Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
КултураПрв уличен форум во Скопје „Мој град, мој печат“ Активисти, графити уметници, водители, музичари, како и урбани ликови од главниот град во непосредна атмосфера ќе дискутираат денеска во Градскиот парк во Скопје на првиот уличен форум „Мој печат, мој град“.Форумот е во организација на асоцијацијата за едукација „Младиинфо Интернационал“, во соработка со Скопје Стрит Фестивал. Идејата на настанот е преку лични приказни да се спојат урбаното живеење, солидарноста и уметноста во едно и за тоа како Скопје да го направиме поурбан град каде што ќе се вреднуваат солидарноста и уметноста. Форумот е замислен во три делови. Во првиот дел музичарите Пеце од Суперхикс и ЛД Пистолеро, како и водителите Зорица Црношија, Ана Трпеска и Маја Казакова ќе зборуваат како го доживуваат Скопје. Потоа следи главна дискусија во која Ермал Криезу како претставник на графити уметниците, Дарко Арсовски од иницијативата „На точак“ и Даниела Стојановска-Џинговскана од Здружението на студенти и младинци со хендикеп ќе дебатираат колку градот и граѓаните се солидарни и како да се унапреди солидарноста во урбано Скопје. Стрит Форумот е дел од иницијативата за Прославување на солидарноста, проект поддржан од програмата Европа за граѓаните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспехДодека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и развој на економијата.Инвестиициите и извозот го движат растот. Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Во вториот квартал од 2026 година бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10, 4 проценти. Градежнишвото бележи раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и се стреми кон одржлив економски раст кој создава нова вредност. Tокму поради тоа економската политика и понатаму ќе биде насоченa кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите и подобрување на конкурентоста на македонската економија. Додека СДС се радува на секоја лоша вест и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на нови проекти, привлекување на нови странски инвестиции, повеќе капитални проекти, поголем извоз, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИнцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)Воениот персонал случајно активирал надувувачки тобоган за евакуација во претседателскиот авион непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да се качи во авионот и да се упати кон Далас за Националната конвенција на Републиканците.Неговото заминување беше одложено, изјави денес извор запознаен со ситуацијата. Изворот изјави за „NBC“ дека инцидентот го натерал Трамп да остане во хеликоптерот неколку минути, наместо веднаш да излезе од претседателскиот хеликоптер за да се качи во авионот, како што обично прави. Трамп на крајот искочил на пистата додека службениците го проверувале тобоганот, по што им рекол на новинарите дека само „го проверуваат тобоганот“ и дека нема безбедносни проблеми. What if the plane you were about to board had a mind of its own?#AirForceOne #Trump #Military #Boeing #Malfunction #BreakingNewsUSA pic.twitter.com/efqdbeZo2n — JQJO USA Politics English (@teamjqjo) September 10, 2026 „Не, го провериле порано и само сакале да се уверат. Сакаат да се осигурат дека сè работи совршено“, рече Трамп. Кога го прашале дали верува дека авионот е безбеден за лет, Трамп одговорил: „Да, инаку не би бил во него“. Авионот слета безбедно во Далас, неколку часа подоцна од очекуваното. Американскиот претседателски авион беше подарок од катарското кралско семејство, кое минатата година му подари на Трамп суперлуксузен џамбо џет авион Боинг 747-8.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избориПокрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години - како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра. Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра. Сè ова заради лично богатење и останување на власт. Мицкоски дал налог за нови задолжувања. Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори - преку криминални тендери. Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите. Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори. Се спомнува пролет - како веќе договорен термин со ДУИ. Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами. Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови. Статистиката повеќе не му поминува. Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници. Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо - наскоро. Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“. Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“. Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа. Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт. По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор - Вучиќ. Мицкоски е прочитан. Народот не е наивен. Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро. Доаѓа пролет. А тогаш сè се менува. Граѓаните тоа веќе го знаат. Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација. Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter