ТенисПрва Мастерс титула за Изнер Американецот Џон Изнер го освои својот прв трофеј на еден турнир од Мастсерс 1000 серијата, откако синоќа во финалето во Мајами, САД, го совлада Александар Зверев од Германија со 2-1. Германскиот тенисер го доби првиот сет на тај-брејк 7:6 (7:4), а потоа Изнер беше подобар, двапати со по 6:4. На тој начин Изнер по три загубени Мастерс финалиња, конечно стигна до трофејот. Претходно финале играше во 2012 (Индијан Велс), 2015 (Синсинати) и 2016 (Париз). Зверев остана на два Мастерс трофеја. Во женска конкуренција најдобра на Мастерсот во Мајами беше американската тенисерка Слоан Стивенс. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
МакедонијаМОН: Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ Презентирани резултатите од проектот на ИСППИ - „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“.Со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања спроведе проект „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, а резултатите од истиот беа презентирани денес на научна конференција, на која се обрати и државниот секретар во МОН, Елена Ивановска. Ивановска посочи дека станува збор за еден од 50те проекти кои беа поддржани од министерството минатата година со вкупен буџет од над 6 милиони евра, преку Конкурсот за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети/факултети, научни институти и МАНУ. Нагласи дека истиот отвора значајни прашања за младите, образованието и општеството. „Проектот се спроведува во вистинско време, ера во која врсничкото насилство е голем општествен предизвик. Оваа негативна појава не е во подем по бројноста на сторените дела, туку по степенот на бруталноста која ја покажуваат дел од младите и апатијата која ја покажува друг дел од младата популација. Истражувањето ќе даде теоретски одговори на одредени аспекти на комплексниот предизвик. Но, резултатите ќе имаат вистинско значење само доколку помогнат да се развијат пристапи што ќе можат да се применуваат во реалниот образовен контекст, а јас верувам дека ќе биде така“, рече Ивановска, додавајќи дека овој проект е можност за понатамошно јакнење на врската меѓу науката и образовниот систем. Упати честитки до истражувачкиот тим и на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања за успешно реализираниот проект, порачувајќи дека инвестицијата во науката е инвестиција во знаењето, а инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на општеството. Кога овие две инвестиции ќе се поврзат со институционална соработка и со практична примена, нивната вредност е уште поголема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Шоу бизВидео-фото: Таа стана „лек“ за мажите во огнен комбинезон: „Доаѓам право пред твојата врата“Во нова, малку провокативна кампања за здравствената компанија „Ro“, една од најубавите актерки во Холивуд, Меган Фокс го претставува „Ro Sparks“ – нивниот лек на рецепт за третман на еректилна дисфункција. „Лично, мислам дека можеби сум родена за ова. Не постои подобра личност што можеше да биде дел од ова“, изјави Фокс (40) за магазинот „People“. „Зошто дополнително да се усложнува нешто што и онака е сериозна тема? Веќе делува сериозно, па затоа – нека биде забавно“, вели таа. View this post on Instagram A post shared by Ro Sparks (@ro.sparks) „Ro Sparks“ е комбиниран третман „два во еден“ за еректилна дисфункција, кој ги содржи состојките силденафил и тадалафил. Иако двете состојки се одобрени од американската Управа за храна и лекови (FDA), самиот комбиниран лек не е одобрен од оваа агенција. Според компанијата Ro, третманот се раствора под јазикот, почнува да делува во просек за околу 15 минути и може да остане активен до 36 часа, пренесува „Пипл“ (People). Во рекламата, која се емитува на телевизија додека кампањата е присутна и на Тајмс Сквер, се појавува Фокс во црвен, тесен комбинезон со логото на „Ро Спаркс“ (Roe Sparks). Како персонификација на лекот, таа зборува за производот преку низа двосмислени и сугестивни пораки. „Ако ти го препишат, ќе се појавам директно пред твојата врата“, вели Фокс со заводлива насмевка во рекламата. „Не грижи се, моето пакување е многу дискретно.“ Фокс вели дека хуморот во кампањата не е тука само за да го направи снимањето позабавно. Со пристапувањето кон еректилната дисфункција на лежерен начин, таа се надева дека рекламата ќе помогне да се надмине дел од срамот што ја придружува оваа состојба и ќе ги охрабри мажите отворено да зборуваат за неа.Тагови: Меган Фокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо недела изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратонВо недела од 06:00 до 14:00 часот дел од улиците и булеварите во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници.Скопје во недела, 4 октомври, ќе биде во знакот на 22. Виз Ер Скопскиот маратон, поради што дел од улиците и булеварите во градот ќе бидат затворени за сообраќај. Од 06:00 до 14:00 часот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници. Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром. Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, односно потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ. Во Аеродром, со посебен сообраќаен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“. На посочените сообраќајници возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на униформираните полициски службеници на терен. Организаторите ги замолуваат граѓаните за разбирање поради привремениот сообраќаен режим и ги повикуваат навреме да го испланираат своето движење во недела, со избор на алтернативни сообраќајни правци каде што е потребно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook