Прва победа во кариерата за Верстапен - Канал 5

Прва победа во кариерата за Верстапен

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е сензационален победник на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Шпанија возена попладнево на патеката „Каталуња“ крај Барселона.

Прва победа во кариерата за Верстапен

18-годишниот Верстапен на најдобар можен начин го искористи инцидентот во кој учествуваа двата болида на Мерцедес при што Луис Хамилтон и Нико Розберг кој стартуваа од првиот ред ја завршија трката уште во првиот круг по меѓусебниот судир.

За Холанѓанецот ова беше прв подиум во 24 трка од Ф1 со што стана најмладиот победник во историјата на Формула 1. До тронот во Барселона тој стигна со време 1:41.40.017 часа.

На второто и третото место завршија возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Во Генералниот пласман и натаму во водство е Нико Розберг со 100 бодови, пред Раиконен со 61 и Хамилтон со 57.

Следната трка во Ф1 е на 29 мај во Монако.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.

Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега.

Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море.

Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска.

Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев.

Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите 

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите – Центарот за управување со кризи го вклучи црвениот аларм откако земјата веќе се денови се наоѓа во портокалова фаза, а високите темепратури се очекува да продолжат и следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер