СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за Мицкоски
1СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за Мицкоски
КултураПрва историска турнеја на Филхармонија во ИзраелФилхармонија во периодот од 1 до 6 октомври за првпат ќе гостува во Израел, земјата во која се прелеваат музичките влијанија од целиот свет.-Меѓународните претставувања од секогаш биле важен сегмент од историскиот континуитет на нашата институција која годинава слави 75 години од основањето, тие се важен сегмент од растот и развојот на нашиот оркестар кој секогаш на достоен начин ја претставувал нашата земја ширум светот. Така беше и на последната турнеја која ја реализиравме во Кина, очекуваме со ист жар, интензитет и врвна изведба да се претставиме и во Израел – вели Виктор Илиески, директор на Филхармонија Пред израелската публика Филхармонија ќе се претстави со три концерти – во градовите Ерусалим, Ришон Ле Цион и Од Хашарон. Оркестарот на филхармонија ќе настапи на две фантастични сцени – во Ерусалим во познатата сала „Хенри Краун“, матична сцена на Ерусалим симфони оркестра и во Ришон Ле Цион во близина на Тел Авив на матичната сала на Израелскиот симфонски оркестар. -Ќе имаме уште еден концерт на отворено во градот Од Хашарон, очекуваме одлични концерти во трите града – вели Илиески. Концертите ќе ги води маестро Јерухам Шаровски со кого Филхармонија има одлична соработка, а како солистка ќе настапи виртуозната израелска виолончелистка Даниеле Акта. -Невообичаен беше начинот на кој ја договоривме оваа турнеја, за релативно кусо време успеавме да ги договориме трите концерти на Филхармонија во Израел. Тоа е толку нетипично за мојата земја во која неколку години однапред се договараат сите гостувања. Но моето искуство говори дека најдобрите гостувања се реализирале токму на истиот начин како што ја договоривме оваа турнеја – вели маестро Јерухам Шаровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за МицкоскиДодека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари.Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти. За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните фрижидери и во празните паричници. Просечната платата за еден месец паднала за 1.163 денари, минималната плата од 26.000 денари не е доволна ниту за третина од потрошувачката кошничка која порасна на 70.000 денари. Високите цени секојдневно ги празнат семејните буџети. Тоа е вистинската слика за „третата економија во Европа“ на Мицкоски. Веселата математика на Мицкоски не може да ја плати сметката на ниту едно семејство. Помала плата. Поскап живот. Празни џебови и празни фрижидери. Но ајде да зборуваме за убави работи – доаѓа нов авион за Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВетер ги носи пластичните лежалки низ плажата на Раб (ВИДЕО)Силна бура вчера го погоди Раб. Пожарникарите во Раб имаа бројни интервенции, од испумпување вода од згради и спасување чамци до поправка на покриви, а интервенираа и во градинката „Пахуљица“, каде што водата се закануваше да навлезе во внатрешноста.Првите повици за помош почнаа да пристигнуваат непосредно пред 13 часот, по што речиси сите расположиви сили излегоа на терен, пишува порталот Раб Данас. Командирот на Доброволното противпожарно друштво Раб, Миливој Личина, рече дека двете противпожарни служби од островот реагирале веднаш. „Интервенциите се однесуваа на испумпување вода од јавни згради и семејни домови, спасување чамци од тонење, поправка на урнат столб од телекомуникациската мрежа, миење на јавни површини од наслаги од кал и испитување на урнати ѕидови“, рече Личина, опишувајќи го обемот на бурата. Најголемата штета во Лопар Фиуман објави видео на кое се гледа како ветерот носи пластични лежалки низ песочна плажа. Погледнете го видеото: Во најинтензивниот дел од интервенциите, истовремено беа ангажирани пет екипи од Противпожарната служба на Раб и целата противпожарна служба на Лопар. Најголема материјална штета е забележана во Лопар. Локалната Противпожарна служба на Раб, со помош на возило за работа на висина од Противпожарната служба на Раб, ги поправи покривите на две семејни куќи. Работата на пожарникарите беше дополнително отежната од многу неповолните временски услови, според порталот Раб Данас. Поради големата количина на дожд, вода се насобра во атриумот на градинката „Пахуљица“ и во детското игралиште. Постоеше ризик водата да навлезе во внатрешноста на градинката и да предизвика голема материјална штета. По повикот од градинката, екипите на Противпожарната служба на Раб брзо пристигнаа на местото на настанот и ја испумпаа и отстранија насобраната вода. Раководството на градинката им се заблагодари на пожарникарите за нивната брза интервенција.Тагови: невреме Раб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Tai 9“: Огромен хибриден теренец со два електрични моториКинеските производители продолжуваат да ги зголемуваат своите теренски модели, а брендот „Fangchengbao“ на „BYD“ добива нов луксузен модел, „Tai 9“.Станува збор за голем теренец со три реда седишта, кој комбинира робустен дизајн со напреден хибриден погон. „Tai 9“ користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 150 КС (110 kW), кој служи исклучиво како генератор на електрична енергија, додека два електрични мотори од по 272 КС (200 kW) обезбедуваат енергија. Енергијата се складира во голема батерија со капацитет од 66,5 kWh. Вкупната комбинирана моќност на електричниот погонски систем сè уште не е објавена, но се знае дека „Tai 9“ може да помине 310 километри на електрична енергија. Возилото ја поддржува и технологијата „Flash Charging“ на „BYD“ со моќност до 1.500 kW. Поголем од „BMW X7“ „Tai 9“ е долг 5,27 метри, широк речиси 2 метри и висок 1,85 метри, со меѓуоскино растојание од 3,13 метри. Ова го прави подолг од „BMW X7“ и „Mercedes GLS“, а неговите димензии се слични на огромниот, исто така кинески модел „Zeekr 9X“. Дизајнот комбинира луксуз и робусност. На предниот дел има „LED“ светлосна лента, квадратни браници, странични скали за полесно влегување на патниците, багажници на покривот и висок клиренс. На задниот дел се издвојуваат светлата во облик на Т. Кабината сè уште не е официјално прикажана, но потврдена е конфигурацијата 2+2+2, со шест седишта. Се очекува дигитална инструмент табла и голем екран што комбинира мултимедија и екран за патникот. Извор: Б92Тагови: теренец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter