Прва полуфинална вечер на „Евровизија“ - Канал 5

Прва полуфинална вечер на „Евровизија“

Во 21 часот вечерва почнува првото полуфинале на 69. издание на „Евросонг“ во Базел. Настанот е организиран од ЕБУ и Швajцарската радиодифузна корпорација. 

Прва полуфинална вечер на „Евровизија“

Водителки на годинашниот „Евросонг“ ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер.

Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе настапат и претставниците на Италија, Шпанија и Швајцарија.

Во неделата, на 11 мај, претставниците од 37-те земји учеснички на „Евросонг 2025“ го изодеа познатиот тиркизен тепих - којшто оваа година е најдол досега - 1,3 километри.

Пред почетокот на годинашниот музички натпревар, повеќе од 70 поранешни евровизиски натпреварувачи, вклучувајќи ги и победниците, потпишаа отворено писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во кое побараа Израел да биде исфрлен од натпреварот.

- Ја разбираме загриженоста и длабоко вкоренетите мислења околу актуелниот судир на Блискиот Исток. ЕБУ не е имуна на глобалните случувања, но заедно со нашите членови, нашата улога е да обезбедиме натпреварот да остане универзален настан којшто промовира врски, различност и вклученост преку музиката. Сите ние се стремиме да ја одржиме „Евровизија“ позитивна и инклузивна и да му покажеме на светот што би можело да биде, а не нужно она што е, соопшти ЕБУ во одговорот.

Израелската претставничка на „Евровизија“, Јувал Рафаел викендов беше пречекана со демонстрации во Базел поради што израелската телевизија „Кан“ поднесе пријава до тамошната полиција. Рафаел треба да настапи во втората полуфинална вечер в четврток.

Јувал Рафаел, која го преживеала нападот на Хамас врз Израел, победи на израелскиот фестивал „Нова“ за учество на годинашниот „Евросонг“.

Македонската радиотелевизија - МРТВ ќе врши директен пренос.

Реконструиран музејски комплекс во заливот на коските на брегот на Охридското езеро

Саниран е Музејот на вода во заливот на коските кај градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид.

Реконструиран музејски комплекс во заливот на коските на брегот на Охридското езеро

Како што беше истакнато денеска, станува збор за обемен градежен зафат за целосна реставрација на локалитетот, што е еден од најдоходовните објекти од тој вид во Охрид и земјата.

YouTube video

Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица.

Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Кај дел од откупувачите се констатирани одредени неправилности за кои се превземени мерки.

Според кажувањата на земјоделците и откупувачите, оваа година квалитетот на пченицата е значително добар, што претставува позитивен сигнал за земјоделскиот сектор. Поради тоа министерот Трипуновски апелира да се почитуваат договорените одредби, секоја злоупотреба ќе биде санкционирана од Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерот истакна дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се присутни на терен со цел да се спречат евентуални злоупотреби и да се обезбеди транспарентност во процесот на откуп.

„Целта на Министерството е да се вреднува трудот на земјоделците”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека министерството продолжува со активното следење на состојбата и преземање на сите потребни мерки за заштита на интересите на земјоделците.

ЦУК: Активни два пожара – кај дојранското село Николич и ресенското Перово

Само два пожари се активни во моментов, според извештајот на Центарот за управување со кризи до 13 часот.

ЦУК: Активни два пожара – кај дојранското село Николич и ресенското Перово

Евидентирани биле вкупно шест, од кои четири жаришта се под контрола.

YouTube video

притисни ентер