ЖивотПрва Пакистанка на изборот за Мис Универзум –хаос во државата, премиерот направи скандал(ВИДЕО)Пакистан би можел да ја има својата прва натпреварувачка за Мис Универзум.Ерика Робин (24) победи на минатонеделниот натпревар на Малдиви и со тоа стана кандидатка на нејзината земја за светскиот избор за убавина. Но, владата и верските лидери се незадоволни и прашање е дали оваа девојка ќе учествува на финалниот натпревар организиран во ноември во Ел Салвадор. Конзервативната земја со мнозинско муслиманско население никогаш не учествувала на изборот за Мис Универзум. Поради реакциите на политичарите и верските лидери, прашањето дали Ерика ќе се појави во Ел Салвадор останува целосно отворено, пишува The Independent. View this post on Instagram A post shared by Official Miss Universe Pakistan (@missuniversepakistan) Владата на привремениот премиер Анвар-ул-Хаг Какар побарале од државната разузнавачка агенција да ги истражи организаторите на изборите и да истражи како тие можеле да ги организираат изборите во име на државата Пакистан, без дозвола на владата. Натпреварот на Малдивите го окарактеризира како срамен чин, навреда и искористување на жените во Пакистан. View this post on Instagram A post shared by Official Miss Universe Pakistan (@missuniversepakistan) Агенцијата Yugen Group со седиште во Дубаи го организираше првиот избор за Мис Универзум Пакистан во март, што беше отскочна штица за глобалниот избор за Мис Универзум. Таа ги покани жените во оваа земја да се пријават на тие избори. Оваа агенција има и франшизи за Мис Универзум Бахреин и Мис Универзум Египет. Ерика Робин беше меѓу првите што се пријавила, од сто кандидатки, таа се пласираше во првите 10, а потоа во првите пет. По победата на госпоѓицата која е родена во христијанско семејство, таа го изјави следново: „Почестена сум што сум првата Мис Универзум на Пакистан и сакам да ја истакнам убавината на мојата земја. Имаме прекрасна култура .Пакистанците се многу дарежливи, љубезни и гостопримливи.Би сакала да ги поканам сите да ја посетат мојата земја и да го искусат раскошот на пакистанската кујна и да ја истражат нашата волшебна природа, нашите снежни планини, нашето зеленило и нашите пејзажи“. View this post on Instagram A post shared by Erica Robin (@ericarobin_official) Националниот директор на Мис Универзум Пакистан и основач на групата Југен изјави за The National: „Сакаме да го локализираме нашиот пристап без да ја менуваме динамиката на брендот Мис Универзум. Ќе продолжиме да прикажуваме жени од Пакистан кои се прекрасно самоуверени и кои отелотворуваат приказни за соништата што се претвораат во реалност.“. Тој истакна дека стотици Пакистанки се пријавиле за Мис Универзум Пакистан. Југен Груп во март објави дека ги добиле правата да ги организираат изборите. На официјалната веб-страница на Мис Универзум пишува дека жените кои учествуваат на оваа меѓународна платформа се инспиративни лидери и пример за нивните заедници и обожаватели ширум светот. Петмина финалистки беа избрани претходно оваа година, од цел Пакистан. Покрај Робин, учествувале и Хира Иман, Џесика Вилсон, Малика Алви со американско потекло и Сабрина Вазим. Агенцијата го рече следново за Ерика Робин: „И покрај предизвиците со оглед на тоа што таа припаѓа на малцинска група во земјата, таа работи толку напорно за да стане најдобрата верзија од себе. Таа сака да иницира позитивни промени во Пакистан и исто така сака да истакне разновидна заедница на земјата." Тие рекоа дека Ерика сака да помогне во образованието и зајакнувањето на жените и да ги охрабри девојчињата во Пакистан да ги следат нивните соништа. Натпреварот за Мис Универзум Пакистан бил емитуван во живо на 14 септември на каналите на YouTube за Мис Универзум. Победата на Ерика Робин некои ја прославија, но повеќето негодуваа. Новинарот Ансар Абаси на Твитер напиша: „Кој дозволи пет пакистански девојки да го претставуваат Пакистан на изборот за убавина Мис Универзум? Или за тоа одлучил премиерот Анвар-ул Хаг Какар или оваа одлука ја донел еден од членовите на неговиот кабинет или советниците? Тој се прашувал дали некој може да го претставува Пакистан без одобрение од владата. Пакистанскиот министер за информации и медиуми Муртаза Соланги на Твитер напиша: „Владата и државата Пакистан се претставени од државни и владини институции. Нашата влада не назначи ниту едно недржавно и невладино лице или институција за каква било активност и такво лице/институција не може да ја претставува државата/владата.Крај“. Мис Ерика Робин дипломирала бизнис администрација, а пред три години започнала професионална кариера во манекенството. Таа се појави во неколку списанија вклучувајќи го и магазинот Дива. Таа неодамна за Гласот на Америка изјави дека чувствува голема одговорност и смета дека тоа ќе биде прв пат Пакистан да има учесничка на споменатиот избор за убавина. „Нема да направам ништо за да му наштетам на угледот на земјата“, изјавила таа. Исламскиот лидер од Пакистан, Таги Усмани, побарал владата да преземе мерки против организаторите на изборите и да ја отфрли идејата дека Робин го претставува Пакистан. Иако нема законски ограничувања за учество на натпревари за убавина, некои во Пакистан веруваат дека кодексот на облекување на овие избори е спротивен на исламот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00