Прва планинска велосипедска трка „Манданата 2024“ се возеше на Осоговските Планини - Канал 5

Прва планинска велосипедска трка „Манданата 2024“ се возеше на Осоговските Планини

Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани денеска ја организираше првата планинска велосипедска трка „Манданата 2024“, што се одржа во атарот на селото Речани, на падините на Осоговските Планини.

Прва планинска велосипедска трка „Манданата 2024“ се возеше на Осоговските Планини

Настанот беше во чест на македонскиот револуционер од илинденскиот период Стефан Мандалов – Манданата, кој во септември 1903 година загинал на овие простори.

На трката учествуваа стотина велосипедисти од десетина маунтбајк клубови во државата, при што се возеше на две патеки со должина од 26 и 36 километри, со стартно-целна точка во дворот на манастирот „Св. Илија“ во месноста Бочвенец.

-Трката помина без пoголеми роблеми, иако невообичаено високите температури и на оваа надморска височина беа предизвик за учесниците. Од стартот се возеше до месноста Крушка, преку сртот Дл`ги Дел, со спуштање во Бела Река и искачување кон планинското маало Мишино. Овде имаше получасовна пауза за оддавање почест на револуционерот Манданата, учесник во познатата афера Мис Стон од предилинденскиот период, кој загинал на ова место. Во негова чест поставивме и спомен плоча. Трката продолжи кон Ново Село, покрај манастирите „Св. Димитрија“ и „Св. Симеон“ во селото Костин Дол, а на крајот враќање во месноста Бочвенец, истакна Тосе Атанасов, секретар на КПС „Осоговски орел“.

Настанот имаше промотивен карактер, за туристички да се претстави еден помалку познат регион од јужната страна на Осоговијата, а беше поврзан и со денешниот голем црковно-народен собир по повод верскиот празник Света Троица - Духовден што се одржа во Бочвенец.

За сите учесници кои успешно ја завршија трката беа обезбедени признанија, а организаторите најавија дека во план е таа да стане традиционална и да добие меѓународен карактер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка.

Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари.

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија?

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави.

Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите?

Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка.

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Американските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори.

Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран.

Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни.

Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје  и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник.

30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник од спротивниот табор.

Според информациите на Обвинителството, за време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Против осомничениот е поведена постапка за кривично дело насилство и му е одреден притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци, како и да го повтори делото.Тепачката помеѓу навивачките групи на кошаркарските клубови мзт и работнички се случи во саботата околу 19 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер