Националната установа Струшки вечери на поезијата да се припои кон Центарот за култура „Браќа Миладиновци„ во Струга? Поранешниот министер за култура – Зоран Љутков, во чиј мандат бил поднесен предлогот, а кој вчера од струга беше критикуван и од претседателката, појаснува дека оваа иницијатива била дел од Владината програма за оптимизација на културните установи кои немале доволен капацитет за самостојно функционирање.. Тој тврди дека во случајот претседатлката сиљановска давкова била погрешно брифирана. -Начинот на кој што ова беше пренесено во јавноста е дезинформација. Се работи за оптимизација на установи кои што имаат по неколку вработени и работат по неколку дена во неделата а се во одделен објект, и ова е со цел да работат поефикасно и во поглед на ресурсите, но и да се зајакне стручниот кадар а не само административниот. Предлогот да се фузираат две институции во една дојде од двата директори на НУ Струшки вечери на поезијата. Кога побарав писмено да ја поднесат иницијативата пред предлогот да дојде на Владина седница, тие тоа не го сторија и точката се повлече,- - Зоран Љутков, поранешен министер за култура. Од друга страна директорот на Струшките вечери на поезијата – Никола Кукунеш тврди дека од установата никогаш не поднеле такво барање, бидејќи како што вели, тоа би значело губење на независноста на установата. -Ние не поднесовме такво барање, бидејќи не сакаме установата да ја изгуби својата независност. И во минатото и сега мислам дека покажавме дека оваа установа е важен културен фактор во државата. Иако би сакале во иднина да растеме како установа, засега немаме проблем со ресурсите во функционирањето,- -Никола Кукунеш, директор на НП Струшки вечери на поезијата. Покровителката на Струшките вечери на поезијата – претседателката Гордана Сиљановска Давкова, при вчерашната посета на Струга изрази силно незадоволство од ваквиот предлог, што го оцени како некултурен однос од страна на Министерството за култура. -Страшно е да дојде тоа од некоја институција што не разбира што е култура, ама да дојде од министерство за култура, навистина е за мене целосно неразбирливо. Тогаш веројатно оние во културата не разбираат што е култура,- -Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија. Со оглед на тоа што предлогот не поминал на владината комисија, засега статусот на националната установа Струшки вечери на поезијата не се менува.. инаку, Како културен фестивал Струшките вечери на поезијата се одржуваат веќе 65 години прераснувајќи во меѓународна манифестација на која присуствувале илјадници поети од целиот свет. За животна поетска дејност, од фестивалот се оддава и признание– наградата „Златен венец„ која ја добиле и светски реномирани поети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радарСо растот на водзушниот сообракај и се поголемиот број летови над македонското небо, М-НАВ го надградува системот клучен за управувањето со воздушниот сообраќај. Од денеска во фунција е новиот АТМ систем, кој според директорот на М-НАВ Владимир Ристески треба да донесе поголема автоматизација, подобра презентација на податоците и нови современи алатки за контролорите. Очекувањата се надградениот систем да го намали оперативното оптоварување и да се овозможи поголем број на воздушни операции без компромис во безбедноста. -Една од најважните придобивки од новиот систем е што неговите современи функционалности овозможуваат намалување на оперативното оптоварување на контролорите на летање, т.е. таканаречениот workload на контролорите на летање. Тоа директно влијае врз зголемување на капацитетите на македонскиот воздушен простор, односно врз бројот на воздухоплови кои нашата контрола на летање може безбедно да ги прифати и опслужи во одреден временски период,- Владимир Ристески – директор на М-НАВ. Модернизацијата на М-НАВ, како што посочи Ристески, ќе продолжи и во наредниот период. Планирани се нови системи и за полетно-слетните операции, нови ВОР-навигациски уреди, како и нов систем за побрза размена на воздухопловни пораки со соседните контроли на летање. До октомври се очекува да биде ставен во фукција и новиот радар на скопската контролна кула, кој моментално е во фаза на тестирање. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се осврна на историјата на набавка на АТМ системот и на радарот, посочувајки дека процесот бил заглавен со години од страна на претходното раководство. -Набавката е започната уште во 2014-та година, а договорот е склучен во 2018-та година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018-та до 2024-та година нема никакви активности, со тоа се позанимаваа истражните органи во изминатиот период. Слична е и судбината со радарот. Имено, радарот првпат договорот е потпишан во 2022-рата година, но до 2024-тата година нема никакви активности. Во 2025-тата година новото раководство на М-НАВ започна со активности, градежни активности и сите потребни останати активности за целосна инсталација на новиот радар,- Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт. Во првите шест месеци годинава, како што посочи Николоски, низ македонскиот воздушен простор поминале 173 илјади воздухоплови, од кои 42 илјади биле само во месец јули. Во споредба со истиот период лани, бројот е зголемен за 12,2%. Во однос на позајмицата од 7 милиони евра која М-НАВ ја дало на Јавното претпријатие за државни патишта, Николоски посочи дека станува збор за редовна финансиска операција меѓу јавни претпријатија и дека средствата биле вратени вчера, иако рокот за позајмицата бил до октомври. Тагови: МНАВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедницаВо 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, потврдија лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер и тогашен министер за одбрана Владо Бучковски.Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, потврдија лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер и тогашен министер за одбрана Владо Бучковски на синоќешната панел дискусија што ја организираше ДУИ по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Бучковски со отворен и директен говор изјави дека огромно е значењето на овој договор за македонската демократија и патот до Брисел, но Македонија тогаш според него била спасена од поделба со максималната ангажираност на меѓународната заедница. Лидерот на ДУИ, Ахмети му одговори дека ја сака Македонија исто колку што ја сакаат и Црвенковски и Мицкоски, а во своето обраќање порача и дека секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор, изјави Ахмети. -Вклучувањето на меѓународната заедница, срамежливо покажувањето на првиот предлог на Фровик дека ќе дојде до разоружување, дека потоа треба да има еден сериозен политички процес беше воден од меѓународната заедница на начин кој го приближуваше и Али Ахмети од терорист, екстремист, водач на паравоената ОНА, да се трансформира во лидер на политичка партија, ценејќи го расположението на албанскиот етникум во тој момент...Не беше на почетокот отворен воениот конфликт само за правата на Албанците. Тлееше веројатно, затоа сме разговарале и со г-динот Ахмети, тенденцијата беше дека треба да се освои територија и да се направи обид да се подели Македонија, изјави Бучковски. -Ја сакам Македонија, господине Бучковски, колку што ја сакате и вие, ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука, колку што ја сака Бранко Црвенковски, колку што ја сака Христијан Мицкоски, затоа, подалеку од Охридскиот договор, кој и да се обидува да го уништи албанскиот јазик, да ја уништи правичната и соодветната застапеност…Кога станува збор за прашањето на поделба, да, јас го имав проектот за поделба г-дине Бучковски и го имав одобрено од највисоките власти, но не го прифатив, бидејќи Албанците од Скопје немаше да бидат со мене. Јас ќе бев во Албанија, но Скопје, Куманово, Струга, Кичево, Прилеп, Велес, сите тие би биле надвор од границите на Албанија, изјави Ахмети. Паралелно со настанот на ДУИ, течешеи владиниот настан по повод јубилејот кај Камениот мост во Скопје. Оттаму првиот вицепремиер Беким Сали и министерот за транспорт Александар Николовски испратија пораки дека Охридскиот договор треба да биде пример за градење доверба и соживот кој треба да го чуваат и негуваат идните генерации. Годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор беше одбележана и со свечена седница во Владата, а ден претходно министерството за односи меѓу заедниците организираше и панел дискусија со политичари, експерти, новинари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook