МакедонијаПрва јавна дебата за воведувањето полиграфско тестирање на цариницитеЗапочна јавна дебата за предлогот за воведување на полиграфско тестирање на цариниците и граничните полицајци за справување со корупцијата на граничните премини.На дебатата своите аргументи ги вркстија претставници на релевантни институции, професори, експерти, полиграфисти. Најголем дел од присутните го поздравија проекот, а како клучен фактор за пораст на корупцијата на граничните премини но и низ целата држава беше истакнато политичкото влијание. - Вработувањата на лицата кои што работат на граничните премини оди преку партиски пазарења. Силно го подржувам овој проект затоа што сметам не само што нема да предизвика трошок туку дополнително ќе доведе до зголемување на приходите во државниот буџет. - Билјана Ивановска-поранешен претседател на Антикорупциската комисија. - Полиграфот како инструмент за овој сегмент за контрола ако не бил досега применет и јас се слагам да се примени. На полиграф кај нас треба да се стават овие двајцата прво Ковачевски, ова не е сакразам, ни иронија демагогија и Али Ахмети. - Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии Според националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров оваа стратегија треба да се примени што поскоро бидејки корупцијата на премините нанесува огромна штета врз економијата и националната безбедност на државата. По собраните мислења од дебатата, Пивоваров најави дека до средина на април ќе биде поднесен извештај до Владата со предлог за измена на Законот за гранично управување. - Најмалку еднаш годишно секое лице кое работи на ризично работно место да биде подложено на полиграфирање. Посебна институција да се формира под капата на Собрание. Тоа се експерти со лиценци врз кои нема да може никој да врши влијание, затоа ќе треба за оваа институција да биде донесен посебен Закон и се надевам тоа да биде направено час поскоро. Ќе предложиме и полиграфистот во одреден временски период да биде подвргнат на полиграф.- Пивоваров. Присутните полиграфисти информираа дека според нивните последни извештаи точноста на резултатите од полиграфските тестови е од 92 до 97%. Пивоваров објаснува дека доколку некој службеник не го помине полиграфот, тој веднаш би бил отрстратен од работното место, а натамошната истрага ќе ја спроведува јавниот обвинител. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБесплатни униформи за 7.500 ученици во Општина АеродромОпштина Аеродром и оваа учебна година обезбеди 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците од основните училишта на територијата на општината. Униформите до 20 септември ќе бидат поделени во сите основни училишта.Со обезбедувањето на бесплатните униформи, Општина Аеродром продолжува да создава еднакви услови за сите ученици, а воедно им овозможува и значителна поддршка на семејствата при почетокот на новата учебна година. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што на учениците им ги додели бесплатните училишни униформи. Униформите за секој ученик се состојат од две поло-маички, две блузи со долги ракави и еден дуксер, со што се обезбедува комплетна гардероба за потребите на учениците во текот на учебната година. Проектот е дел од континуираните активности на Општина Аеродром насочени кон унапредување на условите во основните училишта и создавање современа, уредна и еднаква училишна средина за сите деца. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЖивотСекој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот просторСекој петти адолесцент во светот бил изложен на сексуално вознемирување и злоупотреба во дигиталниот простор во текот на изминатата година, потврдува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ спроведен во 21 земја.Овие загрижувачки наоди покажуваат дека интернетот сè повеќе станува небезбедна средина за најмладите, а посебно предупредување упатува фактот што сторителите на ваквите дела во голем број случаи не се непознати профили, туку лица од нивното непосредно или пошироко опкружување. За родителите и семејствата ваквите податоци значат итен повик за будност и преиспитување на дигиталните навики во домот. Експертите укажуваат дека алгоритмите на популарните социјални мрежи системски го задржуваат вниманието на малолетниците, вовлекувајќи ги во појавата позната како „думскролинг“, односно непрекинато следење на вознемирувачки содржини што директно го зголемува ризикот од тешки психолошки состојби, анксиозност и депресија.Тагови: адолесцент Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долгСе потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг. Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации. Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП. Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери. Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари. Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра. Од повеќе пари народот не добива ништо. Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите. Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените. Ништо нема за народот, само нови долгови. Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00